Кратко и јасно ќе напишам за улогата на масоните во светот.
Постовите за да не ги пишувам пак ќе ги копирам од друг форум.
Некои мислат дека масоните се политички настроени и ја водат политиката на таен начин во една држава, некои мислат дека се обична организација, секта која е вид на нова религија.
Али масоните се група луѓе која ја ценат духовната вредност кај една човек. Тие се финансиски, духовно стабилни луѓе кои задачата е да помагаат на другите кои им е потребна помош. Нивната помош ја пружат тајно, не прават рекламации бидејќи ќе се изгуби дел од вредноста на одредената помош.
Еден масон мора да знае дека порано бил никој и ништо, и кога му е потребна на некого помош тој да се потцети дека бил ист како него и сега негов ред е да помогне. Масоните не се самобендисани, не си даваат важност, туку со нивниот постигнат успех помагаат максимум на тие што и е потребна помош. За нивните задачи кои ги имаат како членови на масоните има посебни рутали кои се прават при влегување на секој нов член во организацијата, нормално не се јавни и нема да се говори за нив.
Масоните се еден вид приватен клуб, братство. За човек да стане член на масоните мора да покаже интерес и сам да се пријави, најдобар начин да покажеш интерес дека сакаш да членуваш во таа организација е да познаваш човек кој веќе е масон. Масон не смее да дава покани на човек, на тој начин може да го изгуби своето членство.
Од како човек ќе се пријави за членство во овој приватен клуб, масоните формираат комисија која ќе го следи на еден начин кандидатот, односно се прават средби со неговата фамилија, се прават разговори со кандидатот од одредени теми, да се видат неговите ставови дали се поклопуваат со ставовите на масоните, бидејќи сепак тоа е група на истомисленици.
Еве некои други критериуми за членство.
- Да се биде маж, над 21 година (само некои јурисдикции бараат 18, а многу многу ретко условот е 25, зависи од земјата во која се наоѓаш).
- Неосудуван и да не си моментално под никаква истрага
- Да веруваш во Виша Сила (Supreme Being), без разлика на која религија припаѓаш - мора да веруваш во Бог (онака како што ти си го дефинираш за себе)
- Да веруваш дека добрите дела се наградени, а грешните казнети (од Бог, односно од таа Виша Сила).
Значи во секоја држава си има голема масонска ложа, таа масонска ложа е поделена на локални масонски ложи. Масонските ложи имаат свој мајстор на ложата кој неговиот мандат трае една година, а неговото бирање се прави преку гласање на самите членови во братството. Кога на некој мајстор му измине мандатот тој станува passt master и тој е еден вид советник на наредниот мајстор на ложата.
Реков претходно дека државата има голема ложа која е поделена на локални ложи, е сега таа главна ложа има пак главен мајстор кои мандатот му трае две години, тој може да биде избран повторно за голем мајстор, но по неколку мандати на други големи мајстори не може пак да биде избран.
Масонскиот мајстор не може да ти нареди нешто да правиш, но може да посочи за тоа што го правиш не е масонско или е масонско, значи мајсторот не е лидер и да наредува, тој е еднаков со сите, али има право да одредува чива постапка е во право, а чива не е, има право да интервенира кога во некоја локална ложа има проблем.