Еве што велат некои од сведоштвата за ѕверствата на Србите врз Македонците:
Само поради тоа што едно 12-годишно девојче си прозборело со својата другарка на мајчин јазик, наместо на српски, било крвнички претепано од страна на српскиот учител. Бдеејќи над малото девојче коешто пиштело од болки, нејзиниот татко раскажувал за теророт што го спроведувале Србите: "Гледате ли како се однесуваат со нашите деца?! Тоа што им го прават на децата, им го прават на сите други. Ако една Македонка влезе во полициското биро или во жандармеријата, ја пречекуваат како проститутка; ако еден трговец, Македонец, којшто дал кредит на српски чиновник, но не си ги добил парите назад се побуни за тоа, наместо правда ќе добие казна...; постојано не шпиунираат, ни ги отвораат писмата, ни ги распрашуваат децата на училиште што и како се случува во нивниот дом... ; не смееме дури од едно село во друго да појдеме без дозвола од српските власти. Но, никогаш нашиот народ, којшто живее во мизерија и солзи не бил толку верен на Македонија како што е сега. Кога ќе дојде денот да им се одмаздиме на Србите за нивните ѕверства, нашата одмазда ќе биде толку безмилосна, како што е безмилосна Божјата казна врз грешник!"