Денес Грците ретерираа со ставот дека ќе стават вето за влез на Македонија во НАТО и ЕУ,можеби Вујче СЕМ им подшепнал нешто ама како што го разбрав Кумуцакис Грција воопшто немало да прави никакви пречки за интеграција на земјава во ЕУ и НАТО затоа што преку ноќ сватила дека со тоа практично се изолира самата себе.Абе господ да чува и да брани се ова Грциве,токму кога најмалку очекуваш тие се разбудуваат "тријат очи" и гледаат дека жената "се бори" со поштарот на маса,како оној Гркот од "Поштарот ѕвони два пати" со Џесика Ланг и Џек Николсон,кога разбра дека жената го лаже,веќе му беше доцна па си го однесе "кутриот".