@Flava
Знам дека како симпатизер на СДСМ те боли она што се вика борба против криминал, па макар била и селективна, за кое пишувавме на една друга тема. Ама...секој кој земал мито треба да се казни. Знаеш, ужасно ме нервира кога на граница цариниците серат за една штека цигари, литро виски, или некоја таква ситница, а некој ќе му лупне 200-300 евра и ќе пренесе шлепер. Е сега, апсат само „ваши“...исто како што и „вашите“ апсеа „нивни“...И ќе зборувате за тоа со право.
Правдата е слепа само на муабет и во теоријата. Во праксата правдата е на страната на оној кој фатил добар адвокат и кому му текнало да приложи подобри докази.
Правото, правдата и правичноста се три различни категории.
@asterix-m
Не би зборувал премногу, ама срамота е да се радуваме на тоа на што се радуваме, имајќи предвид каде одитоа оние околу нас, на пр. Бугарија, на која во 1995 и дававме жито, оти ќе умреа за леб, зејтин им носевме на роднините од тука таму, 1997 ќе им се случеше распад на државниот систем...А сега, сега се светлосни години напред. А ние...тапкаме во место, благодарение на СДСМ и ДПМНЕ и оние кои сеуште ги поддржуваат и упорно гласат за нив, наместо да излезе овој народ и да ја испоубие сета таа багра која не донесе на ова дереџе.