Дали се припрема јавноста за лоши вести од НАТО и ЕУ

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Многу е нереално и необјективно да не се смета за успех кандидатскиот статус на Македонија, а да се сметаат за успех разноразни приведувања за мито од 5, 100 или 200 евра. :toe:
или перцепција на корупција (не намалена корупција)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Многу е нереално и необјективно да не се смета за успех кандидатскиот статус на Македонија, а да се сметаат за успех разноразни приведувања за мито од 5, 100 или 200 евра. :toe:
Ние правниците и тоа го сметаме за мито, а не само милионските суми мито.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
СДСМ убаво се сеќавам, не рече дека тоа е нивна заслуга (кандидатскиот статус), туку заслуга на сите.

Btw, и Албанија има аплицирано за влез во ЕУ ама тоа не значи како што некои мислат, добивање кандидатски статус!? Тоа е знак од ЕУ дека сме биле на добар пат. Ако не го добиевме што ќе значеше тоа? Сеедно ќе ви беше или ќе ги кривевте СДСМ дека ете, не биле способни да ја направат Македонија земја кандидат?

Па нешто што не представува никаков успех јас не можам да го прифатам како моја заслуга,а за земјите кандидати можете да прочитате малку погоре што би значело тоа за Норвешка или Швајцарија кој не се кандидати ама сигурно за буквално "саат време" би биле примени во ЕУ доколку изразат желба.:)
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Па нешто што не представува никаков успех јас не можам да го прифатам како моја заслуга,а за земјите кандидати можете да прочитате малку погоре што би значело тоа за Норвешка или Швајцарија кој не се кандидати ама сигурно за буквално "саат време" би биле примени во ЕУ доколку изразат желба.:)
Види ние да сме напредни како Швицарска или Норвешка, неби ни сакале да сме во ЕУ, нема потреба, ама кога сме на факинг балкан нема чаре.

Струмикс напиша:
Значи луѓе, на толку ниско ниво сме дојдени што чистите формалности ни се успеси.
па кога нема на друго што да се радуваме и тоа е за радост односно почит.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
@ ABC
Македонија ја нема нафтата на Норвешка, биди реален.

@ Струмикс
Мито си е мито, ама не е споредливо едно со друго. А вие правниците исто така, добро знаете дека понекогаш, правдата е слепа. :smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
@Flava
Знам дека како симпатизер на СДСМ те боли она што се вика борба против криминал, па макар била и селективна, за кое пишувавме на една друга тема. Ама...секој кој земал мито треба да се казни. Знаеш, ужасно ме нервира кога на граница цариниците серат за една штека цигари, литро виски, или некоја таква ситница, а некој ќе му лупне 200-300 евра и ќе пренесе шлепер. Е сега, апсат само „ваши“...исто како што и „вашите“ апсеа „нивни“...И ќе зборувате за тоа со право.
Правдата е слепа само на муабет и во теоријата. Во праксата правдата е на страната на оној кој фатил добар адвокат и кому му текнало да приложи подобри докази.
Правото, правдата и правичноста се три различни категории.
@asterix-m
Не би зборувал премногу, ама срамота е да се радуваме на тоа на што се радуваме, имајќи предвид каде одитоа оние околу нас, на пр. Бугарија, на која во 1995 и дававме жито, оти ќе умреа за леб, зејтин им носевме на роднините од тука таму, 1997 ќе им се случеше распад на државниот систем...А сега, сега се светлосни години напред. А ние...тапкаме во место, благодарение на СДСМ и ДПМНЕ и оние кои сеуште ги поддржуваат и упорно гласат за нив, наместо да излезе овој народ и да ја испоубие сета таа багра која не донесе на ова дереџе.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
@Flava
Знам дека како симпатизер на СДСМ те боли она што се вика борба против криминал, па макар била и селективна, за кое пишувавме на една друга тема. Ама...секој кој земал мито треба да се казни. Знаеш, ужасно ме нервира кога на граница цариниците серат за една штека цигари, литро виски, или некоја таква ситница, а некој ќе му лупне 200-300 евра и ќе пренесе шлепер. Е сега, апсат само „ваши“...исто како што и „вашите“ апсеа „нивни“...И ќе зборувате за тоа со право.
Правдата е слепа само на муабет и во теоријата. Во праксата правдата е на страната на оној кој фатил добар адвокат и кому му текнало да приложи подобри докази.
Правото, правдата и правичноста се три различни категории.
Се е тоа така како што го кажуваш, мито е и едно бомбинче, ама се апсат полицајци за 10 евра, а милионите, шлеперите на големите играчи пак фрчат низ граница. Е тука е проблемот, оној суштинскиот а не маркетиншкиот.
Значи ако некоја влада сака да ја направи оваа земја Европска треба најпрвин да ги заузда своите, па потоа и оние другите ке се запрашат дали криминалот се исплатува.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Види ние да сме напредни како Швицарска или Норвешка, неби ни сакале да сме во ЕУ, нема потреба, ама кога сме на факинг балкан нема чаре.

па кога нема на друго што да се радуваме и тоа е за радост односно почит.
@ ABC
Македонија ја нема нафтата на Норвешка, биди реален.

@ Струмикс
Мито си е мито, ама не е споредливо едно со друго. А вие правниците исто така, добро знаете дека понекогаш, правдата е слепа. :smir:
Па ние сме и де-факто во Европа ама не сме де-јуре,што нажалост за нас представува огромна разлика а политичарите се тие кој го кочат влезот и де-јуре во ЕУ,сепак тоа не значи дека треба да се радуваме на секое нивно попуштање со што барем малку би се приближиле и де-јуре во унијата.
Точно дека Македонија ја нема нафтата како Норвешка ама Норвешка го нема мермерот како Македонија на пример,кубик мермер од Прилеп чини 10 000 евра на светскиот пазар,работата е во тоа дали имаме политичари кој знаат добро да го продадат она што го имаме а не да го дадат без пари односно само за мали провизии во своите џебови.:)
 
Скраја да е ако политичарите треба да продаваат.

Владата треба да створи стратегија, се она што е од интерс на Македонија, што ќе носи девизи треба да го подржува ама не пред избори туку континуирано, а до сега ниту една Влада не се покажала во тоа светло
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
@Flava
Знам дека како симпатизер на СДСМ те боли она што се вика борба против криминал, па макар била и селективна, за кое пишувавме на една друга тема. Ама...секој кој земал мито треба да се казни. Знаеш, ужасно ме нервира кога на граница цариниците серат за една штека цигари, литро виски, или некоја таква ситница, а некој ќе му лупне 200-300 евра и ќе пренесе шлепер. Е сега, апсат само „ваши“...исто како што и „вашите“ апсеа „нивни“...И ќе зборувате за тоа со право.
Правдата е слепа само на муабет и во теоријата. Во праксата правдата е на страната на оној кој фатил добар адвокат и кому му текнало да приложи подобри докази.
Правото, правдата и правичноста се три различни категории.
Ај те молам едитирај си го постот пошо нејкам погрешни информации од типот - симпатизер на СДСМ или апсење на "моите" или ме боли пошо ДПМНЕ се борело против криминал. Последново е на некој начин и навреда али ај... Тоа може да го боли само криминалец! Не знам веќе колку пати треба да ви повторам дека не сакам да ме оквалификува никој никако, а посебно не неточно!

А дека правдата е слепа, е слепа. Има милион примери за тоа. Ти треба да ги знаеш барем.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Скраја да е ако политичарите треба да продаваат.

Владата треба да створи стратегија, се она што е од интерс на Македонија, што ќе носи девизи треба да го подржува ама не пред избори туку континуирано, а до сега ниту една Влада не се покажала во тоа светло
Tокму тука и ми беше поентата,одредени политичари не сакаат Македонија да ја видат ниту во НАТО ниту во ЕУ и само лицемерно се залагаат за тоа пред се од причини што со самиот влез во овие институции нивната заработка нагло би станала толку мала што ќе го изгубат и интересот да бидат политичари,впрочем ќе си останат во Швајцарија,Белгија,САД или на друго место од каде си дојдоа да ни продаваат "бубрези за мадиња" наводно оти имале голема "домосаканост".
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Постот не си го едитирам, бидејќи некои работи се очигледни. Јас не те квалификувам како таква, туку тоа го правиш самата, преку своите постови. И, тоа не е никаква навреда. Нема ништо лошо во членување или симпатизирање на определена партија, иако за мене оние слепите партиски војници не се на ниво на луѓе, туку јас, ги почитувам оние членови кои знаат да искритикуваат, се разбира позитивно и конструктивно, најпрвин во својот двор, да ги согледаат грешките и да се борат за нивно исправање, а потоа и грешките на опонентот. Но, и да се има доблест да се признае успехот на противникот, бидејќи на крајот на краиштата е бенефит за сите граѓани.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Знаеш со што ме навреди? Со тоа што рече дека мене ме болело тоа што владава се бори против криминалот.

И уште еднаш, ако некој не ги сака ДПМНЕ не значи дека е за СДСМ и обратно. Аман!
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Да, така е! Разбери го тоа!
Јас тоа добро го знам. Вие што ме нарекувате и мене и сите што не се за оваа влада СДСМовци разберете го!

А за навредата немаш што да кажеш? Нема да се извиниш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom