Eве како новинарите на Канал 5 ја извртуваат целата состојба и заслужуваат ќотек штом се видат:
Во знак на протест поради грубото претепување на снимателот на Алсат телевизија од припадници на полицијата – снимателите денеска ги симнаа камерите – одбија да го снимаат пресот на премиерот Груевски и неговиот тим министри. Ја добија поддршката и од новинарите – да се запре со насилството и тепањето на новинари и сниматели. Груевски и министрите со збунети насмевки на лицата го следеа излегувањето на екипите - потоа ја напуштија салата.
Револтот е оправдан – се огласи владиниот портпарол Боцевски владата го разбрала гестот тврдеше тој. Но, веднаш потоа инсистираше прес конференција повторно да има.
По само час и половина, откако од владата изјавуваа дека ја разбрале пораката, Груевски повторно закажаа прес конференција – и одново ги повика снимателите и новинарите да го снимаат. Решен да не доживее реприза со бојкотот, овој пат државната Телевизија директно ја пренесуваше прес-конференцијата. Камерите на другите новинарски куки и овој пат не се вклучија.
Насилството врз новинарите остро го осудија– Асоцијацијата на приватни медиуми и Советот за радиодифузија остро ги осудија инцидентите .
Освен снимателот Игор Љубовчевски кој заврши во болница од претепување на алфите овие два дена настрада и новинарот Лирим Дулови, а екипа на Алсат беше и приведена, па ослободена.
Сите знаеме кој го удри Лирим Дулови,можеби на крај ќе испадне дека Гвујо го претепал надвор од рингот.
