Фан Клуб: ФК Металург

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Стандардни пациенти станаа Силекс. Трета победа по ред во Кратово.
Сега за сега без пораз е Жикица Тасевски. Уште во недела да се помине без пораз и трето место ќе биде по изгледно. Не е којзнае каков успех трето место во ваква мизерна лига, ама барем ќе даде мотив повеќе за наредната година.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Да се надеваме дека ќе има. Не за друго туку да имате можност да ни вратите за елиминацијата од купот.:baeh:
:smir:

Баш сакам да го освоите Купот па да се видиме во група во Лига Европа :)
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Жикица доби суспензија 1 месец, за инцидентот против Милано. Таман до крај на првенство. Најавија жалба на одлуката.
И онаа фацата српска добила еден месец.
Не знам кој беше делегат на тој натпревар, ама човекот којзнае каде гледал во тој момент. Слепци ставаат и делегати и контролори. Само за лапање дневници и такси. :tapp:
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
:smir:

Баш сакам да го освоите Купот па да се видиме во група во Лига Европа :)
Желбава... можеш на дедо мраз да му ја кажеш па ќе ти ја исполни...:pos2:
Иначе ова суспензијава за Жикица и нема да биде некој проблем. Ќе си седне во ложата над соблекувалните и заедно со Перез (Минчо) ќе го водат тимот.:wink:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Минчо сега почна да доаѓа на фудбал, од пролетва. Пред тоа го немаше. Може му стигна цифрата до милионче па дојде да види каде му одат парите.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Недела ако има наши навивачи гарант губите дома :smir:
Што се муабетите дека сте ја купиле во кратово ?:nenene:
ps.се надевам на фер судење :salut:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Недела ако има наши навивачи гарант губите дома :smir:
Што се муабетите дека сте ја купиле во кратово ?:nenene:
ps.се надевам на фер судење :salut:
И јас се надевам на фер судење. Кога е Металург домаќин нема никаков притисок врз судии. Ниту на терен, а уште помалку во соблекувална. Не знае Металург да користи предност на домашен терен како што тоа го прават други екипи. Од трибина најчесто тоа се критиките. Сакаме да „удрат“ нашите, да се знае кој е домаќин. За жал не прават така.
Освен патот што треба да го поминат гостите што е во прилог на Металург, друго се може да се смета како играње на неутрален терен.

Не сум слушнал муабет за некакво купување во Кратово. Менталитетот наш прави во се да се сомневаме. Игор Кралевски, еден од подобрите во одбрана играше во Кратово со три жолти картони. Тој натпревар го одбраа. В недела ќе паузира. Миле Крстев обратно, не играше во Кратово, за да игра во недела. Ако беше местена и двајцата ќе паузираа тогаш. :toe:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Металург - Пелистер 1:0

+7 бода на 4 кола до крајот. Победа и Ренова дома, Тетекс и Работнички во гости.
До пред две години да ми кажеше некој дека Металург ќе игра во Европски куп, немаше да верувам.
Оваа најмизерна сезона за македонскиот фудбал, може да стане за паметење за ФК Металург.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Илијоски ја "завери" Европа
* Лигата на Европа е с$ поблиску до Железарница, откако Металург по вчерашниот триумф сега има плус седум во однос на Пелистер
МЕТАЛУРГ - ПЕЛИСТЕР 1:0 (1:0)
Стадион: "Железарница" во Скопје. Гледачи: 400.
Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Ристески и Љупчо Димоски (сите од Прилеп).
Делегат: Сашко Тасев (Кавадарци).
Стрелец: Илијоски 9'
Ж. Картони: Михајловиќ, Крстев, Џуриќ (М) - Брадоњиќ, Љамчевски (П).
Играч на натпреварот: Блаже Илијоски.
МЕТАЛУРГ:
Георгиевски /
Петковски 2.5
Лазаревски 2.5
Михајловиќ 3
Димитровски 2.5
Вајс 3
Трајчев 2.5
(69' Ејупи 2)
Крстев 3
(86' Јовановиќ /)
Костенцовски 2
Илијоски 3.5
(89' Костовски /)
Џуриќ 3.5

ПЕЛИСТЕР
2.5 Павловиќ
1.5 Докниќ
(2 Симоновски 46')
1.5 Драгарски
(1.5 Стојановски 54')
2 Ганчев
1.5 Цветковски
2 Т. Велјановски
1.5 Брадоњиќ
1.5 А. Велјановски
(1.5 Бујчески 67')
2 Љамчевски
1.5 Алтипармаковски
1.5 Илиев

Историја се пишува на Железарница. За првпат од своето постоење екипата на Металург ќе игра на меѓународна сцена, по вчерашниот триумф над директниот конкурент за третото место Пелистер. Големата победа која значи многу за скопската екипа ја донесе Баже Илијоски, кој за само една седмица носи шест бодови на својот тим, што се покажуваат клучни во освојувањето на "европската" позиција. Голгетерот на Металург погоди во деветтата минута по додавањето на Миле Крстев и катастрофалната грешка на потесната одбрана на Пелистер. За разлика од минатите неколку натпревари, на овој тренерот Жикица Тасевски одбра да игра со згуснат среден ред, со дури петмина во него, напуштајќи ја стандарната формација 4-3-2-1. Сепак, ова не значи дека Металург одигра дефанзивно, напротив, Костенцовски и Џуриќ имаа повеќе офанзивна отколку дефанзивна улога. Токму тие беа помошта за осамениот Илијоски во нападот, и таквата тактика даде плод. "Металурзите" повеќе ја имаа топката, особено во првиот дел кога успеаја да го постигнат голот, а можеа да дадат уште еден да не беше голема желбата на Миле Крстев да се запише во листата на стрелците и со тоа да му ја скрати радоста на Димитровски.
Во вториот дел нешто поактивна игра на Пелистер, кој се "раздвижи" по влегувањето на Симоновски. Сепак, неговите прецизни проигрувања надополнети со солидната партија на Љамчевски не беа доволни да се најде патот до мрежата, иако за такво нешто и немаше некои сериозни можности. Единствено што сторија гостите е ударот на Вељановски, како и обидот на Љамчевски директно од корнер. Индиспонираната игра во нападот не донесе резултат. Многу повеќе се очекуваше од Илиев, особено од Алтипармаковски, но не можеа да сторат ништо повеќе покрај дефанзивата на Металург, во која "царуваа" Вајс и Димитровски. Пелистер имаше и среќа затоа што Павловиќ спасуваше по ударот на Крстев, а потоа и гредата беше нивен сојузник по обидов со глава на Илијоски. И во двете ситуации во акциите учествуваше Милан Џуриќ.
Сепак, и минималната победа ги донесе најважните три бода сезонава, со кои Металург во следниот шампионат ќе го гледаме на некој од европските терени. Пелистер очигледно повеќе со мислите е кон реваншот од полуфиналето на Купот, каде им остана единствена надеж да изборат пласман на меѓународна сцена. На крајот радоста на "металурзите" не можеше никој да ја сопре. Металург не знае за неуспех во пролетниот дел, и е со импресивна серија од 13 натпревари без пораз. Момците на Тасевски на овој меч срушија и една непријатна традиција, за првпат совладувајќи го тимот на Пелистер сезонава, и тоа токму кога најмногу требаше.
Г. Бошев

Минута по минута...
3' - Грешка на Докниќ, Илијоски осамен на левата страна, но во последен момент затвори одбраната на Пелистер пред топката да стигне до Џуриќ
1:0 9' - Долга топка упатена на 20 метри од голот на Пелистер, Крстев го натскока Цветковски и со глава го прогира Илијоски, кој излезе сам пред Павловиќ и не му беше тешко да ја затресе мрежата
12' - Центрира Трајчев, а ударот со глава на Крстев заврши за малку крај голот
26' - Нов центаршут на Трајчев, Димитровски ја упати топката кон голот, а таму Крстев само го потврди, но се најде во офсајд, и голот е поништен
50' - Супер акција на Металург, Џуриќ од лево по земја го проигра Крстев, овој од само 6-7 метри шутира, а Павловиќ брилијатно одбрани
53' - Т. Вељановски шутираше, без проблеми за Георгиевски
57' - Љамчевски се обиде од корнер да го изненади Георгиевски, но на првиот дирек Петковски ја изби топката во нов удар од аголот
63' - Михајловиќ со супер топка го најде Џуриќ, овој се реши на дриблинг, шутираше за малку над голот
75' - Грешка на Цветковски, топката стигна до Илијоски, кој го проигра Крстев, а овој во последен момент е изблокиран по што топката оди во корнер
76' - Од корнер нафрли Џуриќ, а Илијоски со глава ја погоди гредата од голот на Павловиќ
90' - Нов центаршут од Џуриќ, но за малку таа топка беше повисока за Ејупи, кој шутираше над голот

СТАТИСТИКА
МЕТАЛУРГ ПЕЛИСТЕР
5 корнери 2
6/2 удари/во 4/2
20 прекршоци 21
2 офсајди 1
3 ж. картони 2

Почетокот доцнеше 10 минути
Место во 16 часот, почетокот на натпреварот доцнеше 10 минути. Причината беше проблемот со опремата на Пелистер кој во Скопје допатува со бело-зелени дресови. Прво не им беше дозволено да играат со тие, но потоа службените лица се смилуваа па им дадоа зелено светло. Сепак, "пелистерци" мораа да ги менуваат штуцните, затоа што им беа идентични како со противникот. Додека се променат, минаа 10 минути, по што беше означен почеток на дербито.

Крстев ја скрати радоста на Димитровски!
Пелистер може да му биде благодарен на Миле Крстев. Да не беше тој, во 26. минута Металург ќе водеше со 2:0. Што се случуваше во тој момент? Трајчев ја упати топката во шеснаесетникот, а таму највисоко скокна Димитровски, кој ја упати топката во мрежата (Павловиќ остана здрвен на гол линијата) Меѓутоа, на само едно метро од гол линијата непотребно Крстев сакаше само да ја турне топката во голот, иако одеше кон целта. Притоа Миле беше во офсајд, по што голот мораше да биде поништен. Да ја оставеше, топката сигурно ќе завршеше во мрежата, и ќе беше регуларен гол, а вака остана само водството од 1:0.

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ
"Честитки го победата на нашите играчи. Игравме под императив да победиме, и успеавме во тоа. Имавме контрола на играта во текот на сите 90 минути, и сосема заслужено освоивме три бода. Ова треба да ни биде мотив да останеме цврсто на земја и да го даваме максимумот во завршните мечеви од првенството".
НАУМ ЉАМЧЕВСКИ
"Извонреден натпревар во кој Металург беше посреќен за еден гол. Честитки до сите актери на натпреварот. Првото полувреме беше нивно, второто наше. Се надевам дека гледачите уживаа денеска. Одиме понатаму, н$ очекува полуфинале од Купот во кој ќе одиме да се пласираме во големото финале. Благодарност до Металург за одличниот прием".
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
едно прашање нели имаше забрана жикица да го води тимот од еден месец а вчера беше на теренот кај играчите многу брзо го помилувале а bwe нашиот тренер беше на трибина заради неплатени долгови кон алексо мацков :tapp:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Да не бил некој друг? Има уште еден ќелав дечко што се мота во клубот. Од далеку личи на Жикица.
Баш ќе се распрашам низ маало кај бил Жикица. Обично не седат на трибина казнетите, туку над соблекувалните таа просторијата со прозори, порано ресторант беше тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom