Фан Клуб: ФК Металург

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Ке видиме ПАТО,ке видиме после на утакмица.Туку ти кажи ми,ке навивате или не??
Видовме 1-1
Лавовите малку закаснија едно 3-4 минути ама нема врска.
Инаку и јас бев член од навивачката група ПИРАТИ но сега не сум.
ПИРАТИТЕ навиваат само за Металург во ракомет.
Во фудбал се за Скопје ама незнам дали навиваат(мислам не).
Металург нема навивачка група но затоа по 200-300 души одат на секој натпревар на Металург.
 
Силекс - Металург 0-3
Уште еднаш екипата на Металург покажа дека во втората половина од сезонава значително се зајакна и се повеќе и повеќе се одлепува од дното на табелата.Головите за екипата на Металург ги постигнаа Иљоски во 30 минута и во 40 од пенал.Третиот гол го постигна Велкоски во 69 минута од натпреварот.Металург е на 8-та позиција со 23 бода исто толку колку што има и екипата на Силекс.ОДИМЕ КОН НОВИ ПОБЕДИ НАПРЕД МЕТАЛУРГ.
 
Ајде денес очекувам уште една победа на екипата на Металург и тоа на гостувањето кај Победа.

Победа - Металург 1-1
Ајде Металург можеби и ќе те победи некој оваа полусезона.
Крстев од пенал не покрсти но Георгиевски им врати(но не од пенал).
Бозиќ од Победа и Георгиевски од Металург во 75 минута добија црвен картон.
 
А бе Победа џабе им е бодов со вас . Ќе испадне ГАРАНТ .
 
Ајде одам на стадион во недела да гледам Металург - Напредок.
По две гостувања редно беше да го размрдаат стадионот во Автокоманда.
Очекувам победа и по можност со повеќе гол-разлика.
Очекувам и Силекс да киксне на домашен терен против Победа.
 
Железара, не Автокоманда.
 
Железара, не Автокоманда.
Мислам дека спаѓа во АВТОКОМАНДА,а можно е и другава варијанта но не се согласувам можеби го делат двете населби а да биде цел на Железара не верувам ама ај.
 
Металург кога игра е стадионот во Железара, а кога игра Скопје е Автокоманда.
 
Металург кога игра е стадионот во Железара, а кога игра Скопје е Автокоманда.
Точно,потполно си во право:smir::smir::smir: А во врска со утрешниот натпревар,кога го видов распоредот дека Металург во овој круг го пречекува Напредок си зацртав 3 бода на контото на Металург,но Металург има големи проблеми со повредени и казнети играчи.Целосната прва постава во одбраната со исклучок на Бишевац ке отсуствува утре.Зоки Јовановски и Вајс се повредени додека Георгиевски е казнет поради црвениот картон со Победа.Михајловиќ и Велковски исто нема да играат утре,така да ке биде исклучително тешко утре,иако се надевам на победа и бегство од опасната зона и мирен финиш на сезоната.
 
ОК ако така велите за стадионот,ама јас пак ќе го ставам на Автокоманда а вие ставајте го во Железара.И да спаѓа во Железара јас си го гледам како дел од Автокоманда.:pos2::pos2::pos2:
 
Едно е важно во ова коло а тоа е победата на МЕТАЛУРГ.Толку од ова коло во Македонското првенство.
Металург - Напредок 1-0
 
Стадионот се вика Железарница кога игра Металург.Скопје е автокомарски тим:smir:.Победа денес со втор тим во одбраната и без Крсте.Металург со ваков тренер и спонзор за 2 години го гледам како шампион на Македонија.Се слушна и песна од некои членови на екс навивачката група па што е некаков повод за формирање на навивачка група.Навивачката група би била од Железара пошто е наш клуб.Ајде може не оваа ама наредната сезона би требало да се рестартира навивачка група,а знаеме дека на Металург многу му требаат навивачи и со добра финансиска поткрепа од управата за целосна организација реално е да се појави уште една добро организирана навивачка група на македонската тифо сцена!
 
Најпрво за играта иако резултатот не е убедлив слободно можам да кажам дека ова беше најдобра игра на Железарскиот тим оваа сезона пред домашната публика.Одлична партија на Илијоски,Спасојевиќ,Џуриќ,Донев,Цветановски,Докниќ како и секогаш стандардниот Нено.Иако Металург играше со десеткуван состав денеска на терен демонстрираше целосна надмоќ врз кичевчани.Кога сме кај противникот слабо,мн.слабо да не беа неколку добри интервенции на нивниот голман сигурно ке си отидеа со повеке парчиња во нивната мрежа.
Кога сме кај реактивирањето на Стара Гарда потполно го делам мислењето со тебе, и те како му е потребна навивачка група на екипа на Металург која со овој спонзор е на пат да израсне во стабилен и квалитетен прволигаш кој наредната сезона би се вмешал во борбата за Европа.Кога можеше да има Металург навивачи во трета лига зошто не би можел и сега:toe: само треба да се седне на разговор со некои од луѓето кои ја водеа навивачката група и членови на управата на клубот.Песната што се слушна во финишот на натпреварот ми дава надеж дека ке се сменат работите ке дојде до реактивирање на навивачката група.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom