Toj дечкичот во продавницата стварно ги измешал работите од обуката изгледа - кога станува збор за лаг при брзи движења, плазмата има далеку поголем лаг и сликата станува една голема размачканица.
Плазмата е позастарена технологија кога станува збор за телевизори. Самата технологија не дозволува многу перформанси, квалитет, животен век - барем за сега, на нивото на стадиумот на кој е усовршена.
За тоа до колку инчи идат максимум не сум сигурен.
Исто така, друг битен момент при купувањето - обрни внимание на контрастот. Ова ретко кој од продавачите ќе ти го спомне бидејќи имаат на залиха позастарени модели кои ги рекламираат со ефтини цени, токму во тоа е финтата. Знам во АМЦ рекламираа прилично големи телевизори за мала цена, ама контрастот е 1:500 (у превод, дома ќе треба да ти е тотален мрак за да гледаш јасно). Мојот на пример има контраст 1:3000, и на директна сончева светлина кога е изложен нема гајле.