Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Груевски и Црвенковски ќе разговараат за битните прашања
„Почитуван господине Црвенковски, Дозволете ми во оваа прилика да Ве поканам на работен состанок во Владата на Република Македонија во термин кој Вам Ви одговара, на кој би дискутирале за неколку теми од национален интерес за државата.
На состанокот би разговарале за прашањата за докомплетирање на Судскиот совет, пополнувањето на испразнетите амбасадорски места, генералната политичка и безбедносна состојба во Република Македонија и како од посебна важност, прашањето за билатералниот спор со Република Грција во врска со нашето уставно име.
Во уверување дека оваа покана ќе биде прифатена од Ваша страна и дека набрзо ќе се оствари работниот состанок“.
Браво за Груевски!
Црвенковски, со цел да се комплетира Судскиот совет, предлага четирите најголеми партии, двете од власта и двете од опозицијата, од листата со 35-те кандидатури доставени до Собранието да посочат пет личности кои се прифатливи за сите.
Тој изразува подготвеност да се откаже од уставното право да предложи двајца кандидати, а ќе се потпише под предлогот за кои било двајца кандидати од петте зад кои сите ќе застанат.
Шефот на државата ја повика Владата да ја реализира процедурата за именување десетина амбасадори во испразнетите амбасади во светот.
„Во интерес на државата и евроатлантските интеграции, подготвен сум да се откажам од законската обврска за претходни консултации со мене и да ги прифатам предложените кандидати доколку ги исполнуваат пропишаните услови“.
Браво за Црвенковски!