- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Според неофицијалните пресметки, вредноста на потрошувачката кошничка во наредниот месец ќе се зголеми за 2.000 денари и ќе биде речиси колку просечната плата
Цените на храната, пијалоците и на средствата за лична хигиена во последните две недели се зголемија за 10 до 20 отсто во речиси сите продавници. Поскапуваат и зеленчукот и овошјето на зелените пазари. На самиот почеток од учебната година, родителите се соочија и со поголем издаток за храна за своите деца во училишните кујни, каде што цената се зголеми од 1.600 на 1.800 денари.
Граѓаните веќе не се изненадени кога ќе видат повисоки цени на некои производи, но се се' уште вчудовидени од наглиот ценовен скок на почетокот од есента. Тој наметна прекројување на семејните буџети во услови кога платите останаа исти, со исклучок на вработените во администрацијата, кои очекуваат за 10 отсто повисоки лични доходи на 1 октомври.
- Тешко успеваме да врземе крај со крај. Дома мора да се откажеме од некои поскапи производи, кои порано ги користевме, за да можеме да опстанеме со истиот буџет. Многу не' погоди тоа што поскапеа речиси сите прехранбени производи - изјави Вера Трајковска, која вчера ја сретнавме на излезот од еден од супермаркетите во Скопје, од каде што ги набавила само најнеопходните дневни продукти.
Експертите по статистика потврдуваат дека има нагорни ценовни движења на пазарот и дека тоа најверојатно ќе изврши притисок врз стапката на инфлација. Според нивните пресметки, ова ќе значи и поскапување на потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство најмалку за 2.000 денари, во која не влегуваат сметките за комуналии, огревот и средствата за лична хигиена.
Вчерашната прошетка низ големите маркети во Скопје покажа дека цената на увозните кашкавали од 290 денари за килограм е зголемена на 340 до 360 денари. Килограм свинско месо сега чини 280 до 300 денари, а порано беше 260 денари. Прашоците за перење од 340 денари сега се продаваат за 370 денари, а цените на млечните производи, како што се овошните јогурти и пудинзите се повисоки за околу 10 отсто. На пазарите килограм праски или јаболка чинат 60 денари. Зелката е 50 денари за килограм, а пиперот за ајвар - 40 денари.
Увозниците велат дека цените ги зголемиле откако прво го направиле тоа производителите.
- За килограм брашно сега плаќаме два денара повеќе, а за зејтинот скоро 30 денари. Поскапени се и увозните прашоци, сапуните и средствата за чистење - вели увозник од Скопје.
Професорот на Економскиот факултет, Славе Ристевски, предупредува дека ако продолжи зголемувањето на цените на храната и на средствата за лична хигиена, можно е одвртување на инфлаторната спирала.
- Со овие цени граѓаните треба да имаат над 50.000 денари плата за да може нормално да живеат. Новите поскапувања не само што ќе го загрозат домашниот буџет туку ќе наметнат и инфлација. Се' уште е рано да се каже колкава ќе биде инфлацијата бидејќи од наредниот месец ќе има зголемување на платите на административците - вели тој.
Социолозите се категорични дека со просечна плата од 14.291 денар, колку што е последната официјална бројка од Заводот за статистика, и со потрошувачка кошница од 10.372 денари, тешко остануваат пари за задоволување на другите потреби.
- Не ни е јасно како преживуваат луѓето, особено ако имаат деца што одат во училиште. За средства за лична хигиена потребни се минимум 4.000 денари, а парите за огрев, сметки и за лекови се друга приказна. Со бебе во семејството трошоците автоматски се поголеми за стотина евра - велат социолозите.