Не претерувај со форматирање!!! А во твојот случај, ти веќе си го направил тоа (или не си го направил како што треба!?). Во секој случај, бидејќи кажуваш дека немаш работено на никакви проекти, се работи за вирус или некоја друга гадинка. Ај да пробаме вака - Исклучи го процесот или процесите кои ти се сомнителни, инсталирај AVAST PRO, направи update на дефинициите (не на програмот) и веднаш започни со скенирање. Ако фати нешто, а сигурен сум дека ќе биде така, ќе имаш порака за BootScan - прифати ја и ќе мораш да почекаш малку (сите гадинки кои се регистрираат при стартување на оперативниот систем 99% ќе бидат отстранети). Па кажи што си направил!