Меѓународните договори со кои е поделена Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Megjunarodnite dogovori so koi e podelena Makedonija



[URL="http://www.pollitecon.com/html/treaties/Treaty_Of_Friendship_And_Alliance_Between_Bulgaria_And_Serbia.html"]Treaty of Friendship and Alliance Between Bulgaria and Serbia


1_px.gif

Secret Protocol Between Greece And Serbia

1_px.gif

Treaty Of London 1913

1_px.gif

Treaty Of Bucharest 1913

1_px.gif

Treaty Of Neuilly

1_px.gif

Convention Between Greece And Bulgaria Respecting Reciprocal Emigration

1_px.gif

Treaty Of Sevres

1_px.gif

Treaty Concerning The Protection Of Minorities In Greece

1_px.gif

Protocol Concerning The Protection Of Minorities In Greece

1_px.gif

Treaty Of Lausanne

1_px.gif

Treaty Of Peace With Turkey

1_px.gif

Convention Concerning The Exchange Of Greek And Turkish Populations

1_px.gif

Treaty Concerning Thrace

1_px.gif

Treaty Concerning Thrace - Protocol

1_px.gif

Convention Respecting The Thracian Frontiers

1_px.gif

Exchange Of Notes Between The UK And Bulgaria

1_px.gif


www.pollitecon.com/html/treaties/index.html
[/URL]
 


Баш пред малку ја видов оваа страна таму е написана вистината на Македонија, ама што можеме ние.Ако се отвори вистинската вистина за Македонија ќе треба Европа да црта нови карти за Балканот каде на Македонија конечно би и припаднале работите кој до 2013 ке имаат 100 годишна приказна а тоа е и крајот на таа окупација 1913-2013.
 
kolku само ни љубомореле и уште ни њубоморат за нашњто природно и духовно богатство,кажуваат бројот на меѓународните договори каде што ни одземаат тероторија :(
 
Retko grchko iskazhuvanje:


.
Toа е грчката гледна точка за воjната.Убаво,така била поделена Македониja. А Мисирков македонците на чиja страна биле в таа воjна?
Чети на ВМРО дали взели страна и на коja држава от Балканскиja соjуз.
 
Toа е грчката гледна точка за воjната.Убаво,така била поделена Македониja. А Мисирков македонците на чиja страна биле в таа воjна?
Чети на ВМРО дали взели страна и на коja држава от Балканскиja соjуз.


Читај внимателно тука:

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8CD51A3F6F139242ACEE7D416863272F
 
Toа е грчката гледна точка за воjната.Убаво,така била поделена Македониja. А Мисирков македонците на чиja страна биле в таа воjна?
Чети на ВМРО дали взели страна и на коja држава от Балканскиja соjуз.

Ако ВМРО бил на бугарска страна, оти бугарската страна ги предаваше вмровците на турскиот аскер.
Оти бугарската страна предизвика раскол во вмро.
Оти бугарската страна го предаде народното востание на “Бугарите“ против османлиите, не објави војна на турците.
Оти бугарската страна 1941 ја остави западна Македонија на балистите и нивните касапи ?

Тоа што се случи на Македонците за време на балканските војни и присилната мобилизација каде во суштина имавме војна на Македонци во бугарски униформи и Македонци во српски униформи, да не даде господ на никого да не се случи.
 
ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР


Tuesday, 26. May 2009, 19:25:56

Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна македонското прашање претставувало најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочувале Османлиската империја и големите сили.
Всушност, настанал тогаш кога големите сили настојувале да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
Ова прашање добивало во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението.

Македонија го зафаќала централниот дел на Балканот, на исток и на запад меѓу Тракија и Албанија, на север и на југ меѓу Шар Планина и Егејското Море, преку Вардарската и Моравската долина го поврзувала Солун со Белград и со Централна Европа, така што станала интересно подрачје за големите сили.
За соседните земји била значајна затоа што со нејзиното завладување, било која од нив, се здобивала со предност која овозможувала доминација на Балканот.
На геостратешката положба на Македонија значајно влијаел и етничкиот состав на населението, во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснувало според влијанието на соседните пропаганди.

Непосредно пред Балканските војни, во рамките на етничките граници на Македонија, на површина од 67.741,2 км2 живееле 2.360.000 жители, од кои 52,4 проценти христијани, односно Македонци, 22 проценти Турци, 10 проценти Власи, 3 проценти Евреи и 2,4 проценти Роми.

Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на прогресот на националниот дух на македонскиот народ и највисока точка до која се воздигна неговата свест
за своја национална посебност.
Задушувањето на востанието, палежите, колежите и максималната бесчувствителност на завојувачите, како и недостатокот на поддршка и помош од соседните земји и од големите сили, биле причина македонскиот народ жестоко да се замолчи и да ја изгуби надежта дека било кога ќе се ослободи.

Тоа претставувало уште поголема загуба од поразот на бојното поле.

Македонскиот народ го изгубил верувањето и во неговите политички организации, во предводниците кои пред Балканските војни биле во постојани расправии и жестоки судири, па му спласнале и желбите и силите да се брани од туѓите пропаганди.
Почнал да верува дека може да се ослободи само со помош од Бугарија, Србија и од Грција, и тоа во заедничка војна.

Пред Балканските војни Османлиската империја била во тешка економска и политичка криза.
Задолжувајќи се со големи кредити во западните земји настојувала да ја избегне економската криза, но политичката сè повеќе се зголемувала.
Од друга страна, соседните балкански земји ја притискале и сè почесто ги истакнувале територијалните аспирации и завојувачки стремежи кон европска Турција.
Најголем дел од државниот заем таа го употребила за модернизација и за засилување на вооружените сили.
Севкупната состојба, раздвиженоста на силите на балканските земји и внатрешните настани во Македонија, неминовно воделе кон балканска војна.

Империјата пристапила кон утврдување на стратегиски важните места на Балканот, за евентуална војна со балканските држави, кои увидувале дека само заедно можат успешно да ј се спротивстават на османлиската војска.
Почнало договорањето меѓу балканските земји, а во тие рамки особено значајно било помирувањето меѓу Бугарската егзархија и Грчката патријаршија и донесувањето на Законот за спорните цркви, манастири и училишта во јули 1910 година.

По контрареволуцијата, наместо слободата и еднаквоста кои им ги ветувале на балканските народи, Младотурците спроведувале терор и националистички мерки, па состојбата се претворила во анархија во која, особено во време на разоружувањето, страдал македонскиот народ.
Се заканувала опасност големите сили да ја поделат Империјата на штета на балканските народи.

Таквата состојба, а особено територијалните претензии кои ги имале кон територијата на Македонија, ги уверило балканските држави дека своите цели можат да ги постигнат само со заеднички сили и акции.
Создавањето на Балканскиот сојуз меѓу Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција, го поддржала Русија, со цел да го спречи навлегувањето на Австро-Унгарија и на Германија кон Балканот.


Несогласувањата околу поделбата на Македонија ги комплицирале преговорите меѓу Србија и Бугарија.
Под силен притисок на Русија тие биле принудени на разни отстапувања.
За да почнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот Санстефански договор и на Србија да ј го признае правото на дел од Македонија. Потпишувањето на Спогодбата, според бугарската Влада, било забрзано затоа што сметала дека Младотурците ќе го истребат "бугарското" население во Тракија и во Македонија.

Српската Влада, пак, сметала дека најдобар начин за да се зачуваат интересите на балканските народи е создавањето сојуз меѓу балканските држави.
Грчката Влада не очекувала решение на македонското прашање од големите сили, но со поддршката која ја имала, особено од Англија, сметала да го оствари своето територи- јално проширување на територијата на Македонија.
Поради тоа, била и солидарна со другите балкански држави.
Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон Скадар и кон Албанија.

На 13 март 1912 година бил потпишан Договор за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, кој требало да трае до 1920 година, а во него имало и таен додаток и воена
конвенција.
Меѓу другото, Договорот предвидувал и ако некоја од големите сили се обиде да анектира, окупира или со воена сила да заземе било кој дел од балканската територија
под османлиска власт и доколку тоа е спротивно на нивните заеднички интереси, двете страни се обврзувале да си помагаат една на друга.

Во тајниот додаток се предвидувала војна против Турција, за што претходно би се известила Русија.
Целата територија која би ја зазеле би имала карактер на заедничка своина, а три месеци по склучувањето на мирот би се поделила:
Србија ј го признавала на Бугарија правото на областите источно од Родопите и реката Струма;
Бугарија на Србија ј ги признавала областите северно од Шар Планина.
За овие области немало спорни прашања, па се нарекувале неспорни области.

Територијата меѓу Шар Планина, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро била означена како спорна и за неа е речено дека може да се организира во автономна област или да се подели меѓу сојузниците.
Значи, според овој Договор, за најголемиот дел на Македонија т.е. за т.н. спорна зона прво се предвидувала автономија, а потоа поделба.
Фразата за автономија на Македонија, внесена на барање на Иван Гешов, всушност била внесена заради измама на македонскиот народ, особено на македонската емиграција во Бугарија.

Откажувањето на Бугарија од прелиминарниот Санстефански договор и одлуката на Македонија да ј се даде автономија по протерувањето на османлиската војска од Балканот биле главни причини македонскиот народ да се вклучи во Балканските војни, без оглед на тоа под чија команда ќе се бори.

Токму овие две одлуки биле пресудни српската и бугарската пропаганда да извршат определено влијание врз македонското население.
Всушност, ниту српската ниту бугарската влада не помислувале на македонскиот народ (чија националност не ја признавале), да му дадат автономија, туку била предвидена поделба на Македонија, без оглед на етничкиот состав на населението, неразмислувајќи за последиците кои ќе настанат по тоа.

Македонската територија која ја нарекле спорна, ја поделиле по долги и жестоки преговори.
Во член 2 од тај ниот додаток прецизно била повлечена границата од едниот до другиот крај на спорната територија, односно од Големиот Врв кај Крива Паланка до манастирот "Губавец" ("Св. Еразмо") на Охридското Езеро.
Тоа значи дека Србија и Бугарија ја поделиле Македонија и пред да почне Балканската војна.


Во член 4 од Договорот е утврдено:
"Секој спор кој би се изродил по повод толкувањето или извршувањето на која и да било
одредба од Договорот, тајниот додаток или од воената конвенција, да ј се поднесе барање на Русија за конечно решение на спорот, штом едната страна (Србија или Бугарија) ќе изјави оти смета дека е невозможно да се постигне спогодба со непосредни преговори".
Значи, Русија имала неограничени можности во поглед на решавањето на македонското прашање.

По потпишувањето на Спогодбата за поделба на Македонија, прва задача на Бугарија и на Србија им било да ја отстранат македонската револуционерна организација од македонскиот народ, за да можат полесно да го манипулираат.
BUKUREST_01.jpg

ФАКСИМИЛ ОД ПРВАТА СТРАНИЦА НА АНТИДЕМОКРАТСКИОТ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР: ИМАЛ ЦЕЛ И ДА ЈА УНИШТИ СВЕСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА НЕГОВА НАЦИОНАЛНА ПОСЕБНОСТ
Овој Договор во целост имал антимакедонски, антитурски, антиавстроунгарски и антиромански насоки, односно по сè бил антидемократски.

Воената конвенција имала офанзивен карактер во однос на Турција.
Врз нејзина основа била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствување и операциите против Империјата.
Кралот Фердинанд се спротивставувал да го потпише член 2 од Договорот, односно член 3 од воената конвенција, кои биле насочени против Австро-Унгарија, но под притисок на руската Влада и на Кабинетот на Гешов, сепак го потпишал Договорот.

Два месеца по неговото потпишување, при посетите на Берлин и на Виена, Фердинанд ја застапувал тезата дека
"Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со Тракија, но дека во последен момент, откако ќе биде создадена Голема Бугарија, ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на Тројниот сојуз".

Иако во време на Илинденското востание македонскиот народ јасно на виделина ги изнел засебните македонски национални и државни интереси и прв ја почнал борбата за конечно протерување на османлиската власт од Балканот, за време на преговорите за создавање Балкански сојуз ниту една балканска држава не го спомнувала македонскиот народ, ниту правото на потчинетите и обесправените народи во Османлиската империја.
 
Македонија била една од основните причини за создавање Балкански сојуз, односно за нејзино ослободување од петвековното османлиско владеење и за нејзина поделба меѓу сојузничките држави.
Меѓутоа, поделбата на Македонија била основна причина за распаѓањето на Балканскиот сојуз.
Со оглед на сопствените интереси кон Балканот, големите сили развиле широка дипломатска активност.
Русија настојувала да го зачува Балканскиот сојуз како пречка на австро-германското навлегување на Балканот, а Австро-Унгарија тежнеела да се растури Сојузот и ја поддржувала Бугарија да не попушта во однос на воспоставената поделба на македонската територија.

За да го спречи избувнувањето на нова меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила Србија и Бугарија на руската арбитража предвидена со Српско-бугарскиот договор.
Бидејќи Србија и Бугарија не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од натамошна арбитража.
Со тоа го забрзала почетокот на Втората балканска војна, новото распарчување на Македонија и воспоставување нови граници по пат на сила.

Борбата за македонската територија се водела со сите сили и средства и во сите области. По повлекувањето на османлиските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштиле во меѓувреме воспоставената месна власт и вовеле свои органи.
Тие го принудиле македонското население да се прикажува како да е од иста националност со органите кои ја воспоставиле власта и да испраќа писма, анкети и апели дека наводно сака нивниот град и околија да бидат соединети кон соодветната држава.

На пример, селаните од селото Негорци, Гевгелиско, во текот на една седмица три пати ја менувале својата "национална и државна" припадност.
Биле принудени да испратат телеграма до бугарскиот цар Фердинанд дека се Бугари и дека бараат тој да ги соедини кон Бугарија.
Откако се повлекла бугарската, дошла грчката власт, па следувала телеграма до грчкиот крал Георги и на крај била испратена телеграма со соодветна содржина до српскиот крал Петар.

Во Мировниот договор потпишан меѓу сојузниците, секоја сојузничка воена команда настојувала да завладее што поголем дел од територијата на Македонија и во неа да организира своја воено-полициска и административна власт.
Големите сили зазеле став да не се мешаат во Балканската војна.
Русија зазела став дека Европа треба да интервенира само ако една страна се обиде потполно да ја уништи другата страна.
Австро-Унгарија останала само на декларативна помош за Бугарија.

Големите сили решиле да ја прекинат Втората балканска - меѓусојузничка војна, особено поради насилните злосторства кои ги вршеле сите војски врз недолжното цивилно македонско население.
Русија, поддржувана од Франција, на 9 јули им се обратила на владите на балканските земји итно да ја прекинат војната и да дојдат во Петроград за да потпишат мир со нејзино посредство.
Австро-Унгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија меѓу балканските земји и да ги присилат да ја прифатат.
Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу Србија и Грција и Бугарија да добие излез на Егејското Море.
Германија сметала дека е најдобро претставниците на завојуваните страни да се состанат во Букурешт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир.
Русија ги прифатила предлозите.

Романија, која имала улога на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија ј го пренела решителниот став на Австро-Унгарија дека нема да дозволи Србија и Грција да навлегуваат кон Софија, како ниту српска офанзива кон Видин и Белоградчик, бидејќи Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и на мировниот договор во Букурешт, тогаш Романија ќе стапи во сепаратен договор со Бугарија.
Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да учествуваат на преговорите во Букурешт.

Турција испратила молба и таа да учествува на Букурешките преговори, но била одбиена со изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучително со поделбата на територијата меѓу балканските христијански држави, односно за поделба и асимилација на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како целосна и засебна од соседите во рамките на Османлиската империја.

На 30 јули 1913 година почнала Мировната конференција во Букурешт, во присуство на претставници на шест големи сили: Франција, Германија, Англија, Австро-Унгарија, Русија и САД.
Делегациите на балканските земји ги предводеле претседателите на владите, освен бугарската.
Со конференцијата претседавал претседателот на Романија, Титу Мајореску.

Таа се одржувала во заострена атмосфера, секој час постоела можност да биде прекината поради посебните интереси на големите сили или на балканските земји.
Сепак, на 31 јули 1913 година биле прекинати воените дејства и било потпишано прелиминарно примирје.

Букурешката конференција го усвоила текстот на Договорот за мир, во кој била извршена конечна поделба на териториите кои дотогаш биле под османлиска власт
(Македонија, Косово и Метохија, Васојевиќи, Санџак, Тракија и Северен Епир).

Србија ги добила Вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и од Санџак, со што била зголемена за 39.000 км2 и за 1.290.000 жители.
Црна Гора ја добила територијата Васојевиќи, дел од Метохија и од Санџак, зголемена за 7.000 км2 и за околу 260.000 жители.
Грција ги добила Северен Епир, Егејскиот дел на Македонија, дел од Западна Тракија, полуостровот Халкидики со Солун и бројни острови во Егејското Море, зголемена за 51.300 км2 и за 1.624.000 жители.
Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со околијата и дел од Западна и Источна Тракија, зголемена за 21.000 км2 и за околу 600.000 жители.
Романија ја добила Јужна Добруџа, се зголемила за 800 км2, и за 303.000 жители.

До Балканските војни територијата на Македонија го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров.
Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила.
Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места.
Во рамките на овие географски граници Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2.

Со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, Македонија била поделена на тој начин што најголемиот дел, односно
BUKUREST_GREECE_01.jpg

Егејскиот дел на Македонија со површина од 34.356 км2, го добила Грција,
ГРЦИЈА ГО ИМА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР НА ГРЧКИ ЈАЗИК, ЗНАЧИ ДОБРО ЗНАЕ КОЈА ТЕРИТОРИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕЈЗИНА И ЈА ОКУПИРАЛА
Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2 го добила Србија,
Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 го добила Бугарија и
Албанија добила 1.115 км2.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.
Веднаш потоа почнало асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари,
Славофони Грци и Албанци.
Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни македонското име не се употребувало, иако војната главно се водела во Македонија.

Веднаш по потпишувањето, на 11 август 1913 година Австро-Унгарија, Русија и Бугарија побарале ревизија на Договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.
На 14 август Русија ги отфрлила намерите за ревизија на Договорот, па со такво барање останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротивставувала Франција.

Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор кој не го потпишале сите големи сили и кој во голема мера бил против нивните интереси.
Односно тоа не го направила Австро-Унгарија, всушност ова е една и од причините за почнувањето на Првата светска војна, како и за вклучувањето на Бугарија и на Турција во централните сили.
Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, кој од повеќе асоцијации, особено од Русија и од Швајцарија, интервенирал да се зачува идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.

 
На 1 март 1913 година, претставниците на македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале "Меморандум за независност на Македонија" и им го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, како и на амбасадорите на големите сили во Лондон.
Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија, со сите специфичности кои аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на секое чувство за реалност и за македонскиот народ, големите сили оставиле судбината на Македонија да ја решат завојуваните балкански држави.

Балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија.
Во период од неполни две години, колку што траеле, официјално биле извршени три поделби на Македонија.
Првата поделба била извршена со Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година по линијата Деве Баир- Охрид (без оглед на тоа што била ограничена да трае до 1920 година),
втората е по завршувањето на Првата балканска војна, во која границите се поклопувале со достигнатата линија на фронтот, и
третата е извршена со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, кога дефинитивно биле одредени границите меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија на територијата на Македонија.

Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.
Со таа поделба, македонскиот народ ја доживеал најголемата измама и ја изгубил довербата во своите соседи, што имало негативни последици во Првата и во Втората светска војна.

***************************************
На 5 август 1913 година, американскиот пратеник во Букурешт, Џексон, ја прочитал Нотата на американската Влада во која се истакнува:
"Владата на САД става до знаење дека во секоја конвенција која би била заклучена во Букурешт, со задоволство би сакала да ја види одредбата за целосна граѓанска и верска слобода на населението на секоја област, која би потпаднала под суверенитет на која и да било од петте сили или која би поминала од јурисдикција на една под јурисдикција на друга сила".

Мајореску веднаш ја прифатил оваа Нота и таа се спроведувала во однос на влашкото население во Вардарскиот дел на Македонија.
Меѓутоа, на предлог на грчкиот претседател Венизелос, Нотата не влегла во мировниот договор, па и на тој начин македонското население било обесправено.

Македонското прашање не само што не е решено со Букурешкиот договор, туку е ставено во форма на забрана на негово потенцирање, па затоа и почнало асимилирањето, денационализацијата и егзодусот на македонското население, особено на она во Егејскиот дел на Македонија, сè со цел да му се уништи коренот и да му се изгуби името.
Тоа го докажуваат промените на топонимите и доселувањето население со поинаков етнички и верски карактер.
Истражувањето на архивската документација сигурно нема да ја обедини Македонија, да ги избрише букурешките граници, но со сигурност може да се тврди дека вистината за Македонија ќе продре низ цел свет, а тоа овозможува враќање на достоинството на македонскиот човек, интензивирање на борбата за интегрирање во Европа.
Колку што ми е познато, не постои додаток на Букурешкиот договор со ограничен период, но има многубројни податоци дека тој не е валиден, како што е неговото непотпишување од Австро-Унгарија, или одземањето на имотот на Македонците и негово давање на друго население.
Правото на имот трае вечно, без оглед на тоа што Букурешкиот договор е апсолвиран, сепак наследното право е дел од меѓународното право и затоа тој треба да се истражи во целост.


Влијанието на масонската организација се забележува во многу сегменти, особено во конечните одлуки на Букурешкиот договор.
Најсилно влијаела Великата француска ложа, во чиј состав дејствувале српската и бугарската ложа, а нивни главни членови биле Александар Караѓорѓевиќ, Никола Пашиќ и речиси сите министри во Пашиќевата Влада, односно Александар Цанков, Мидилев и др., како и одредени раководители на ВМРО - Александар Протогеров, Кирил Прличев и др.

Секако, масонските ложи имале влијание врз поделбата на поранешните османлиски територии на Балканскиот Полуостров.
Тоа се докажува со фактот дека во војната Бугарија била тотално поразена, но и како таква добила голем дел од османлиската територија.
Во Великата англиска ложа имало членови на грчката Влада.
*******************************************************
Професор д-р Ванче Стојчев завршил Воена академија, Факултет за одбрана, магистрирал на Факултетот за политички науки, насока Современа историја во Белград, каде и докторирал во 1992 година.
Бил професор на Воената академија "Генерал Михајло Апостолски" по предметите Воена историја, Методологија на научно-истражувачката работа и Еволуција на војувањето.
Полковникот во пензија Стојчев се занимава со истражувањето во областа на воената историја на македонскиот народ.
Благодарение на овој негов ангажман Македонија има можност прв пат детаљно да слушне за нејзиното распарчување, документирано со факсимили од Букурешкиот договор, меѓу кои и оној кој е на грчки јазик.
 
30.VIII.1944 год. – Претседателот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто упатува Депеша до Претседателот на НКОЈ, Тито со барање да се реагира по повод разговорите на Југословенската кралска влада во избеглиштво во Лондон со Бугарија за склучување примирје.
Ченто особено реагира дека тоа не може никој да го прави зад грбот на македонскиот народ кому пак двата преговарачи му кроеле некави нови граници.

Ченто особено е лут затоа што ова го дознава во соопштението од Радио Лондон па бара појаснување од Тито за кого знае дека е во постојани преговори со Черчил и избегличката влада со Д-р Шубашиќ. Овој потег на искусниот Ченто е уште појасен знаејќи на какви се заткулисни игри во минатото македонскиот народ е само страдален елемент.
- Уште наредниот ден од Вис каде е стациониран Тито во тоа време , стасува повратен одговор во кој стои :

“До Главниот штаб на НОВ и ПОМ - 01. септември 1944 год. ( Вис)

Југословенската влада во Лондон нема првао без наше учество да води некакви преговори за границите. Ние не знаеме ништо на што се однесува соопштението од 29 август.“ ( А – VII к 26 рег.бр. 8 – 2/12)


- Според спогодбата на Вис Тито – Шубашиќ од 16 јуни 1944 год. НКОЈ и Кралската влада на Југославија се во взаемна обврска да ги решаваат спогодбено сите надворешно-политички проблеми, па во врска со тоа, таков став заземал и Tито кон депешата на Ченто и АСНОМ
 
Ова не е тема за технички прашања, мислењето ти е префрлено на соодветната тема.

Доколку дојде до било какви проблеми или сомнежи прв осомничен си ти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom