PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Бев пред десетина-дванаесет дена и го начекав Охрид попразен од било кога. Времето беше убаво, ама баш до пред ние да дојдеме истурале дождишта, па претпоставувам и тоа е една од причините што немаше многу народ.
На Славија каде што пешкир немало кај да постелеш минатите години, сега беше значително попразно.
Видов многу странски туристи, што исто така ме изненади, ама веројатно поради отварањето на Охридско лето.
Ме запрепасти чаршијата и џингрлаките што трескавичеа на секој чекор. Некои биртии на отворено испоотвориле, некои фраери на синтисајзери, некои Жаре Бербер kinda people.
Да му е срам на човек што си мислат странциве кога шетаат по чаршија.
За среќа, добрите стари места во Охрид и понатаму ја држат пријатната атмосфера. JazzInn, Balance, Jazz&Blues... Тоа се местата во Охрид што вреди да се посетат. И цените беа релативно разумни. Коњак 70, ракија 50че... Пиво 100ка. Очекував да ги напумпаат до небо.
Со Пинк Пантер не знам што избиѓава, убава беше храната таму едно време. Хамбургерон сега крш, смрдлива плескавица и компири невозможни да се изџвакаат поради тврдоста. Битно 100ка.
Ама не можам да се пожалам од пекарата што е одма до П. Пантер (не ми текнува името), каде за скромни 25 денари ќе си јадеш топло и свежо лиснатко со сиренце
Све о свему, Охрид летово ми е поразличен од било кога претходно. Во некои погледи на полошо, во некои на подобро.
Него замисли бе, се качив у такси еднаш и НЕ ме ошури :nesvest: