Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Па тоа е фората.Зашто малце не навлезете и да почнете да размислувате...еве да речеме да ги спаси и така фино лепо он сите ги спасува.И што со тоа?Финтата е да те провери после сето зло во светов,колку ти веруваш во него.
А зошто јас на "жими мајка" да верувам во него, зар не е пологично да јас со сугурност знам дека постои, тогаш овие дискусии би биле беспредметни.
 
Значи господ си игра курташак со лугето ... баш фино !

Зоки Поки е многу поинтересна книга од библијата !

не треси зелени,ти ни зоки поки незнаеш да ја прочиташ,па да збориш за библијата,зошто воопшто славиш празници кои се дел од библијата,божик,водици.земи фрлајсе секој ден во река или езеро фаќај риби место крст.
 
Господ дефинитивно постои...затоа што кога нешто навистина сакаш тоа и ке ти се оствари..
Две години му се молев на Господ да ја претставувам Македонија на детски евросонг,третата година сонот ми стана јаве,моја беше песната што ја претставуваше Македонија на детскиот евроснг во Белгија.Не дека се фалам мегутоа јас се окозив за да стигнам до таму мегутоа без помош од Господ нема да успеев затоа што на домашниот избор победив со само еден поен повеке од второ пласираните.
А баба ми како мал ми викаше Господ ги тера готите ама не ги утерува во штала јас не ја разбирав.После ова и тоа како ми се разјасни поговоркава
 
Господ дефинитивно постои...
Еве бе готово, не праиме веќе муабет дали постои или не, Стефан знае. Ај сега во врска со темата ако има некој паметно нешто да каже...

Busarce напиша:
зошто воопшто славиш празници кои се дел од библијата,божик,водици.земи фрлајсе секој ден во река или езеро фаќај риби место крст.

За телевизорот, нормално... :wink:
 
ајт глеам забегавте со офф-топици, сепак одговорот на прашањето поставено во оваа тема е за да се одржи балансот.
 
~*~

Од сите „постови“ кои што ги прочитав понекогаш и навистина се чудам како може да има толку голема доза на тривијалност и просечност.
Првенствено треба да се верува во нешто за да може да се верува и во неговиот краен суд кој што дели правдина.
Да биде Царството твое како на земјата, така и на Небото, океј, дали тоа треба да значи дека треба да му се поклониме не некој и безусловно да веруваме во неговата перцепција за тоа кога треба да имеме убави а кога зезнати периоди во животот?

Се прашувам ... беше фер што моја пријателка на само 13 години умре од рак кога требаше да расте и да живее?
Фер е што една од личностите што најмногу ја имам љубено во животот можеби нема да ја дочека 2010?

Според моите мерила, не е!

Страдањето понекогаш е неопходно за да се сфати убавината на животот.
За да се препознае рајот мора да се види и пеколот!
Тоа веќе е РАЗБИРАЊЕ ... прифаќањето доаѓа малку покасно, но првенствено мора да се разбере!
 
Се прашувам ... беше фер што моја пријателка на само 13 години умре од рак кога требаше да расте и да живее?
Фер е што една од личностите што најмногу ја имам љубено во животот можеби нема да ја дочека 2010?

Вакви случаи во животов сум имал многу. Тоа е разликата меѓу мене и тебе, што после се’, јас верувам во Господ и Неговата правичност, а ти не. Се што прави Тој, само тој знае зошто мора така. Иако најчесто не сфаќаме зошто баш нашите блиски, како двата примери погоре, најдобро е така, верувај.
 
АКО постои Бог, тогаш тој допушта зла и стадања заради слободната волја на луѓето да управуваат со своите животи онака како што сакаат, но и да си ја живеат својата судбина, па понекогаш да не биде се` условено од нив, туку од претходни настани и поголема енергетска детерминација.

АКО Бог не постои, тугаш сите ние сме мажи божиња, па едновремено сме виновни и за болеста на комшивката и за глобалното затоплување.
 
Господ дефинитивно постои...затоа што кога нешто навистина сакаш тоа и ке ти се оствари..
Две години му се молев на Господ да ја претставувам Македонија на детски евросонг,третата година сонот ми стана јаве,моја беше песната што ја претставуваше Македонија на детскиот евроснг во Белгија.Не дека се фалам мегутоа јас се окозив за да стигнам до таму мегутоа без помош од Господ нема да успеев затоа што на домашниот избор победив со само еден поен повеке од второ пласираните.
А баба ми како мал ми викаше Господ ги тера готите ама не ги утерува во штала јас не ја разбирав.После ова и тоа како ми се разјасни поговоркава

Тоа што си успеал да го направиш е резултат на твојата посветеност, пожртвуваност, откажување од многу нешта, упорност и макотрпна работа. Воедно честитки за успехот.
 
Вакви случаи во животов сум имал многу. Тоа е разликата меѓу мене и тебе, што после се’, јас верувам во Господ и Неговата правичност, а ти не. Се што прави Тој, само тој знае зошто мора така. Иако најчесто не сфаќаме зошто баш нашите блиски, како двата примери погоре, најдобро е така, верувај.
ако ова прашање ( Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање? ) им го поставиш на оние што ја пишували библијата,или некои верници во господ,тие ќе ти одговорат на „сите можни прашања“ освен на тоа што си ги прашал....
 
За да има љубов, треба да има страдање! Злото е во самите луѓе, а не во некои виши сили...преку пропатеното, човек се учи...
 
За да има љубов, треба да има страдање! Злото е во самите луѓе, а не во некои виши сили...преку пропатеното, човек се учи...
Ако злото е во самите луѓе,а господ го создал човекот,
тогаш тој го создал и злото,
што не ви е јасно тука?

Зошто не збунувате се зборовите од типот:
За да има љубов треба да има и страдање.
и слични изрази
 
А, како Господ го создал злото??? Испаѓа дека со тоа што ги создал луѓето :toe: ... како и да е забегана работа у секој случај... крај краева и страдањето е дел од филмот „Живот“, само што кај некои сцените се подолги, а кај некои не ... тоа ти е тоа!
 
Човекот не е Бог, па да дејствува идентично совршено, безгрешно. А има слободна воља, што му е дадена од Бога заради љубовта што Бог ја има кон човекот, како кон свое дело, дете.
Совршеното дејствување на Бога не раѓа резултат: зло. А несовршеното дејствување, по слободна воља, од страна на човекот (поради болдираното) може да резултира со зло.
 
Ова црвеното е малку контраверзно-личи на вртење на водата кон својата воденица-па за што служат тогаш толку спомнуваните 10 божји заповеди?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom