Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Добро шо е со градов навечер бе? Шо е филмов со убер сељачкава атмосфера шо владејт во центар? На секој чекор ебана турбофолк музика(читај: певаљка или певаљ). Накитен е градов со сељандури околу локалите шо се во најстрогиот можен центар во нашиов мал град. Се изнервирав, озбилно.

Ако е некој за групно фрлање молотови коктели наредниве недели нека ме контактират.
 
Совет за добар локал со жива свирка (али рок ова она)?
 
Одма лево пред кружниот ток, зад споменикот на Кирил и Методиј, поранешно Van Gogh.

Знам. Супер. Фала за информацијата.

Него смешно ми е што се смени името на Ајван Плажа во Бафало Бич. :pos: Вака звучи урбано, да али изворското име ми беше баш интересно. Се сеќавам порано пред да се среди тоа, коа идев со моите попладне на таа плажа која беше чисто фамилијарна со деца. Цела плажа така и делот кај што е сеа Куба Либре. Али вака барем испадна за вечерни журки ок место. На плажа си а не си далеку од градот т.е. пешки си идеш.
 
Јас уште си ја викам Ајван плажа, по олд-скул ми е така.
Иначе, за свирки мојш да ојш и Портал, ама мислам дек немат секој ден свирки.

Иначе едно обавестување:
Ни под разно да не сте се возеле со такси компанијана АКТУЕЛ.
Мене еден шерет ме помисли дек сум туриста, и кај кулине Христо трна да ме носит од Макси Д, а зедов такси од Охридска. Место од Феникс да ојт, тој цел круг сакаше да свртит низ цел град, куче џупско.
Мамето нивно.
 
Ного сељачко изгледа тоа со на секој чекој "жива" свирка, певаљките врескаат важно. Инаку фин град, ногу гужва.

Гранит плажата страшно е, си ги испосеков нозете и кога видов ногу мака, си земав влечките кои од карпине и они се скинаа. Инаку вчера на добрите бранови како се шлапкавме, бесплатна масажа наместо десет евриќи за пола саат. :icon_lol:
 
Добро шо е со градов навечер бе? Шо е филмов со убер сељачкава атмосфера шо владејт во центар? На секој чекор ебана турбофолк музика(читај: певаљка или певаљ). Накитен е градов со сељандури околу локалите шо се во најстрогиот можен центар во нашиов мал град. Се изнервирав, озбилно.

Ако е некој за групно фрлање молотови коктели наредниве недели нека ме контактират.

Абе страшна работа, ми се згади да одам по чаршија, ко некоја паланка да сме...

После амамот, на отворено шо е еден кафич, застанат еден човек-бенд со синтисајзер, пати и страда со Лепи громе, подолу малце од Фото Рекс ечи некое отепано турбо, на плоштад се натпреваруваат сите кафичи кој појќе песни од Сека ќе пуштит, а пак во Немо пред некој ден свиреше еден бербер наречен Жаре, го исвири цел шумадиски репертоар, а луѓево таму поблесави и од него, играа оро пред Немо.
Чадат лесковачките скари на сите страни, низ чаршија, покрај езеро. На Пиво фест во Прилеп помалце скара има. Чабе се туширам кога излегвам низ чаршија, дома ко ќе се вратам мирисам на шарска со примеси на џигер со лук.

Да не бев охриѓанец, немаше да дојдам во Охрид, барем не низ чаршијата. Градов се напрај катастрофа.

Мој предлог е да бегате што подалеку од центар, одете во Куба Либре, Кадмо Бич. Љубаништа и Градиште на плажа.
 
Лани бев за викенд во кафе Дак ме однесе еден пријател ,не беше воопшто лошо,добар и брза услуга цените му беа како и насекаде (100-ка пиво) ,имаше некој бенд свиреа солидно како што разбрав се менувале секој ден па и не ми изгледаше некое лошо место за да поминеш некоја вечер,вака со едно око се подразвртив наоколу имаше и доста сингл индивидуи внатре кој изгледаја солидно.
 
Ми се чинит годинава имај најногу лесковачки смрадој, селски певаљки и турбо-фолк од последниве години.
Почнаја со крадење сегде, по чаршија не поминвиш за помалку од 15 минути, освен ак не се туркаш меѓу концентрирана маса луѓе шо те пцует.
Зарди ова ми недостигат зимана.
 
Има ли бе негде смештај?
Не мора да е Охрид, некаде близу плажа да е...
Фала!
 
Утре идам, известете ги спасувачките екипи да бидат спремни во наредните 5 дена.
Смештај ако најдиме арно ако не по клупи ќе спиеме.
И сакав да прашам, дават бурек в полиција ако си гладен ?
 
Утре идам, известете ги спасувачките екипи да бидат спремни во наредните 5 дена.
Смештај ако најдиме арно ако не по клупи ќе спиеме.
И сакав да прашам, дават бурек в полиција ако си гладен ?
За смештај не грижи се. Ко ќе слезиш од автобус ќе имаш 30-40 понуди, дали за Велгошти или Видобишта ("блиску до центар"). Прво прашај кај се наоѓат, па после оди.
За бурек не грижи се, даваат тазе, само од пред неколку дена купен. Ама, пошо ќе си Охрид, бурекот ќе треба да си го платиш. :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom