ИСТЕКУВА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ВО 2012 ПО 99 ГОДИНИ

  • Креатор на темата Креатор на темата BILBIL
  • Време на започнување Време на започнување
Некој попи бан, нешто забришав.

ДРЖЕТЕ СЕ ДО ТЕМАТА.
Фрустрациите лечете ги на друго место, додека не станете администратори и не ги лечете тука, како мене :vozbud:
 
Кога Македонија ќе си ги врати одзменеите територии од договорот ке врнат круши од небото!А без друго сиот дел од Егејска Македонија до тогаш се смета дека ќе биде под море па не грижете се толку-гледајте на светлата страна-секако ќе имаме излез на море.
 
едно мало коментарче
идејате е родена а до реализација има да поминат уште 99 год
 
Ех, ќе истече, ама џабе, не верувам дека ќе си ги повратиме нашите делови. :(
Сепак, добро е што има мали шанси, минимални. Ако де, какви-такви, важно ги има!
 
А дали некој од вас уопште има прочитано Букурешки договор, па да запримети, онака случајно, дека нема времетраење? ..

За секој случај, да не испадне џабе толку врева...Проверете си.
 
А дали некој од вас уопште има прочитано Букурешки договор, па да запримети, онака случајно, дека нема времетраење? ..

За секој случај, да не испадне џабе толку врева...Проверете си.

Ме потсети баш гледав кај оној Миленко избеганион пред некои 2 месеца беше гостин еден историчар и цела емисија правеа муабтет за овој договор..и дојдоа до заклучок дека не е потпишан од сите релевантни сили во тоа време (Австроунгарија и Франција мислам дека го немаа потпишано) и дека никаде немало напишано времетрање на истиот и прекинување на важност.
Значи од една страна не е легитимен а од друга страна не ни е во ''корист''а факт е дека Македонија е поделена
 
Има друг член, кој ни е од голема корист. Грците го знаат тоа. Затоа и цела фрка околу името.

Не знам како точно гласеше, но од прилика беше вака нешто, доколку, некоја од земјите, прогласи независност, тогаш договорот е пу-пу не важи.

Со оглед на тоа, дека Југославија ја нема, сепак, Србија е директен наследник на Југославија. НО!!! Македонија, од друга страна, прогласи независност. Токму затоа Грците се трудат да останеме со референца Бифша Југословенска, за да се броиме како наследници на Југославија, и да не важи тој член.

Ме мрзи да читам точно што како беше. Си стои договорот во Букурешт, кој сака, трк по него. Со се амандмани со све.

btw, за Франција мислам дека е потписник. За Австро Унгарија не сум сигурен.
 
Има друг член, кој ни е од голема корист. Грците го знаат тоа. Затоа и цела фрка околу името.

Не знам како точно гласеше, но од прилика беше вака нешто, доколку, некоја од земјите, прогласи независност, тогаш договорот е пу-пу не важи.
За ова некој тврдеше дека не е точно. Дека не постои таков член. А Грција е у фрка пошто македонците почињаат да си ги бараат имотите кои им се одземени. Али битно за членот некој историчар кој го има видено оригиналот рече дека член таков не постои... :toe:
 
За ова некој тврдеше дека не е точно. Дека не постои таков член. А Грција е у фрка пошто македонците почињаат да си ги бараат имотите кои им се одземени. Али битно за членот некој историчар кој го има видено оригиналот рече дека член таков не постои... :toe:

Греши. Го прочитал само документот, амандманите не. 90 страни има букурешкиот договор. Штета што на нет само 4 може да се најдат.
 
Како прво Букурешкиот договор не е ограничен временски, втора работа е што тој не е потпишан од сите заинтигрирани велесили, што значи не е валиден. Замислата за обединување на Македонија е СФ, онака бар како што приметувам дека е наметната темава. Трета работа Голема Македонија не е обединета Македонија, тоа се територии кои со милениуми се македонски, што значи нема никакви претензии по туги територии. Голема Македонија би била доколку сакаме да ја стопиме Албанија за да излеземе на Јадранско Море.Сите идеи за големи држави се асимилирачки, така да не тресете глупости.
Македонија би требало да се обедини културолошки, а тоа е да смогнеме сили да ја истераме правдата, за Македонците да добијат свој Охридски договор во тие земји и да продолжат со негувањето на македонскиот корен на тие простори, а не за прилепување територии. Друга работа Македонците кои се истерани од Егејска, да им се вратат сите имоти, на тие што не се живи на нивните роднини и сл. И ако сакаме стабилна Македонија треба да пратиме абер половина од Македонците од светот да се вратат со своите деца во Македонија, оваа која ја имаме, за да не станеме малцинство во оваа грутка што ни остана, и да се крене процентот на Македонците во Македонија со најмалку 80%.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom