Тренерот повеќе внесува раздор во тимот отколку хармонија, управата е искарана со играчите, играчите меѓу себе, играчите со тренерот... Калакурница.
За навивачите: Почнавме супер, по 50-60 души да одиме на утакмици, ама од ко залади се изгубија сите, едвај 20 души останавме.
Јас сега ќе ви ја кажам целата фрка
Сегашната управа на чело со Климе Лоте (воедно и претседател и управа) заедно со тренерот Димитри Трифуноски немаат никаков проблем со играчите...ама буквално никаков проблем.
Играчите си се на време исплатени за се.
Единствената фрка е ПОРАНЕШНАТА управа на ФК Охрид, која го напушти клубот кога им беа најпотребни. Едноставно си заминаа и го оставија клубот на цедило и тоа на полусезона (добро се сеќавам како стоеше Охрид на табелата... 3-ти одоздола со само освоени 14 бода :kesa
И во тоа време за ФК Охрид никој не беше заинтересиран да го превземе (ниту Бошко Ремис кој располага со многу пари) познавајќи клубот колку пари само должи за вода,струја и како и за НЕИСПЛАТЕНИ играчи.
Тогаш на сцена настапи Климе Лоте кој го превзеде клубот заедно со тренерот Димитри Трифуноски и ги исплатија сите сметки за струја,вода и најважното им ги ислатија заостанатите плати на играчите(која ПОРАНЕШНАТА управа им ги остави) па дури им даде плата однапред на играчите кога ги започнаја подготовките за пролетната сезона.
А шо е НАЈВАЖНО...го вратија клубот од мртвите!!!
Клубот остана во Втора Лига!!!
Кога имаја само 14 бода и беа само чекор до трета лига...клубот опстана. Башка тоа шо ФК Охрид играја 3 натпревари настрана (100 км од градот) заради тоа шо клубот беше казнет (а за сето тоа беа криви ПОРАНЕШНАТА управа) и успеа да ги добијат сите натпревари, а знаеме како е да играш на друг стадион, а се сметаш како домаќин (исто како на неутрален терен да играш)
Инаку се играше на стадионот од ФК Победа во Прилеп.
И кога на ФК Охрид добро им тргна оваа сезона освојувајќи бодови на гости (Кожув - Охрид 1-2, Цементарница - Охрид 2-3, Брегалница - Охрид 0-2) од 4 гостувања во првите кола шо се одиграја Охрид донесе 9 бода и доживеа само еден пораз..тоа се 3 од 4, е тогаш СТАРАТА управа си го бараше назад клубот :uvo:
Велеа ,, Клубот е наш, ние го оформивме бла бла бла... ,,
И после толку успех на клубот и после толку пари шо потрошил Климе Лоте за клубот...тој да им го врати :nenene: :uvo: па нема смисла, нема апсолутна никаква логика да им се врати клубот на тие шо некогаш го НАПУШТИЈА клубот и го оставија на цедило.
Кога замеша прсти СТАРАТА управа тогаш почна клубот да има лоши резултати...па дури одржаа состанок без да го повикаат претседателот Климе Лоте и потоа за време на состанокот да кажат ,, Климе Лоте повеќе не е претседател, сега ние сме пак ,,
Па после да повикуваат играчи на разговор и шо уште не...има уште многу...ова е само дел.
И уште една причина е тоа шо е нормално како и во секој тим дека играчи се продавет и нормално ќе се повредат. Тоа беше случај со Клечкароски кој замина во Шкендија (знаете сигурно шо може да е причината штом заминал) како и повреди на неколку клучни играчи.
Кога ќе видиш Фантом, СЕГАШНАТА управа донесе се најдобро за ФК Охрид...додека СТАРАТА донесе како шо напиша ти
Калакурница.