ОК Silen, те разбирам... но муабетот ми беше нешто друго... Како да се реагира на обвинувањата насочени кон Груевски? Јас во ниту еден мој пост на овој топик не се изјаснив дека Груевски е виновен и дека треба да биде прогласен за криминалец. Но, сметам дека никој нема право автоматски да му даде амнестија само заради тоа што е негов приврзаник. А дали политичарите по default крадат, тоа е друга дискусија.
Патем, воопшто немав намера да ти ги извртам зборовите... Само сакав да потенцирам дека при јавно искажано сомневање за сторен криминал, аршините се секогаш различни... Така беше и во времето на СДСМ, така е и сега!