Грб на Македонија

Член од
28 август 2007
Мислења
17
Поени од реакции
0
Нели мислите дека Македонија веќе треба да го смени државниот грб?! Сите бивши социјалистички и комунистички републики го сменија грбот освен Македонија. Јас мислам дека треба да биде нешто како лав претставен на штит. Не сум сигурен дали темава е за тука.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
84
Поени од реакции
4
Нели мислите дека Македонија веќе треба да го смени државниот грб?! Сите бивши социјалистички и комунистички републики го сменија грбот освен Македонија. Јас мислам дека треба да биде нешто како лав претставен на штит. Не сум сигурен дали темава е за тука.

да треба да се смени земскиот грб на Македонија а и ќе се случи тоа само во наредните години а не сега.А сигурно дека жолт лав на црвено поле ќе биде за нов грб на Македонија.Како што и бил долги години наназад.:salut:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
не дека треба да се смени МОРА да се смени
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Општо за Хералдиката

Хералдиката е помошна историска наука која има за цел да го проучува настанувањето и историскиот развиток на грбот воопшто или на одделни грбови; да даде утврдени правила според кои треба да се составуваат, а потоа и ликовно да се изработуваат грбовите; да го утврди начинот на читањето (блазонирањето) на грбовите и да истражува на кого му припаѓа одделен грб. Името го добила според Германскиот збор "herold", што значи “гласник“.
Грб е специјална фигура или симболичко обликување, белег, амблем т.е. наследен, непроменет, постојан знак, составен според правилата на хералдиката, кој служи за разликување на одделно лице, род, општество, институција, град, област, народ, држава, корпорација, политичка, стопанска или црковна организација.

Првите Грбовници како збирки на грбови се појавуваат за првпат во Западна Европа во XIV век, додека на Балканскиот полуостров кон крајот на XVI век. Најстар Грбовник во кој има грбови на “јужнословенските“ народи бил составен од Ulrich Richental на прочуениот црковен собир во Констанца во 1414 - 1418 година. Вториот многу значаен Грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 година, направен од Конрад Груненберг.

Општо за Македонскиот грб

Македонскиот земски Грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правил. Тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не трпел големи измени, како што бил случајот, на пример, со бугарскиот грб, кој отпрвин имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни и најпосле - исправен лав. Исто така и српскиот грб долго време се колебал помеѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила додека станал постојан. Македонскиот грб не се сретнува во друг вид освен со лав. Значи, неговото општо својство е тоа што тој е постојан од неговата појава во 1595 до XX век.
Македонскиот грб за првпат се сретнува во таканаречените “Илирски Грбовници“ што почнале да се јавуваат од крајот на XVI век па се до XIX век. Како прв Грбовник се појавува оној на Петар Охмучевиќ, кој како и другите преродбеници зафатен од напредните идеолошки текови што се јавиле тогаш во Европа и на Балканот и како страстен приврзаник на “илирската идеја“, издигајќи го минатото на Јужните Словени, не можел да го изостави Македонскиот народ и затоа во хералдичките Илирски Грбовници напоредно со Српскиот, Бугарскиот и Хрватскиот грб, го става и Македонскиот, и на тој начин хералдички ја истакнува индивидуалноста на секој од овие народи одделно. Така, тие први на хералдички начин ја истакнувале идејата за автономија на секој јужнословенски народ, вклучувајќи ја тука и Македонија, во една заедничка “илирска држава“. Значи за Македонскиот грб карактеристично е тоа што тој прво се јавува во домашни, јужнословенски грбовници чија појава се врзува за учените католички кругови во Хрватска, Босна, Далмација и Дубровничката Република, а дури потоа во странските грбовници.

Најстар зачуван Грбовник е т.н. Грбовник на Корениќ-Неориќ од 1595 година.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.455
Поени од реакции
47.309
Многу би сакал да се смени фрбот пошто овој е комунистички и нема смисла во 21 век да се мафтаме со петокрака уште ние Куба и Кина не се откажуваме од неаsd .
Би сакал да го видам лавчето за грб повеќе од се ама требва да се свати нешто,ние не сме само овде во државава овде има еден народ со поголема власт од нас и како што слушав на вести пред некое време сакаат и некои измени во химната па и така и во грбот.
Конкретно за грбот голема причина што не ги сакам ДПМНЕ е зошто го прибраа за партиски симбол и во тек на овие 17 години максимално го огадија кај обичниот народ.Ама еве веќе и ДПМНЕ не е исто сега расфрла плати пензии и части земјоделци па со вакво темпо до крајот на мандатот можеби ке ја врати правата перцепија за грбот кај луѓето,и тогаш некаде при крај на мандатот ако истераат инат на ДУИ(тешко веројатно) може да добиеме и ние нормален грб.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Она што би сакал сите македонци да го прават без разлика на моменталниот државен грб е да го користат нашиот оригинален грб Лавот и тоа што е можно помасовно и почесто.
 

Attachments

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Лавот!!!!
Иако ДПМНЕ максимално го партизира, сепак тоа е македонски грб од искона.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Инаку, првичната идеја за грбот на Македонија беше овој:

На кој настојуваше Македонската дијаспора.
После тоа, на едно од првите собранија на независна и суверена република Македонија беше на дневен ред за гласање овој грб:


Не помина...
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Јас сум за првиот.

Ја има и антиката (Александар) а и организацијата ВМРО.
 
Член од
28 август 2007
Мислења
17
Поени од реакции
0
Јас мислам дека за лавот нема да се согласат албанците. Можеби на новиот грб ке го има нивниот орел, а тој орел ке го грее Македонското сонце.:pos2:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Јас мислам дека за лавот нема да се согласат албанците. Можеби на новиот грб ке го има нивниот орел, а тој орел ке го грее Македонското сонце.:pos2:
хмммм.. не хаха тој орел може да му држи сенка на Македонското сонце на овие пеколни горештини кои ќе продолжат и во наредните години.:vozbud:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Нели мислите дека Македонија веќе треба да го смени државниот грб?! Сите бивши социјалистички и комунистички републики го сменија грбот освен Македонија. Јас мислам дека треба да биде нешто како лав претставен на штит. Не сум сигурен дали темава е за тука.
Се согласувам дека треба да имаме нов грб, но исто така треба и некои политички партии да го исфрлат од својаупотреба земскиот грб на македонија за да можеме да го користиме како национален грб. Се додека они го употребуваат како партиска пропаганда ние нема д аможеме да го користиме како официјален грб на македонија. Затоа што лавот не е вмро-овски туку е симбол на сите македонци без разлика на чија партија припаѓаат.

овака треба да изгледа грбот на македонија

 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
84
Поени од реакции
4
ЗОТЕ НИТУ ЕДЕН НАШ СИМБОЛ ШТО ГО ЗНАЕМЕ НЕ Е НОВ ТУКУ Е ПО СТАР ОД БИЛО КОЈ РАБОТА ЗА КОЈА ЗНАЕ ИСТОРИЈАТА .АНГЕЛИНА МАРКОС ВЕЛИ НИЕ ИМАМЕ СИМБОЛИ КОИ СЕ ОФИЦИЈАЛНИ И ЈА ОДЛИКУВААТ НАШАТА ЗЕМЈА ПРЕД СВЕТОТ И СИМБЕОЛИ И ИСТОРИЈА КОЈА НИЕ ЈА УЧИМЕ ОД НАШИТЕ РОДИТЕЛИ И ДЕДОВЦИ.ТАА ЧЕСТО МОЖЕ ДА КАЖЕ СЕ Е МАКЕДОНИЈА.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4



ova ne e loso taman ke docrket atinskite etiopci
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ЗОТЕ НИТУ ЕДЕН НАШ СИМБОЛ ШТО ГО ЗНАЕМЕ НЕ Е НОВ ТУКУ Е ПО СТАР ОД БИЛО КОЈ РАБОТА ЗА КОЈА ЗНАЕ ИСТОРИЈАТА .АНГЕЛИНА МАРКОС ВЕЛИ НИЕ ИМАМЕ СИМБОЛИ КОИ СЕ ОФИЦИЈАЛНИ И ЈА ОДЛИКУВААТ НАШАТА ЗЕМЈА ПРЕД СВЕТОТ И СИМБЕОЛИ И ИСТОРИЈА КОЈА НИЕ ЈА УЧИМЕ ОД НАШИТЕ РОДИТЕЛИ И ДЕДОВЦИ.ТАА ЧЕСТО МОЖЕ ДА КАЖЕ СЕ Е МАКЕДОНИЈА.

Што сакаше со ова да каже поетот? Јас убаво објаснив дека мора политичките партии кои го користат лавот како свој симбол под хитно да го отстранат како свое политичко обележје за да можеме да го избереме како наш национален грб на Р. Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom