Владата најави зголемување на платите и пензиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Fenomeno
  • Време на започнување Време на започнување
Во Шпиц мислам беше. Дефицитот е зголемен на 1% пишува.
Во тоалетната хартија од весник?
Повикувајќи се на кој извор/податок/институција, или од "доверливи извори" им е "информацијата"?
 
Сепак владата исполнуваќи работи што не ги вети во предизборието заборави да исполни барем една од оние што ги ветуваше на митинзите пред да биде избрана,или вие знаете за барем една работа,можеби јас не сум доволно информиран?:)

Епа зголемувањево на платите и пензиите не го вети, дури има изјава на Груевски од Капитал, дека и он смета дека има прголеми трошоци за плати на администрацијата и дека буџетот треба да се зголеми (значи скроз обратно од ова што го прави сега). И сега, новинарите прашуваат, зашто баш сега се решил ова да го прави. Има некои претпоставки, дека е заради тоа што се дигна прашина околу ОКТА, па сака да ја смири ситуацијата.
 
Во тоалетната хартија од весник?
Повикувајќи се на кој извор/податок/институција, или од "доверливи извори" им е "информацијата"?

Од институцијата Пратеник на Република Македонија.
 
Eдно не ми е јасно.
Значи, вие повеќе би сакале влада која ќе ги намали и онака "високите " плати за 34% ?
SWEDEN (како доктор по економија) сеа ќе ви каже како се намалува инфлација - им кратиш плати, нема пари во оптек и оп - нема ни инфлација.
 
Па тоа е исто пратениците откако ќе го потрошат својот глас за шиткање на некоја фирма од национален интерес стануваат како ислужена тоалетна хартија.:)
 
Ако сака да ги зголеми платите може да ја намали администрацијата, а не да го зголемува буџетскиот дефицит во моменти кога има огромен долг за ОКТА.
А ја мислам дека немаше реална потреба баш во овој момент да се рчкаат административците. Пак да прашам, што е со стечајците? Нели се они приоритет во случајов?
 
И сега што испадна значи? Дотичниот весник пишал нешто, а изворот на кој се повикува го нема.
 
Сепак владата исполнуваќи работи што не ги вети во предизборието заборави да исполни барем една од оние што ги ветуваше на митинзите пред да биде избрана,или вие знаете за барем една работа,можеби јас не сум доволно информиран?:)

Намален ДДВ за компјутерите и сончевите колектори

Макфакс
prazno.gif
prazno.gif
25.08.2007

Владата денеска донесе одлука за намалување на ДДВ-то од 18% на 5% за компјутерите, компјутерската опрема и софтверот, како и за сончевите колектори.
Според премиерот Никола Груевски, ова е уште еден чекор што Владата не им го ветила на граѓаните, но го направи врз основа на економското закрепнување на државата.
Намалувањето на ДДВ кај компјутерите, компјутерските делови и софтверот, според владините пресметки, ќе го намали приливот во Буџетот за околу 156 милиони денари.
„Крајниот ефект од намалувањето на ДДВ-то кај компјутерите и софтверот ќе го почувствуваат сите граѓани, а тоа е намалена цена на компјутерите и намалена цена на софтверот на компјутерот”, рече на денешната прес конференција премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека тоа ќе придонесе за поголемо користење на компјутерите од страна на граѓаните и фирмите во Македонија, како и значајна поддршка за развојот на конкурентноста кај македонските компании во ИТ секторот.
Премиерот истакна дека намалувањето на ДДВ-то кај сончевите колектори ќе придонесе за поголемо користење на сончевата енергија.
„Со тоа директно ќе се намали потрошувачката на електричната енергија, ќе се заштити и унапреди природната средина, а Македонија ќе го даде својот мал придонес во борбата против глобалното затоплување”, рече Груевски.
Македонскиот премиер истакна дека со намалувањето на данокот за сончевите колектори приходите во Буџетот ќе се намалат за 49 милиони денари, но заштедите за струја ќе бидат далеку поголеми.

ABC, Сега ќе можеш уште десет компјутери да купиш и да придонесеш кон развојот на економијата на државата. За да те поттикнам на рентабилност - ти давам идеја да ставиш и сончеви колектори за да заштедиш електрична енергија како што направив јас пред некој месец. :wink:
 
И сега што испадна значи? Дотичниот весник пишал нешто, а изворот на кој се повикува го нема.

Изворот не е пратеникот. Иначе тоа е изјава на Слободан Најдовски. Пратениците во секое време имаат пристап до статистиките. Има изјава и на Ванчо Узунов во Утрински или во Дневник, истото и он го збори, дека од економски аспект, од аспект на буџетот, не е добра одлуката. Општопознато е дека буџетот е во дефицит.
 
Flava - фрли некоја пара : нема да биде во дефицит тогаш :wink:
 
И се дефицитира. Дел од најновата вест "Намалувањето на ДДВ кај компјутерите, компјутерските делови и софтверот, според владините пресметки, ќе го намали приливот во Буџетот за околу 156 милиони денари."
Што ќе се прави вака? Секој дом ќе има компјутери (оние фамилии кој имаат член на семејството вработен во јавна администрација, хехе) а ќе газиме по раскопани улици, ќе мирисаме отворени контејнери? Ма не, хвала пуно.
 
Еј стварно вас од Социјалдемократска Младина на Македонија не ви е лесно.Али јебига тоа ви е партиска директива од Шема да просеравате на секоја владина одлука.Моите дома се административци, со завршен факултет а имаат плата по 180 евра.Со оваква плата добро занете како се живее.Затоа напред за оваа одлука на Владата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom