Пристигнува лек кој ги брише непријатните сеќавања

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
sps_lek-brise-neprijatni-sekjavanja.jpg
Имате лоши сеќавања или трауми кои сакате да ги заборавите? Наскоро проблемите може да ги снема. Имено, непријатните спомени ќе исчезнат по конзумирањето на таблетата.

Научниците од Харвард и МекГила од Монтреал интензивно работат на завршните фази на овој магичен лек за амнезија кој ќе ги блокира и избрише непријатните спомени. Станува збор за таблета која предизвикува амнезија, но само на лошите спомени, која веќе е во тест фаза.

Техниката се базира на кршење на биохемиските сигнали преку кои ќе се дозволи мемориско рециклирање.

Овој лек ќе се користи на жртви од силување или останати тешки трауми кои предизвикуваат нарушување на квалитетот на животот.

Спроведено е тестирање на група жени кој биле силувани. Дел од нив, заедно со вообичаената терапија добивале и таблетка за амнезија, а останатите добивале и пласибо таблети.

За време на терапијата пациентките се замолени да ги искажат своите трауматични искуства кои им се случувале десет дена порано.

Недела дена подоцна жените кои го добивале лекот за амнезија покажале значително помала количина на стрес додека ги раскажувале трауматичните случки.​
 
пристигнува... кило коњаче со кока кола и нема да памтите кога последен пат сте биле тажни:)))
 
...eheheeee od koga ima takvi tableti,vikas, g'tash edna tableta pred spienje i opaaaaaa...sabajle se budish ---->>.ergenche... aj ja da vidam taa rabota sto e...:pos2:
 
Најдобро мозокот сам да се справи со стресовите и траумите, ако тоа може човек да го поднесе ќе живее 101 година. :) Сепак постојат и поинакви случаеви.
 
ДА се разбереме и да постојат такви апчиња сигурно како и сите други лекарства би имале контраиндикации за организмот...А и да ми ги џабе даваат тие апчиња не би ги зел ...Ако самиот јас не се справам со моите стресови и проблеми ништо друго нема да ми помогне...Од многу гледни точки лекот не е оправдан...Ако се избришат едни трауматични искуства други повторно се појавуваат со текот на животот а човекот се учи од сопствените грешки и падови и тоа го прави емоционално постабилен...
 
Закон! Ќе ја заборавам Анастазија!!!
 
Не верувам дека некакви апчиња може да избришат некоја непријатност. Сигурно дека ќе има контраиндикации и ќе бидат штетни. Никакви апчиња не може да го заменат она низ што треба сами да поминеме. Не верувам дека апчиња ќе ја решат човечката психа.
 
Не верувам дека некакви апчиња може да избришат некоја непријатност. Сигурно дека ќе има контраиндикации и ќе бидат штетни. Никакви апчиња не може да го заменат она низ што треба сами да поминеме. Не верувам дека апчиња ќе ја решат човечката психа.
се сложувам со тебе...:helou:
 
А зошто да избришеш некои сеќавања? Сигурно си бил доволно свесен коа си одбрал да ги поминеш тие моменти. Тоа се го сочинува твојот живот. Ако веќе се работи за стравови и нешта што предизвикуваат стрес, тогаш ќе мора да се соочиш со истите. Сите можат да поминат преку се, само се е до тоа како ќе се поставиме.
 
А зошто да избришеш некои сеќавања? Сигурно си бил доволно свесен коа си одбрал да ги поминеш тие моменти. Тоа се го сочинува твојот живот. Ако веќе се работи за стравови и нешта што предизвикуваат стрес, тогаш ќе мора да се соочиш со истите. Сите можат да поминат преку се, само се е до тоа како ќе се поставиме.

Немој со премногу голема сигурност да го кажуваш тоа дека сите можат да преминат преку се, да беше така немаше да има толку многу болни од шизофренија на пример. Секој човек има одбрамбени механизми (психички се разбира) и кај секој различно се справува со лоши искуства, зависно од одбрамбените механизми.

Ако е точен овој податок дека пронашле такви пилули, јас би ги одобрил само во екстремни случаи како што беше горе наведено при некои многу големи трауми, а не и раскинал дечкото или девојка му си фатила нов фраер и ајде кркај бонбонче. Веројатно така и ќе биде гарант ќе го искомерцијализираат леков (ако може така да се нарече).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom