Велигден и Божиќ во воени услови

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Фељтон

Меѓу мртвите непријатели ги барале своите браќа


Љубомир Терзиовски, кој водел дневник додека војувал како српски војник снимен во времето на српската окупација на Македонија заедно со учители од Порече и претставници на српската власт во овој крај

Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (18)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Кого го тепаат овие!? Кому му се радува човечкиот род, подобро да се рече изрод, кога се случува нешто вакво! На кого е насочено ова – на Бугарите, каде што е и мојот брат, од татко и од мајка, кога само него го имам. Јас се радувам на неговото загинување, а тој на моето!? Што добива тој со победата на тие таму, а што добивам јас со победата на овие овде?“, напишал Љубомир Терзиовски, учител од Македонски Брод, во својот дневник што го водел додека се наоѓал на Македонскиот фронт. Тој е мобилизиран од српската војска, а неговиот брат Венедик во бугарската.

Семејството Терзиовски е типичен пример на многу македонски семејства кои во тоа време биле под силен притисок на разните пропаганди. Љубомир учел српско училиште во Битола и во Скопје. Во почетокот на Балканските војни, тукушто завршен учител, бил мобилизиран од српските власти и целиот период војувал. Ја преживеал битката на Колубара, каде што бил ранет, а потоа со српската војска преку Албанија стасал во Крф. Сите три години бил на Македонскиот фронт.

На другата страна на фронтот се наоѓал неговиот брат Венедик, три години помлад од него, кој завршил бугарско училиште. Средниот брат Зарија отишол на работа во Романија, тогашно Влашко, завршил романска школа и се декларирал како Влав. Сите се определувале според тоа какво училиште завршиле.

Татко ми беше маркиран како србоман, а стрико ми како бугароман. Дома си живеевме во една куќа, а нашето македонство никогаш не доаѓало во прашање. Сите бевме Македонци. Татко ми беше српски учител, а јас како дете во Кралска Југославија учев кај него. Мораше да ни предава на српски јазик, а ние учениците моравме да му одговараме на српски, иако не го знаевме јазикот. Меѓутоа, кога ќе се сретневме надвор од училиштето или пак дома, не говоревме ниту збор српски, туку македонски“, вели д-р Растислав Терзиоски, син на Љубомир.

Тие три години, додека траел фронтот, Љубомир користел секаква можност да дознае за судбината на својот брат Венедик и обратно, Венедик за судбината на Љубомир. „Постојано се барале еден со друг. Според кажувањата и на татко ми и на чичко ми, цело време се распрашувале на сите страни дали се живи и здрави. Ако српската војска уапсела бугарски војници од поречкиот крај, татко ми кај нив се интересирал дали нешто слушнале за неговиот брат и, обратно, ако Бугарите заробеле српски војник, Венедик прашувал за брата си. Татко ми ми раскажуваше и за случаи кога на фронтот имало директни судири и пробиви од едната или од другата страна и кога ќе наиделе на убиени или ранети бугарски војници, внимателно го загледувал секој од нив за евентуално меѓу нив да не го препознае својот брат“, раскажува д-р Терзиоски.



Македонскиот историчар додава дека тоа го правеле сите војници што имале свои блиски на другата страна на боиштето. Имало и случаи за празниците, за Велигден или за Божик, да се довикуваат едни со други. Во дневникот кој Љубомир започнал да го пишува веднаш штом го мобилизирале биле набележани и повеќе такви случаи. Но, првиот дел, до 1917 година, семејството Терзиоски го загубиле за време на земјотресот во Скопје во 1963 година. „За мене е важно тоа што татко ми, иако беше српски учител, размислуваше како Македонец. Како човек тој беше против војната, а по убедување социјалист“, вели д-р Терзиоски.

Зачуваниот дел на дневникот на учителот се однесува на пробивот на Македонскиот фронт. Терзиоски во него жестоко се пресметува со тие што ги присилиле да војуваат, што ги терале да пукаат брат во брат, татко во син, Србите во Бугарите и обратно.

Каква е разликата меѓу еден Србин и Бугарин кои вака се колат... И дали тоа е желба на сите Срби и Бугари или желба на поединци и кај едните и кај другите, на кои судбината на сите нас им е дадена во доверба. И Австријците, и Турците, и Италијанците, и Французите, и Англичаните итн. се луѓе како и ние, сите имаат кратки животи, исто како и ние, па зар не би било подобро сите да сме браќа, како и што сме, да имаме една безгранична државна федерација“, размислува социјалистот Терзиоски.



Споредувајќи ја повеќегодишната борба на фронтот со некогашните гладијаторски борби во Рим, пишува: „И јас излегов да гледам кино во живо во 20 век. Како се фрлаат милиони во бездна, за што ќе се продаваат остатоците на опустошениот имот на мирното население, кое денеска трпи, исто како што го трпи населението од онаа страна гневот на истите такви злосторници кои вакви кина приредуваат и се коцкаат со животот на невини луѓе чија судбина е во нивните раце. Во овој момент господата дојдоа со силни и бесни коњи, со кучиња, опкружени со својата свита, на одредено место во батериите зеле двогледи во рацете и го посматраат овој циркус гладијаторски, ист како и кај некогашните силни Римјани во стариот век, кога ги терале робовите кон бесните лавови да ги расчеречат на парчиња, а тие да им плескаат од галериите. О, човештво и културо на 20 век! Што се смееш потсмешливо на оваа стара неписмена и дивјачка борба“, пишува огорчено учителот од Македонски Брод.

Лубомир Терзиоски е свесен дека не може ништо да направи за да се спречи тоа крвопролевање. „Во таква состојба сум како и сите луѓе со мои надежи да ја навалам главата, да молчам и трпам и да викам – ’разбирам‘ и ’така е‘, да велам дека снегот е црн или магарето лета. Јазик имам, но не можам да зборувам, нем сум и морам да бидам таков. Сигурно на ова еднаш ќе му дојде крајот и овие неми луѓе еднаш ќе проговорат“, се надева Терзиоски дека еднаш ќе се побунат тие што гинат против предизвикувачите на војните.

Иако тој постојано е во друштво со многумина страдалници како него, често е осамен и замислен околу тоа што се случува на фронтот. „Околу мене има цвеќе и зеленило, се наоѓам во прекрасна природна бавча, но немам кога и не смеам комотно да се прошетам и некој цвет да соберам. Одредена е патеката по која смеам да одам, а надвор од неа не смеам да мрднам. Околу мене само дупки од гранати ..., а под мене гробишта на покојните другари кои маченички го загубија својот млад краток живот во овој свет далеку од своите мили и драги кои желно можеби уште очекуваат и се надеваат на нивното враќање. Тие никогаш нема да им се вратат ниту, пак, тие ќе можат да го видат нивниот гроб. За кого умреа овие овде толку рано, предвреме!? Дали тоа е нивна желба и потреба или на некој друг кој ги држеше нивните судбини во свои раце и со нивниот живот се расфрлаше фалејќи се дека има храбри војници!? До кога вака, зошто е сето ова вака?“, се прашува македонскиот учител.

Проколнувајќи ги војните, извикува: „О, народе глуп и слеп, прогледај од оваа магла веќе еднаш, време е“.

Терзиоски со невидена омраза говори за тие што ги даваат наредбите, тие што единствено имаат корист од крвавите војни. На 18 јуни 1917 година во својот дневник го забележал и следново:

Времето е облачно, па и доста ладно... Внимателноста во рововите е зајакната, сите се будни за да нема изненадување, зашто дивјаците се користат со ваквото време, по вакво време го туркаат во пропаст својот мизерен и пренапатен народ, во смрт, за да постигнат успех и да ги гојат своите стомаци и потоа да ги полнат своите џебови од потта на истите овие сироти луѓе кои денеска вака слепо – со врзани очи - гинат за нив...“

Тој опишува и некои трагични сцени од боиштето во Македонија, кога бугарската војска се повлекува по поразот. „Хаубиците не' опсипаа со оган, ни ја затворија долината од обете стани и ни нанесоа големи загуби: 15 исфрлени од стројот, од кои четворица мртви на самото место, меѓу кои и десетарот Дакиќ, тешко ранети осуммина, меѓу нив и Г. Арнаутовиќ, кој сам со нож си го исече остатокот од ногата. Страшна слика. Веднаш потоа бараж. Бугарите отстапија преку Велес и ние излеговме на Гопеш“.

Во својот дневник Терзиоски отворено говори и за пљачкосувањата што ги вршела српската војска. „Пред да се стемни, нашите отидоа да ги одземат коњите, магарињата, овците, козите, свињите, сирењето и се' друго што е за јадење. Вистински панаѓур. Се колат овци на сите страни и се печат, се јаваат коњи, магариња на сите страни како Цигани-џамбази. Страшно е ова што се прави“, извикува Терзиоски гледајќи како се ограбува неговиот народ од војската во која служел.

По петгодишното војување, македонскиот учител, конечно, се враќа дома во Македонски Брод. „Какви состојби затеков – половина село запалено, половина од луѓето изумреле. Покрај татко ми, умреле и моите двајца стриковци. Долго размислував во текот на ноќта за сето тоа и дури во еден часот по полноќ заспав. Од предметите, на големо изненадување, затеков доста, спиев на својот кревет (само без душек) по пет години. Ни самиот не си верував“, го завршува својот дневник учителот Љубомир Терзиоски од Македонски Брод.

Мајките со насолзени очи прашуваа за своите чеда


Српската војска се враќа како победник, а во Србија и' се приредуваат големи пречеци. Меѓутоа, Љубомир Терзиоски не се радува на тоа, како што не се радуваат и многу други војници. „Напладне поминавме низ Валево. Летаат венци, се китат коњите на офицерите... Се китат офицерите со цвеќе. А сиротиот војник никој не го гледа, зашто тој и ништо нема и не е вреден. Тие другите се ослободители... По некоја сирота мајка со насолзени очи прашува каде е таа и таа чета, на тој и тој баталјон и прашува што е со нејзиниот син. Одговорите се разни: остана и умре од глад во Албанија, загина таму и таму, потопен е во море, умре на Крф, во Франција или загина на Солунскиот фронт. Сиротите старици се повлекуваат и се удираат во градите и заминуваат во своите куќи за да ја соопштат тажната вест. До најсреќните стигнуваат гласови дека синовите, браќата се ранети или болни, па останале во болниците, што нив донекаде ги потсмирува и им влева некаква надеж дека некогаш ќе им се вратат. Но, нема да ја имаат таа среќа – многу од нив нема да ги видат своите куќи, зашто одамна се умрени или загинати, само што не им се соопштува тоа“, ја пренесува Терзиоски трагичната слика по завршувањето на војната, во која еднаква цена платиле и победниците и поразените.
(продолжува)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=70A71F28198AE649AABCD61BD6CE866B
 

jutel

"убавите работи доаѓаат на крај"
Член од
25 март 2007
Мислења
952
Поени од реакции
2
да не дојде до тоа па ако дојде ке ни се еб* мајката на сите како сто билп во 1 и 2 светска војна за никаде
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Nevidenite masakri sproveduvale srpskite chetnici vrz mirniot makedonski narod glavno megju dvete svetski vojni.

Postojat straotni svedoshtva deka ovie zverovi ubivale i mali bebinja, zenite gi siluvale, a mazhite gi kolele, isto kako shto nivnite naslednici chetnici i ideoloshki somislenici gi kolea i nevinite zhrtvi vo Bosna i Hrvatska.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Споредувајќи ја повеќегодишната борба на фронтот со некогашните гладијаторски борби во Рим, пишува: „И јас излегов да гледам кино во живо во 20 век. Како се фрлаат милиони во бездна, за што ќе се продаваат остатоците на опустошениот имот на мирното население, кое денеска трпи, исто како што го трпи населението од онаа страна гневот на истите такви злосторници кои вакви кина приредуваат и се коцкаат со животот на невини луѓе чија судбина е во нивните раце. Во овој момент господата дојдоа со силни и бесни коњи, со кучиња, опкружени со својата свита, на одредено место во батериите зеле двогледи во рацете и го посматраат овој циркус гладијаторски, ист како и кај некогашните силни Римјани во стариот век, кога ги терале робовите кон бесните лавови да ги расчеречат на парчиња, а тие да им плескаат од галериите. О, човештво и културо на 20 век! Што се смееш потсмешливо на оваа стара неписмена и дивјачка борба“, пишува огорчено учителот од Македонски Брод.


Божиќ во воени услови на Западниот фронт во Првата Светска војна бил навистина историски феномен.

The Christmas truce: When the guns fell silent

So extraordinary was the Christmas truce of 1914 that some no longer believe it could have happened.

But as a new film recreates those days, Stanley Weintraub says it was no myth

...The difference then was in its potential to become more than a momentary respite. In retrospect, the interruption of the
horror, to soldiers "the sausage machine", seems unreal, incredible in its intensity and extent, impossible to have happened
without consequences for continuing the war. Like a dream, when it was over, troops wondered at it, then continued with
the grim business at hand. ...


http://www.independent.co.uk/news/world/europe/the-christmas-truce-when-the-guns-fell-silent-520598.html
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Mалку офф-топик за Англичаните, Германците и Божиќ.

Тие, немаа поим за славење Божиќ се до времето кога кралицата Викторија не се омажи за германецот Алберт.

Што ги натерало оттогаш да почнат со славење на Божиќ, не знаеме.

Божиќно дрво - како дел од традицијата на славење Божиќ е забележано во 5 век помеѓу византијците во Сирија.

Кај гејската црква, славењето каде што се вметнува Божиќно дрво е од 1940-те години од минатиот век.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Mene iskreno bozicno drvo t.e elka mi asocira na ''Dedo Mraz" a najmalku na Bozic.

Jeremiah 10:2-4:

"Thus saith the LORD, Learn not the way of the heathen, and be not dismayed at the signs of heaven; for the heathen are dismayed at them. For the customs of the people are vain: for one cutteth a tree out of the forest, the work of the hands of the workman, with the axe. They deck it with silver and with gold; they fasten it with nails and with hammers, that it move not." (King James Version)
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Близу си, ама незнаеш зошто.

Понатаму, порано.

На Божиќ во 800 година, повеќе од три векови по абдикацијата на последниот цар, Карло Велики, кралот на Франките, е крунисан за цар на Западнато Царство. Крунисувањето го извршил Леон Трети. Тоа случување било знак за обновување на Римското Царство, кое според пророштвата е последното од четирите царства пред Апокалипсата.

http://edu.com.mk/files/educom2/habsburgovci.pdf

Интересно, "На Божиќ", ден и датум кој воопшто не се празнувал во западниот свет.

Поблизу, според унгарската традиција, папата Силвестер II со согласност на царор на Светото римско царство Отон III испратил величествена круна накитена со злато, намената за Стефан, со апостолски крст и писмо со благослов, со кое официјално бил признат како христијански крал на Унгарија. Подоцна, оваа традиција била интерпретирана како папско признавање на независноста на Унгарија од Светото римско царство. Точниот датум на неговото крунисување е различно претставена, некаде Божиќ во 1000, а некаде 1 јануари 1001.

3ошто не се празнувал?

3атоа што, за такво нешто НЕ ПОСТОИ НИЕДЕН ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТ, прва референца за 25 декември како Ден Божиќ во Англија е од 1034 г. но и тоа е многу сомнително, бидејќи истиот НЕ СЕ СЛАВЕЛ се до времето на кралицата Викторија.

Едноставно, луѓето славеле се и сешто, но не и Божиќ.

Постојат записи за многу славења во декември (~25), но ниеден од нив не вели дека тоа било по повод Христовото раѓање , туку славење за ова, она.

Интересно, блгарите и ден денес не слават Божиќ, туку Коледе.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Интересни податоци.

Еве како било пред и после Божиќ:



Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (19)

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

„Не' истераа дури во Галиција, таму некаде на руската граница. Многу мака видовме. За леб претрпивме. На 48 часа еднаш леб ни даваа. Јадевме зелена трева. Не' тераа на работа гладни. Ќе си наберам трева и како стока јадам. Сол имаше. Сол и трева сите ќе лижеме цел ден. Кога видоа дека многу умираме, ни забранија да береме трева. Ако командантите те видат да береш трева, ќе те тераат сто или двесте метри гол да одиш. Дури да отидеш таму, дури да ти дадат алишта, ќе измрзнеш. А таму беше многу студено. Студено, мраз и ветер. Мора да одиш гол, инаку ќе те отепаат, не не есапеа за ништо“. Вака Никола Андонов од кавадаречкото село Конопиште го започнува своето потресно кажување за својот логорски живот како австроунгарски заробеник во 1914 година. Неговото кажување своевремено го забележаа Пане Емшов и Киро Андонов и го поместија во книгата „Тиквешки кажувања“, која претставува автентично сведоштво на страшните воени времиња кога страдаа и тие што војуваа, и заробениците, и нивните домашни.

„Леб ни даваа многу малку. Не беше тоа леб, ако го ставиш на огинот да го загрееш, ќе се запали. Лебот го месеа со трици. Сите имавме направено кантарче од дрво. Лебот го меревме со кантарчето. На двајца робијаши по еден леб. При делењето не даваме ни ронка да оди во друг“, додава Андонов, кој своите сеќавања од животот во заробеничкиот логор ги евоцира кога ќе наврши 84 години.

Тој раскажува дека додека биле во логорот, германските или унгарските командири ќе натерале некој од македонските заробеници да им свири на гајда. Тој ќе свирел, а тие - заробениците да играат. „Ние гладни, слаби, не можеме на нозе да стоиме, а не да играме оро. Тие те тераат, ако не, ќе те претепаат. Играме, се држиме еден со друг како слепци. Командирот си гледа сеир. На гајдаџијата ќе му дадат за тоа што свирел една порција повеќе“, ги раскажува Андонов можеби најдобрите моменти од логорот во Галиција.

Еден период, заедно со уште неколкумина, носел алишта до бањата за да се перат, а оттаму ги враќале испраните. Така, еден ден додека носеле алишта, тој и неговиот другар Огњан нашле една тиква крај меѓата на една нива. „Тиквата беше сланосана, направена како да е сварена. Ние, двајцата гладни, кога ја видовме, ги извадивме лажиците од торбите, сркаме, сркаме од тиквата како да јадеме маџун. Гладни сме. Ако тивката е раскапана. Не гледаме оти не е на огин ставена, ни на вода стоплена“, се сеќава Никола Андонов на тие гладни години.

Тој вели дека во заробеничкиот логор од глад и од ќотек секој ден умирале по 20-30 заробеници. На еден умрен му направиле обдукција за да видат од што починал. „Во стомакот му нашле само трева. Друго ништо. Потоа забранија да јадеме трева. Не ни даваа ниту на земјата да се наведнеме. Ако ни бранеа, ако ни викаа, ако не' тепаа, кога ќе заминевме покрај некоја поголема трева, божем овци заминале, сета ќе ја искосевме, со раце ќе ја искубевме и ќе ги наполневме џебовите. Тревата ја дробевме ситно во порцијата и одевме кај готвачот да ни стави чорба. Ако сака готвачот, ќе ти ја удри порцијата и ќе ти ја истури тревата. На 500 литри вода ставаа само пет кила грав“, си спомнува големиот страдалник од Конопиште, кој бил и српски и бугарски војник.

Тој кажува дека во секоја барака имало по 250 души. Стражарот ќе застанел на вратата на бараката и ќе почнел да вика: „Ајде, на работа сите!“ Кога ќе викнел, сите заробеници ќе се најделе на нозе и брзале да излезат. Арно ама, 250 души не можеле да излезат наеднаш. „Излегуваме еден по еден, а тој со суровицата само си тепа како снопје ’рж да чука. Нити те жали, а и нема зошто да те жали; нема зошто да те тепа, ама те тепа. Секое утро, ако некој во редот се поместил, кога ќе стасаше кај стражарот, ќе го удреше, а ако паднеше наземи, ќе го оставеше. Другите одеа на работа. Тој, сиромавиот, ќе станеше, ќе се влечеше, ќе се влечеше и пак ќе дојдеше на работа. Ако не дојдеше на работа, убаво ќе го дотепаа“, кажува Андонов за патилата во логорот.

Андонов раскажува и за погребувањето на умрените. Ќе собереле по триесетина умрени и сите во една дупка ги закопувале. Во сето тоа само една особина била добра кај Австроунгарците - ниту еден не закопале без сандак. „За секој сандак имаше. Гол ќе го стават во сандакот, ќе го заковаат и во дупка, било Турчин, било Македонец, било Србин, сите во една дупка ги закопуваа. Имаше и попови - заробеници, ќе запееја надве-натри и ќе си кинисаа. На петмина умрени се ставаше по еден крст. Дрвен, од големи штици направен. На крстот пишуваа: име и презиме на умрениот, од кое место е, општина и од која земја е. Без име не оставаа ниту еден. Ако имаше 20 души во дупката, се ставаа четири крста. Нашата барака носеше мртовци на гробиштата. Одејќи така еден ден низ гробиштата, го најдов еден наш селанец. Беше умрел, а јас не знаев. Го најдов на крстот напишан. Се викаше Дело Ничев. Пишуваше: ’Дело Ничев од с. Конопиште, Македонија‘. Веднаш им пишав писмо на домашните. Писмото стигнало по два месеца. Нека си знаат, да не го чекаат повеќе“, им раскажал на Емшов и Андонов страдалникот од Конопиште.

Никола Андонов во Галиција, во градот Хајрезрин, бил во ропство 14 месеци. Еден ден ги натерале да влезат во една црква и таму да ги затворат. Црквата била мала, а тие две-три илјади души. Сите не можеле да влезат во неа. Тогаш Германците ги боделе со големо дрвено копје. На еден селанец од кај нив кој се викал Петко со копјето му ја разнеле до коска левата рака, му ја расцепиле. Подоцна умрел. Доктор не го прегледал. Дури ги терале во бараките, тој патем си умрел.

Неколку месеци пред крајот на заробеништвото во логорот дошле фармери од Чехословачка да бараат работници меѓу заробениците. Секој зел работници колку што му требало. Тогаш Андонов со неговите другари заминал на една фарма. „Во Чехословачка ни беше многу убаво. Газдите беа добродушни. Првиот ден умреа неколкумина мои другари оти вечерта беше се прејале. Пред тоа, се' бевме гладни. Сега наеднаш ни дадоа многу јадење. Стомакот им се поду како тапан. Залепените, сплескани црева им попуштија. Јас едвај останав жив. Лежев неколку дена болен. Пиев некакви апчиња. Од нив многу се потев. Наскоро закрепнав. Чесите не' гледаа како да сме нивни. Се кажа ли Македонец, в раце те носат. Работевме лесна работа. Јадење ни даваа петпати на ден. И тоа машко јадење. Убаво не' хранеа и нови алишта ни дадоа. На нивата дури и пиво ни носеа. Една жена во селото го правеше пивото. Чесите зборуваа: ’Вода само волот пие, а човекот пиво‘. Колку сакаш пиј пиво. Никој не ти забранува. Многу рамно, рамно како тепсија. Многу жито се раѓаше“, се сеќава Андонов за најубавите месеци поминати во заробеништво.

Тој раскажува дека многумина од заробениците останале таму и се ожениле за Чехинки. Од Македонците ретко кој се оженил таму, зашто оттаму ги повлекла Бугарија. Им рекле дека ќе си одат дома. „Сите бевме радосни. Бугарите не' лажеа: ќе си одите дома. Што дома, кога дојдовме до Ниш, и од Ниш право за Бугарија, во Софија. И така уште 18 месеци продолживме како бугарски војници, дури да се растури фронтот. Не не' пуштија дома, не' испратија на фронтот. Во Пловдив бев пет месеци. Оттука не' префрлија во Дедијагач на Бело Море. Оттаму, пак, во Србија во Прокупле, Куршумлија, Ниш“, вели Андонов.

Тој вели дека тогаш многу војници загинале и од Бугарите и од Србите. Тогаш Бугарите им наредиле кого ќе го фатат, да го убијат. „Некого го заклаа, некого го запалија, некого го убија. Во една борба од мојата чета убија 25 војници. Јас тогаш се погодив близу до командирот. Тука блиску беше и мојот другар Ристе. Еден митралез на Србите пукаше на нас. Командирот ми нареди: ’Одете вие двајцата да го разбиете митралеското гнездо!‘ Мораш да одиш. Ако речеш не одам, ќе те застрела тука. Тргнавме со Ристе. Наближуваме кон митралеското гнездо. Го разбивме“, раскажува Андонов, кој за подвигот, заедно со неговиот другар, бил одликуван од бугарската команда.

„Тогаш Србите многу страдаа, ама и на Бугарите не им беше убаво. Нашиот командир Спасо Генчев од Пазарџик, по чин капетан беше, трипати со пари си отиде во Бугарија. Ќе граби, ќе зема пари од Србите, што е ова, забите го болат, ќе отиде дома со полни дисаѓи со пари. Имаше дисаѓи направени во седлото на коњот и таму ги криеше парите. Имавме еден фетфебел. Тој по душа беше добар човек. На планината Јастребац најдовме три деца без мајка. Беа оставени до една бука. Имаа по три-четири години. Малечки беа. Фетфебелот си ги зеде и ги однесе во Бугарија. Таму беше пораснале. Не знам што станало со нив. Така ги спаси децата. Ама имаше и многу лоши луѓе. Правеа гнасни работи. Се срамам да ги кажувам“, ја заврши својата воена одисеја Никола Андонов од Конопиште, кој по завршувањето на војната се врати дома здрав и жив.

Над 9.000 Македонци заробени од австроунгарската војскa

Според бугарски извори, во австроунгарските заробенички логори имало околу 9.000 Македонци. Од нив околу 3.000 биле ослободени од страна на Австро-Унгарија, а потоа присилени да се борат на бугарска страна, откако есента 1915 година Софија во Првата светска војна се определила на страната на Централните сили. Контактите со австроунгарските власти за ослободување на Македонците се вршеле преку бугарскиот конзул во Будимпешта Панче Дарев, инаку роден во Македонија. Посебна комисија со списоци одела од логор во логор и барала од Македонците да потпишат дека се Бугари ветувајќи им дека ќе си одат дома. Меѓутоа, наместо дома, биле испраќани во Бугарија и оттаму директно на Македонскиот фронт. Софија не успеала да ги ослободи сите. Се проценува дека во австроунгарските логори останале уште околу 6.000 Македонци.

Голем е бројот на Македонци што загинале во жестоките битки што се воделе на Дрина, Сава и на Дунав меѓу Србија и Австро-Унгарија. Има евиденција дека во борбите загинале точно 183.557 српски војници, но колку од нив биле Македонци - не се знае. Меѓутоа, ако се знае дека тогаш во српската војска биле мобилизирани над 65.000 момчиња од територијата што ја имала окупирано Србија за време на Балканските војни и фактот дека Македонците, неподготвени за војување, биле присилувани да се борат во првите редови против добро обучената и современо вооружената австроунгарска војска, може да се претпостави дека бројот на тие што не се вратиле дома е голем, сигурно повеќе од десетина илјади.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1B07169CEB4C0B40A81B4E387033777D
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Да не дојде до тоа, ако дојде ќе ни се еб* мајката на сите како што било во 1 и 2 светска војна, за никаде.
Сепак кај дел од Гермнците и Англичаните надвладеала човештина после четири години варваризам на фронтот.


Тоа, за жал, не може да се каже за нашите соседи кои со уште варваризам се фрлиле на уништување се македонско.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Македонија - етничката територија на Македонците, претрпела страшни загуби, посебно човечки, за време на војните/бандите (1868-1918), посебно во посочените години од насловот на темата.

Според бројот на населението и загубите помеѓу истото, Македонија сигурно држи црн светски рекорд во загуби, но за жал, ние никогаш нема да дознаеме ниту за приближна бројка на загинати, осакатени, раселени, силувани луѓе.

Да не заборавиме, Солунскиот фронт беше на Македонска територија, милиони војници од двете страни на фронтот, во продолжение на неколку години.

Има нешто за кое треба можеби и нова тема, загубите кои ги претрпеле Македонците во војните, но од болести, посебно колера, тифус, маларија, и т.н.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom