Опозит на љубовта

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
"Те мразам најмногу од се, од дното на душата"...
Има многу варијанти да изразиш мразење, на секого му се случило да каже,чуе или во краен случај да помисли нешто вакво на кој/а што сме го/ја сакале или не сакал/а, сеедно.

Е сега, дилемата е дали "те мразам" е опoзит на "те сакам"?
Кога подобро ќе размислам, тоа "те мразам" може само да го кажам за личност која нешто ми значела и најверојатно сеуште ми значи, личност која разбудила некое чувство во мене.

Токму затоа линијата меѓу љубовта и омразата е многу тенка т.е. лесно можеш да засакаш некој/а што си го/ја мразел и обратно.

Зборот ми е, кога постои такво силно чувство како омразата постои
можност тоа чувство да се претвори во љубов но кога има рамнодушност тешко тоа да се случи.

Мислам дека не омразата туку рамнодушноста е опозит на љубовта зашто само тогаш нема чувства ни интерес.За разлика од рамнодушноста, омразата заедно со љубовта претставуваат двете најсилни човечки чувства.


ПС:Оваа тема нема врска со темата "Од љубов до омраза", да не ги спојувате.
 
Да, се сложувам... рамнодушноста е спротивност на љубовта. Омразата е сепак чувство за разлика од рамнодушноста.
 
Имаш право за ова, бидејќи најчесто изјавите “Те мразам“, можеби и не се толку искрени и можеби се кажани за да се скријат вистинските чувства..Значи ако мразиш некого сепак чувствуваш нешто за него..Рамнодушен да си, не знам како би го извела тоа, ама да, тоа е опозит на љубовта.
 
Во некои случаи и омразата може да биде опозит на љубовта...кога да речеме,почнало со омраза и тоа уште трае.
Ако почне со љубов,омразата после е само залажување дека љубовта,односно чувствата веќе ги нема...И во ваков случај нема опозит чувство на љубовта,секое понатаможно чувство би било само последица од љубовта што постоела.
Опозит на љубовта што постоела е едноставно да продолжиш со животот и да не се вртиш назад и да размислуваш за тоа што чувствуваш за ТАА личност.

П.С.Зашто "опозит"а не "спротивно"?!Па имаме наш јазик мајку му:)
 
Се согласувам дека рамнодушноста е опозит на љубовта.
И тврдам дека највеќе погодува рамнодушноста.
Кога некој сакаш или мразиш имаш некои чувства за таа особа, позитивни/негативни не е битно, важно чувствуваш нешто.
А кога си рамнодушен, тогаш ти е сеедно, не се замараш, не размислуваш за таа особа.
Факт е дека многу тешко паѓа ако на човекот што ти се допаѓа му е сеедно и не ни помислува на тебе.
 
nekoi od clenovite uste se neiskusni za ljubovta i sto e vsusnost ljubov na tinejdzerski godini prvo doznavaat sto e omraza i prvo vo zivotot e mrazenjeto a posle seto toa spoznaavat sto e vsusnost ljubov i kakvo znacenje ima ljubovta.
 
"Те мразам најмногу од се, од дното на душата"...
Има многу варијанти да изразиш мразење, на секого му се случило да каже,чуе или во краен случај да помисли нешто вакво на кој/а што сме го/ја сакале или не сакал/а, сеедно.

Е сега, дилемата е дали "те мразам" е опoзит на "те сакам"?
Кога подобро ќе размислам, тоа "те мразам" може само да го кажам за личност која нешто ми значела и најверојатно сеуште ми значи, личност која разбудила некое чувство во мене.

Токму затоа линијата меѓу љубовта и омразата е многу тенка т.е. лесно можеш да засакаш некој/а што си го/ја мразел и обратно.

Зборот ми е, кога постои такво силно чувство како омразата постои
можност тоа чувство да се претвори во љубов но кога има рамнодушност тешко тоа да се случи.

Мислам дека не омразата туку рамнодушноста е опозит на љубовта зашто само тогаш нема чувства ни интерес.За разлика од рамнодушноста, омразата заедно со љубовта претставуваат двете најсилни човечки чувства.


ПС:Оваа тема нема врска со темата "Од љубов до омраза", да не ги спојувате.

Јас лично не мислам дека треба некого да љубиш за да го замразиш, што ако некој што не го ни познаваш влезе кај тебе дома, опљачка, убие се што му се најде на пат (не дај боже стварно да се случи). Ќе го мразиш тој човек од дното на твојата душа, а не си го ни познавала претходно, не си знаела ни дека постои.
Рамнодушноста не ми стои за опозит на љубовта, како што напишале гледам и другиве, бидејќи така треба тие да се стават на токму спротивна точка една од друга, а некако не ми се спротивставени. Башка рамнодушноста не влегува во чувства, тоа е состојба кога не чувствуваш ништо за некого, што пак немора да значи дека нема да почнеш да чувствуваш ако така наложи некоја одредена ситуација.
За сите три значи: љубов, омраза и рамнодушност, мислам дека не зависат една од друга, за секоја од нив е потребо само некое директно или индиректно делување или неделување на некоја особа. На пример, ако некој ни направи добро дело го сакаме, ако ни направи лошо го мразиме, ако не прави ништо (се разминуваш на улица со некој што не го познаваш) рамнодушен си спрема него. Е сега ако некого претходно сме го сакале или мразеле, за да станеш рамнодушен кон некој таков треба да помине време да се смират страстите и јас тврдам дека не треба да ти е пред очи, без разлика какви чувства биле во прашање.
 
Од искуство кажувам, дека ако има нешто обратно од љубовта, тоа е рамнодушноста.

Кога сакаш некого, покрај другото мислиш на него, се грижиш за него, гајле ти е за него.
И кога мразиш некого мислиш на него, нормално, на друг начин... размислуваш што и како било, што ќе правиш и слично.
САМО кога си рамнодушен спрема некого го немаш во мислите на ниеден начин.

Е тоа е многу поразлично.
 
Се согласувам дека рамнодушноста би била обратно од љубовта. Немање чувства за некој е обратното од имање, а мислам дека е јасно дека во омразата постојат некакви чувства.
По логика (барем моја) љубовта е убаво чувство кое треба да исполни еден човек, да му даде енергија. Кај омразата е обратно. Тоа чувтсво само одзема енергија и ја празни душата. Од таа гледна точка може да се каже дека и омразата е опозит на љубовта.
 
Јас лично не мислам дека треба некого да љубиш за да го замразиш, што ако некој што не го ни познаваш влезе кај тебе дома, опљачка, убие се што му се најде на пат (не дај боже стварно да се случи). Ќе го мразиш тој човек од дното на твојата душа, а не си го ни познавала претходно, не си знаела ни дека постои.

Се согласувам со примерот што го даде, но тој човек е надвор од нашиот љубовен живот, таа омраза што би ја почувствувале би немала никаква врска со омразата што се појавува кон некој што имал некаква улога во нашиот љубовен живот.

Треба да се ограничиме кога зборуваме за омраза, т.е. да коментираме само за омразата што се појавува кон одредени личности во нашиот секојдневен па и љубовен живот без да навлегуваме во такви дискусии...не за џабе темата се наоѓа во Љубов и секс нели?
 
рамнодушноста е опозит на љубовта, тогаш нема чувства, едноставно сеедно ти е дали особата е со тебе или не, не те нервира зашто ти е сеедно, ни го сакаш ни го мразиш. Али гадно чувство.
 
Dali moze nekoj da mi objasni deka iako si zaljuben vo nekoja osoba mozes da i go kazes te mrazam-vo bes? me interesiraat mislenja i dali e mozno da se sluci :helou:
 
Тешко е да се категоризираат емоции, се е тоа толку испреплетено. Само разумот е тој кој што се труди да сортира. Значи ние со помош на разум треба да опишеме нешто што го надминува разумот. Уште во старт е погрешна намерата.

Но for the sake of the argument, да замислиме една шипка... од половината па се до крајот на десната страна е љубов, додека пак од половината па се до крајот на левата страна е омраза. Е сега таа шипка да ја свиткаме и направиме круг. Тогаш ќе се допрат краевите. Затоа се случува да лудо-заљубените личности од што се премногу заљубени да прејде тоа и во омраза. Доколку љубовта е минимална, нема ни да стигне до моментот на омраза.

Значи тоа е една иста емоција со различни градирања. Само разумот му има дадено 2 категории: љубов и омраза. Разликата е што таа емоција низ различните нејзини градирања ја чувствуваме во различни делови во телото, па можеби оттаму мислиме дека е нешто само-по-себе различно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom