Re: Прашања, предлози, совети, проблеми...
Princ напиша:
Mi treba dobar kompjuter za rabota. graficki dizajn. znaci nekolku teski programi ukljuceni vo isto vreme. sto preporacuvas majstore?
patem, ne stedi na pari..
Ако си на мисла дали Pentium или Аthlon, за графички дизајн ти препорачувам Pentium. Ако имаш пари на располагање, тогаш Mac ти е роден за дизајн.
Атлонот ти е брз ако работиш со една апликација, на пример Фотошоп. Ама ако отвориш уште еден програм како Илустратор или Корел, Фрихенд...И ако ти се активни два или повеќе вакви програми и во исто време рендаат, тогаш атлонот ќе почне да гребе, нема да можеш да се префрлуваш од програм во програм, прозорите ќе се спуштаат полека...Пенитиумот е поспор, но добро се снаоѓа со програмите за дизајн. Многу ретко доаѓа до блокирање или успорување при мултитаскингот.
Mac приказна за себе, сум немал искуство до сега да се сруши или закочи, нити пак сум слушнал некој од колегите и познаниците да каже дека закочил или има проблем со мултитаскинг.
Не знам какви се цените во Македонија во моментот, но мислам дека за отприлика 2000 евра можеш да земеш супер компјутер.
Ако ти требаат детални информации за тип на графична картица и слични работи, слободно прашај. Ти препорачувам Радеон, вистина дека грејат повеќе од Џифорсот, но подобри се за работа со дизајн програмите.