831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 6.982
- Поени од реакции
- 12.614
Родителите, барем повеќето не се спремни да им пружат најосновно воспитување, а не пак да се потрудат малку повеќе, како Ниче што вика(ве пукнав со Ниче), треба да бидеш изграден ти самиот, па потоа да градиш над себе, да имаш дете.Се е поврзано, и има заеднички именител.
Кога имаш младо стебло ти го калемиш онака како што сакаш да се развива. Така е и со луѓето, уште од мали нозе ги навикнуваат на бојадисани јајца.
Зошто?
Затоа што и нивните родители/брачни партнери/пријатели биле насилно воведени во црковната машинерија. Од родител на дете, од колено на колено и така до недоглед.
Колку од денешните институционализирани верници ќе беа она што се денес доколку нивните таковци, дедовци, прадедовци имаа слобода на избор?
Едноставно така се скроени па за нив тоа е едниствениот пат.
Малкумина се оние како Магус на кои им останало понекое перо во крилото, па се осудуваат да одлетаат од јатото на заведените.
Дозволуваат децата уште од мали нозе да бидат заведени со лаги и стравови за казни после смртта, наместо да уживаат во животот овде и сега, да се стремат кон повисокото, да бидат горди што се живи, наместо да се чувствуваат виновно заради некаков си првобитен грев.
Тешко е да се одлета од јатото, ти го знаеш тоа, треба челична волја...како вицот со пеколот, доколку некој најде начин како да се искачи и да избега од казанот, останатите, мнозинството го повлекуваат назад, тешка борба е тоа, но вреди да се бориш, тоа е единственото нешто вредно во животот...да не се предаваш!
:smir: