Навлегување во животот на други

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Колку си дозволувате мешање во туѓ живот?
Да појаснам што ми е прашањето.
Значи, постои млад брачен пар или партнери во подолга врска и вие со едниот од нив сте блиски (другари, пријатели, роднини). Лично сте виделе и со сигурност знаете дека едниот од нив не функционира како што треба, а вешто го прикрива тоа од својот партнер (има друг/а, коцкање, финансиски малверзации кои по извесно време би ги довеле до финансиски колапс, и сл.).
Дали би си дозволиле да му кажете на другиот партнер, кој ви е близок и сакате да го заштитите, а свесни сте дека може да направите сериозен проблем меѓу нив?
 
Па ако ми значи, ако ми е другар или другарка ќе и/му дадам до знаење дека партнерот нејзин/негов нема баш идеални особини или дека крие нешто од мојата другарка. Нормално до граница ќе се каже тоа, никакво мешање не е тоа, само давам до знаење дека нешто не чини се за доброто на другарката. Зашто и ја би сакала ако и кај мене во врска има таков случај другарка ми да ми каже.
 
Нема зошто јас да се мешам во туѓа среќа или во туѓ живот.
Ако приметам нешто таков,тогаш ќе зборам со човекот кој сум приметила дека нешто крие и би му рекла дека треба да разговара со другата особа и дека не е во ред да крие работи од неа.
Но,сепак доколку работите станат премногу сериозни.ќе бидам приморана,барем малку да се замешам и да и објаснам на особата,дека нејзиниот/неговиот партнер/ка треба да прави сериозен муабет и ќе откријам дел,но не се,бидејќи сметам дека тоа треба да го решат самите они.
 
Побрзо би разговарала со ``проблематичниот`` нешто како совет да си го признае проблемот и да разговара со партнерот околу то,отколку да се истрчам и се да раскажам на другиот.
 
Па ако ми значи, ако ми е другар или другарка ќе и/му дадам до знаење дека партнерот нејзин/негов нема баш идеални особини или дека крие нешто од мојата другарка. Нормално до граница ќе се каже тоа, никакво мешање не е тоа, само давам до знаење дека нешто не чини се за доброто на другарката. Зашто и ја би сакала ако и кај мене во врска има таков случај другарка ми да ми каже.

Да, ама ако само нафрлаш дека некој од некого крие, без докази, може многу лесно другиот да искористи и да сведе се` на "маалски мубаети" "муабети од љубомора".
Сепак, се работи за сериозна врска или брак каде секој би се подразмислил пред да рече "ми кажа другарка ми/ братучетка ми и верувам-така е".
 
Точно така.

Една моја другарка имаше сериозна врска (две и кусур години) и слепо му веруваше на дечкото. Се вртеа разни муабети за него, ама неа не и чуеше и мислеше дека сите зборат од „љубомора“. Какви муабети, можете да претпоставите-дечкото ја изневерувал.

И ете се случи дел од нашето друштво да бидеме сведоци на неговото изневерување. Си седна лагано типот спроти нас со некоја цурица, и сред љубење не` забележа.
Зборевме со него, рече демек му била монотона врската и ќе и` раскинел на другаркава.

Следниот ден ја прашавме како поминала со типот, а како одговор добивме „Вие веќе не сте ми другарки“. И толку, смртно ни беше лута.
Испадна дека типот и кажал дека сме планирале да го клеветиме пред неа бидејќи сите ние сме и љубоморни заради прекрасната врска и сакаме да ја расипеме.
После тоа имаше милион јавувања, да и објасниме што е како е, ама јок, не батали и си остана со него.
Нормално, по некое време го фати и самата како ја изневерува и „ни се врати“ во друштвото.

Можеби малку забегав накај Љубов и Секс, но поентата ми е-не се мешам во сериозни врски или бракови. Доволно било еднаш да се изгорам. На крај краева, партнерите би требало доволно да се познаваат еден со друг, и следствено на тоа-да забележат кога нешто не е во ред со едниот од нив.
 
Некако ми се чини дека е полесно да кажеш на некого кој има 18 години и кој е во врска. И кога се работи за другарство. Ама кога се роднински односи во прашање...
Од друга страна криво ти е зошто тоа да се случува, а ти си немоќен во ситуацијата.
 
За уши и главата на маса! Море и ќотек ако треба ке си добие! Има да каже и да признае све. Работа зад грб и лицемерие не дозволувам околу мене па што да е и кој сака нека е! Уште помалку ако другиот ми е близок или нешто ми значи!
 
bi navlegla vo zivotot na drugi samo ako mi e pobarano toa od nivna strana, mislam ako mi e pobarana pomos, ili ako primetam deka nekoj sto mi znaci trgnal po los pat i pravi nesto sto ne dolikuva na nego/nea... inaku ne se mesam bidejki na kraj jas mozam da izlezam vinovna
 
Веќе подолго време сум во средина на една врска со двајца мои другари. И таа ми е другарка од школо, а тој ми е како брат. И многу глупаво се осекам често затоа што и двајцата ми се доверуваат, а јас не смеам на никој ништо да кажам. Ова е малку надвор од дадената тема, ама поентата ми е дека на почетокот мислев дека ќе помогнам, ама сега само разбирам дека не треба во никој случај да се мешам. Што и да кажам, се плашам дека ќе излезе како навреда на било кој од нив и затоа не се осудувам да кажам било што. Гладам да го намалам моето знаење за нивната ситуација....
А што се однесува до дадената тема, во мојот живот постојат две, можеби три личности кои знаат дека ако им кажам нешто лошо за моменталниот партнер, не е од љубомора, туку дека имам со што да го поддржам тоа.
 
Да, ама ако само нафрлаш дека некој од некого крие, без докази, може многу лесно другиот да искористи и да сведе се` на "маалски мубаети" "муабети од љубомора".
Сепак, се работи за сериозна врска или брак каде секој би се подразмислил пред да рече "ми кажа другарка ми/ братучетка ми и верувам-така е".
Во ред е да се подразмисли, но сепак после тие муабети би требало да провери малку што се случува со нејзиниот/неговата партнер/ка.
Јас си ги познавам моите другарки, не верувам дека ако видам нешто и им кажам ќе излезам јас крива. Мое е да си кажам што и како сум видела, слушнала. Натаму си останува на другарката да си прави како што мисли дека треба. До сега не ми се случило да се мешам, немало причини. А поаѓајќи и од себе, поубаво би било другарка да ми каже ако се случува нешто со партнерот него да знаат сите, само јас не.
 
Некако ми се чини дека е полесно да кажеш на некого кој има 18 години и кој е во врска. И кога се работи за другарство. Ама кога се роднински односи во прашање...
Од друга страна криво ти е зошто тоа да се случува, а ти си немоќен во ситуацијата.

Малце е оф топик ама морав да постирам.
Слична е ситуацијата што ја кажа Скулгрл само што кај мене се сведе до расипување на роднински врски. Имаме една роднина која имаше маж, љубовџија. Сите ја советуваа за ситуацијата во која се наоѓа и таа со сите се испокара. Кога и самата дозна до каде е и што се случува наоколу, полека се смири со сите нас со исклучок на сестра и со која и ден денес не е во најдобри односи.
Поентата ми е во љувовен живот нема мешање освен ако имате матерјални докази дека личноста која ви е драга е изневерена.
 
...
А што се однесува до дадената тема, во мојот живот постојат две, можеби три личности кои знаат дека ако им кажам нешто лошо за моменталниот партнер, не е од љубомора, туку дека имам со што да го поддржам тоа.

Тоа е многу битен фактор при вакви ситуации: близината и довербата што ја имаме со тие личности. Ако веќе и се одлучиш да кажеш дека има нешто нечесно помеѓу нив да знаеш дека ќе ти веруваат и нема да биде сфатено како злонамерен потег.
Плус битно е и на кого кажуваш, односно каков тип на човек е тој на кого ќе му кажеш, како се носи со тешки ситуации, колку е психички стабилен...
 
Точно близината и довербата се најбитен фактор при вакви ситуации. Макар што треба да знаеш и кој како реагира или барем да помислиш како би реагирал во некоја таква ситуација. Сепак не е работата само да кажеш, туку и да можеш да им помогнеш некако кога веќе си одлучил да се мешаш во нивната приватност.
 
Да, ама ако само нафрлаш дека некој од некого крие, без докази, може многу лесно другиот да искористи и да сведе се` на "маалски мубаети" "муабети од љубомора".
Сепак, се работи за сериозна врска или брак каде секој би се подразмислил пред да рече "ми кажа другарка ми/ братучетка ми и верувам-така е".

Јас мислев за вистински другарки и другари, мислам дека го нагласив тоа, а ако ми е пријателка или познаник нема потреба да се мешам, не ни помислувам на тоа, затоа што ќе излезе тоа како кажа маалски муабети или од некоја си љубомора. Ќе и кажам само на мојата најдобра другарка дека имам приметено нешто, со никаква намера или цел, а ако сте вистински другарки таа сигурно нема да мисли дека се муабетите од љубомора. Не ми треба доказ, смешно ми е тоа, доволен е мојот збор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom