Децата си го прескокнуваат детството и после на 15/16/17 години ќе им биде досадно.Епа ќе им биде.Нормално.Кога се преживуваат порано од што треба.
Порано на тие години се играше жмурка,фудбал,децата сами си измислуваа игри...
Да не претеруваме,ова е општи муабет сепак,не филозофија и психологија.
Е сеа,од каде знаеш ти што е
нормално?
Да појаснам,за тебе е нормално на 15 години да почне да се излегува,на 17 да почне да се пуши,а пак во времето на татко ти и мајка ти,нормално било на 20 сето тоа.
Плус,никој не може да потврди кога е нормално детето да излезе од тинејџерските години,американците го имаат поставено на 20 (twenty),а пак на 19 технички си тинејџер (nine
teen).
Но не значи дека се они во право,или пак дека ти си во право.
Ниту пак децата што на 12 сега излегуваат во дискотеки.
Ова е една работа во која никој не е во право,бидејќи општеството секојдневно излегува од т.н. конзервативност,и прифаќа нови стандарди по кои сите се водат.
Во 19ти век,се излегувало со стројници.
Во 50ти години,била забранета популаризација на рок музика,како и излегување после 12.
Во 90ти,било твоето време.
Сега е време на некој друг.
И никој тука не бил ни во право,ниту пак грешен,тоа се стандардите на тие времиња.
Само да не почнете и вие како бабите,е во мое време како беше...
Како вие да сте ги преживеале сите други конзервативни и отворени општества,па знаете дека вашето било најдобро.
Некогаш е добро да еволуираме,а некогаш не можеме против тоа.
Сега,ако ние на 19 години,со глупостите кои сме ги правеле,почнеме да делиме совети на децата од 12,знам дека далеку ќе стигнат.
Затоа,остајте ги да си живеат како што сакаат,и сами да си сносат последици.
За другиот дел од темата...
И никогаш,
никогаш веќе,немој да се однесувате по Холивуд стандарди.
Бидејќи денеска,дозволено е на филм да се убие човек.
А не е дозволено да се убие куче.
Логика?
Нема.