На британската етничка карта на Централна и Југоисточна Европа издадена од Штабот на воените сили во 1916 година во Лондон, Македонците се претставени (признати) како посебен народ и нација под сопственото национално и историско име Македонци. Македонската етничка територијата на географска Македонија е одбележена со посебна линија и во легендата за нациите Македонците се посебно одбележени.
Ја имам постирано поголема верзија неколку поста погоре!
На грчката карта од Проф.
Георге Сотириадис од 1918, е претставена етничка „грчка Македонија.” На картата Македонците се претставени како посебен народ под сопственото народносно име Македонци со назнака (Словени) на целата нејзина територија. Одделно се одбележени, со посебни бои, подрачјата населени со муслиманско и со грчко население. Напоменуваме дека и топонимите се македонски.
Во 1924 г. се појави и германска карта на народите и јазиците на Балканскиот Полуостров. На картата Македонците на целата етничка територија на Македонија се претставени одделно, под сопственото национално и историско име Македонци, како и другите балкански народи: Бугари, Грци... Во легендата со посебна боја е одбележена македонската етничка територија и македонскиот јазик.
Едит:
Морав уште еднаш да ги поставам сликите од овој пост бидејќи незнам од која причина исчезнале на претходната страна.