Peugeot 308 RC Z

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Францускиот производител на претстојниот авто салон во Франкфурт ќе претстави концепт на атрактивно 2+2 coupe под името 308 RC Z

Голем дел од деловите на овој автомобил се направени од алуминиум, карбонски влакна и поликарбонати, а се со цел да се намали конечната тежина која би требало да изнесува околу 1200 kg.

Динамичните линии резултираат со коефициент на отпор на воздухот од само 0,65 што придонесува кон подобри перформанси, намалено потрошување на гориво и емисија на штетните гасови.

На надворешниот изглед големо влијание имал Audi TT па дури и димензиите од 4267/1840/1320 mm, се скоро идентични со моделот на Audi но, и покрај тоа овој модел ја задржува својата посебност и фамилијарна препознатливост.

Новиот развоен модел на Peugeot, го придвижува 1,6-литарски турбо мотор кој е развиен во соработка на PSA Peugeot Citroena и BMW за моделот 207 RC.

Моторот во овој случај, за разлика од стандардните 175 КЅ, благодарение на промените во ECU-то има снага од 220 КЅ. 308 RC Z постигнува брзина од 100 km/h за 7 секунди, а максималната брзина изнесува 235 km/h.

Моторот е спарен со новиот 6-степенски мануелен менувач, а просечната потрошувачка изнесува 6,7 литра на 100 километри, додека емисијата на CO2 е 160 g/km. 308 RC Z e е опремен со Pilot Sport PS2 245/40 R19 гуми на Michelin, 19-цолни полирани тркала со големи самоладечки кочни дискови со размер од 360 mm.

Колава е ..... :zver:

111111111ln6.jpg


222222222222222aw0.jpg


33333333333333333qf9.jpg


4444444444444444mp2.jpg
 
Иако е доста различна,ме потсеќа некако на ТТ-то
 
Копија на ТТ. Сепак колкава и е цената на колата? Мислам дека цената ке биде пресудна за продажбата на возилото. Сепак ова е тенеќе според мене и доколку би се прашувал јас нема никогаш да го купам ова.
 
Мммммммммммммммм најс најс..освен што личи на ТТ погледнете го отпозади, со подолг кров уствари самите стоп светла се потполно исти како на Nissan 350 Z
 
Kako i da e koga ke doe u makedonia ke bidam eden od prvite sto ke ja povozi
 
.Многу убаво направено. Како нисанот е цело
 
dozvolete da ve nadopolnam
ECU- Electronic Computer Unit
 
По по по, чудовиште!
 
Кога ја видов колава мојата прва реакција беше:

Длабоко вдишување..... (по неколку секунди) гласно издишување

WOW прекрасно нешто!!! иста ваква реакција имав и кога видов 907ката

060614007iw7.jpg


9070408ab002uf6.jpg


8981gq3.jpg


Aххххххх
 
Некако сум многу скептичен за Французиве. Незнам зошто ама тие резервните делови што им се скапи најмногу ме плашат. А гледам почнаа да ги копираат Германците. 308-ката личи на Ауди ТТ, а 907-ката некоја копија на SLR M`claren (во делот на хаубата, крилото предно и издувот краток што излегува позади предното тркало!)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom