Фантазија

  • Креатор на темата Креатор на темата dete
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Велат дека фантазирањето е една од клучните ствари во животот на човекот, понекогаш само за да се избега од реалноста и да се остварат барем во мислите некои работи кои толку многу ги посакуваме, а понекогаш дури е и алтка во еволуцијата на човечката мисла и развој.

Дали фантазирате, колку често и какви се воопшто вашите ставови кон фантазирањето?

Јас сакам да фантазирам, сакам да се пофалам со тоа дека имам бујна фантазија, можам да се препуштам максимално на своите фантазии и да уживам во нив. Понекогаш тоа го правам кога сум сам, но и во друштво. Се случува собрани кај некого дома да се рашират муабети за најразлични теми, кој каде би живеел, каде би идел на одмор, што би сакал да постигне и слично, и искрено знае да биде прилично интересно :)
 
Интересна работа е фантазирањето :) ама некогаш знае да биде доста гадно, се задлабочуваш така, си мислиш на се` и сешто, моментално убаво ти е на душата, на Ибица си со саканиот/саканата :) и после 'back to reality' седиш в соба и умираш од досада :) Ама во главно, сакам да фантазирам и можам да кажам дека често го правам тоа, без разлика дали сама или со соговорникот, ако не друго барем додека го правиш тоа убаво се осеќаш...
 
Уживам во фантазиите!Не го правам тоа многу често,но кога се губам од реалноста тоа го правам со душа!Ме релаксира!
 
Не сакам да фантазирам,зашто така си го замислувам светот како прекрасно место за живеење и тоа ме вивнува во облаците,а кога ќе ми текне на реалноста,исто ми е како некој да ме треснал од земја...
 
Секој си има два света у глава,едниот е овој што сите го знаеме,другиот е фантазијата,со своја физика и хемија:lud:.Сите фантазираме,и фантазијата неможе да биде болна ако си свесен дека фантазираш,ако боли тоа е ради надежта.
Фантазијата освен во глава глеам да ја материјализирам колку толку,најчесто преку цртеж.
Не ја мешајте фантазијата со копнежи.
Фантазијата според мене е креативниот дел и можноста за детални визии.
 
Мојот омилен начин на бегство од реалноста.
 
И јас имам бујна фантазија.. често фантазирам.. најчесто кога сум сам. Па нема ништо лошо во тоа.. да излеземе од реалноста во која не можеме да го оствариме она за што фантазираме..
 
Една од најосновните потреби на човекот е да избега од реалноста. За мене фантазирањето е надобриот метод за тоа. Секогаш кога сум повреден или тажен, мозокот сам ме води ин фентази релм...и помага...како терапија ми е:toe:
 
obicno znam da fantaziram koga dolgooo vreme nemozam da zaspijam.pa taka za da se opustam najcesto zamisluvam deka sum pokraj okean sosema sama i go gledam zajduvanjeto na sonceto.ama fala bogu brgu se vrakam vo realnosta
 
...

Велат дека фантазирањето е една од клучните ствари во животот на човекот, понекогаш само за да се избега од реалноста и да се остварат барем во мислите некои работи кои толку многу ги посакуваме, а понекогаш дури е и алтка во еволуцијата на човечката мисла и развој.

Со ова потполно се сложувам!Но Агата Кристи има еднаш речено „...Фантазијата е добар слуга, ама лош господар...“

Дали фантазирате, колку често и какви се воопшто вашите ставови кон фантазирањето?

Фантазирам, постојано.Само тоа го правам често за нешто да напишам, да се релаксирам малку од општеството во кое живеам, да се одморам или просто само за да ми биде убаво.
Во последно време фантазирам дека ќе видам една личност.
Став?
Се е ок, додека не ги премине границите на нормалата.Добро е да се препуштам, но не и да се изгубам.
 
Фантазирам но, се помалку и помалку....

Почнувам да го гледам животот од реалната страна. Светлата страна не е секогаш реалната. Зафркнати работи се случуваат и добри - и лоши.

Фантазијата само да ни помогне да им избегаме мисловно на оние лошите, да ги понапумпаме добрите. Имаше една мисла која ја имам слушнато некаде: Фантазијата е како велосипед за вежбање, не може да те однесе некаде, но може да ти ги зацврсте мускулите.

Значи ако ја гледаме фантазијата како инспирација, како поттик за да направиме нешто покасно - тогаш е ок.
 
Па фантазирам ама некако се држам во рамките на реалноста... Некако не сакам да забегувам. А покасно излегуваат некакви идеи за некои работи кои стварно се добри.
 
да немаше фантазија немаше да има прогрес!!!
порано луѓето фантазирале да летаат а денес навистина летаат и сл.
па и кај обичниот човек фантазијата има слична улога, доколку не се претера со залетување

ја сакам фантазијата
 
Не сакам да фантазирам,зашто така си го замислувам светот како прекрасно место за живеење и тоа ме вивнува во облаците,а кога ќе ми текне на реалноста,исто ми е како некој да ме треснал од земја...

Па не ти е ваљда толку црна реалноста???
 
Ljubov dojde da ve vidi...

So ogled na toa deka sum umetnik,jas voopsto ne fantaziram,problemot e vo toa sto ziveam vo fantazija.Fantaziranjeto ne e losa rabota,naprotiv mislam deka e mnogu interesna,samo vo umereni granici.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom