Модерни сељаци.
Оваа врста зема на се поголем број. Наместо етикета сељаци, овие стануваат најчесто идоли на генерациите. Како се препознаваат? Како прво модерниот сељак го презира класичниот сељак. За модерниот сељак е испод ниво да седне во кафана или не дај Боже да слуша турбо фолк (иако често улетува на Жаре Берберот). Модерниот сељак нема да го најдете во биртии туку во Тренд а после продолжува во Хард Рок каде што го чека сепаре. За него луѓето што излегуваат во Маракана на школка во парк или на андерграунд електронски журки каде што спонзори не се Кока Кола и Т-Мобиле се гадни и мрсни рокери или наркомани и забегани во главата трансери. За модерниот сељак тоа што е ин се поистоветува со она што е ин за скопскиот такозван џет-сет. Најчесто има нешто пари, некое си добро педигре, и има троа по грешка книга до две прочитано од која едната ако не и двете се обавезно Алхемичарот и Кодот на Да Винчи и знае како да не биде класичен сељак. Модерниот сељак пре ќе се отруе отколку да купи нешто во ефтин бутик на распродажба или пазар. Ако треба нема да јаде ама маицата обавезно ќе му биде од Спрингфилд. Кај модерниот сељак се е во знакот на суптилноста. Ако класичниот сељак рече јас имам изебено 20 женски, за модерниот сељак тоа е селско. Тој тоа го прави на пософистициран начин. На пример: Абе не ми го збори Перо он нема видено пичка у живот (индиректен превод: За разлика од мене што сум ги прошол 100). Колата не му е смешно тунирана туку нормална, може малце нашминкана ама дискретно. Ама затоа секогаш му е на видно место за да ја гледаат (демек таму нашол паркинг не дека било на чело) и едвај чека да го прашаш за неа за да ти се испофали (демек пошто си го прашал да ти објасни за колата не ради тоа што сака курназ да се прави). Ќе нарача виски па дури и ќе почасти и ќе фрли 10000+ денари на вечер (дури и да треба многу да штеди после тоа) не заради тоа што се курчи видете ме колку пари имам, туку заради тоа што виски му е омилен пијалок и случајно оваа вечер му била погодена. А вискито му е поомилен пијалок и вечерта му е онолку погодена колку што има повеќе и попривлечни жени околу него таа вечер. Модерниот сељак ќе се појави на најкежуал роденденска забава во одело не за да даде ишарет дека е некое лејм секторско менаџерче во некоја фирма туку дека еве "случајно го викнале баш сега на некој важен состанок" и тоа го кажува со малку подналутен тон (демек е поднаљутен што баш ради тоа закаснил) а не со горд тон (каде што веќе наликува на класичен сељак). Ако модерниот сељак малку напреднал ги заборава другарите од средно и маало. Гледа да ги избегне на улица (еј не те видов/не те познав) затоа што сега има друг клан на познаници и нова ванаби елитистичка курва ала Сара Леши и не сака тие да видат дека имал во нивни очи просечни или испод просечни другари (најчесто ова значи посиромашни или луѓе што не се познати во Скопските шеми). Ако класичниот сељак оди на одмор во Македонија и пали на сред плажа скара за да смрди се на лукови и пинџури, модерниот сељак бил во Египет со девојка му во ол инклузив ама не бил на пирамидите да ги види затоа што за него е глупост да жртвува еден ден на плажа и љокање пиво на сметка на некои си историски срања и купови камења. Модерниот сељак од сон да го станеш знае колку го коштал саатот на рака или колкава коњажа му е колата а за Даут Пашин Амам веројатно мисли дека е еден од челниците на Ал Каеда и баш вчера го давале на CNN. Модерниот сељак луѓето што одат на театар и изложби или на алтернативни места ги смета за фрикови најчесто пропратени со кометар од типот: Искомплексирани будали што сакаат да бидат елита, ама не можат па сега ми се прават паметни. Е да и немаат пичка видено во живот. Модерните сељаци ги имаат завршено сите факултети. Путин е ѕвер или Перо ни ја заеба државата за нив се релевантни политички ставови. Абе светска криза е што да се прави и ќе ја дигаат пак нафтата од утре се исто така релевантни економски ставови. Ако те боли глава сигурно уште не си се напил Аспирин, мора тоа да е, е исто така медицински став. Модерниот сељак нема причина да се дружи со тебе ако не може преку тебе да се мушне до некоја работичка, да фати некоја врска или да дојде до пристап до цицлестите другарки на сестра ти. Он лицемерно ќе се поздрави и ќе те праша како си а не можеш да се видиш со него пошто братче знаеш работа, ова-она, обавези а го гледаш истата вечер со цицлестите другарки на сестрата на некој негов другар. Е тоа се модерните сељаци. Се е во знакот на софистицираноста. Или се успешни и сите се угледуваат на нив или не се па они се угледуваат на некои понапреди сељаци. А искрено повеќе си ги сакам класичните сељаци. Подобро ќе седам со некој што слуша Шабан Шаулич и збори за југото ама ќе ја подели и последната ракија со мене од срце одколку со модерниве идиоти коишто утре прва прилика да не си му од интерес ќе ти вика еј извини не те видов.