Грчка диверзија врз Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Покрај сите маки и невољи кој ги имаме деновиве со пожарите во Македонија,Грците пробаа и ни го урнаа енергетскиот систем со што ни покажаа дека практично кога сакаат не јебат кога сакаат си се сунчаат.
Лесноумните во власта на Македонија се отепаа од докажување и сликање пред камерите пред некој ден кога свечено им овозможуваа на Грците кога сакаат да ни го уриваат енергетскиот систем со пуштање на далноводот кон Грција:
Според Ивица Боцевски, портпарол во Владата, вчера по 16 часот се случил дефект на далноводот што ги поврзува електроенергетските системи на Грција и на Бугарија поради што прекинала испораката на електрична енергија. Во тој момент, од грчкиот енергетски систем нагло било повлечено струја што предизвика колапс на нашиот енергетски систем.
- Во моментов стручни екипи на МЕПСО работат на теренот. Тие пуштаат напон кон РЕК Битола за да се вклучи термоелектраната во системот. Но, бидејќи вклучувањето ќе биде постепено, уште неколку часа некои делови од земјава ќе останат без струја - укажува Боцевски.
Инаку, Македонија и Грција се потписници на меѓународен договор за испорака на струја, односно за покривање на недостатокот на електрична енергија во случај кога една од државите ќе има одредени проблеми.
Неофицијално, дознаваме дека Грчкото електростопанство вчера утро пратило некакво известување до МЕПСО, со кое наводно ги информирале нашите енергетски власти дека е можно да се случи поголемо повлекување на електрична енергија од системот.
Претставници на МЕПСО вчера утро тврдеа дека електроенергетскиот систем е безбеден и дека не е доведена во опасност енергетската стабилност на земјава, иако од неодамна најголемиот производител на струја ТЕЦ Неготино не работи бидејќи навреме не беше купен мазут. Од државниот преносен оператор МЕПСО претходно велеа дека нема проблеми во испораката на дневната количина на струја, иако таа е поголема за пет проценти во споредба со истиот период лани поради топлото време и зголемената употреба на клима уредите.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Според моите информации од луѓе од РЕК Битола, РЕК Битола била таа која што ги исклучила двата погона од енергетскиот систем кој врши „интерконекција“ токму поради повлекувањето на струја од страна на циганите...а не дека циганите можат да не „колабираат“ кога сакаат...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Значи, ние можеме да ги заебеме циганиве?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
ЉОЉ, знаев дека ABC ја има отворено темава. Не е диверзија, хаварија се случи и ние имаме дел од кривицата, нека се изгради еднаш тој 2 далновод од Србија кон Грција и да си немаме мака. Вака можи и уште следните денови истото да се случи.


Денес нема да плукам по Грците пошто најдоа нешто хумано во нив и и помогнаа на Битола.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Значи, ние можеме да ги заебеме циганиве?
Кога сакаме, и колку пати на ден и да сакаме...:wink:

Затоа што практично, со далноводот Битола - Лерин, циганите закупија струја од нас бидејќи сме им поблиску а и поефтини од Турција...Сепак, циганиве повеќе ги мразат Турците отколку нас, а немаат друг избор...А не за друго, ние пуштивме срце заради нашите што се во окупираниот дел...:smir:

Но, неможе тукутака да си играме со нив затоа што РЕК е поврзна точка на Балканот...ќе страдаат и сите држави од околу :))
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Значи, ние можеме да ги заебеме циганиве?

АБЦ прочитал ама не дочитал... Гревче!

Еве ги информациите околу енергетскиот систем и околу тоа кој кого сака и може да заебава :

ГРЦИТЕ МОЛАТ ТЕЦ НЕГОТИНО ДА ГИ СПАСИ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА- МАКЕДОНИЈА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ПОМОГНЕ

Од МЕПСО не се сигурни дека ќе може да се обезбеди толкава количина од нафтениот дериват. Велат сакаат да и излезат во пресрет на Грција. Веќе се преговара и со рафинеријата ОКТА. Од скопската рафинерија за Канал 5 пак тврдат дека досега барање за набавка на мазут до нив се уште не стигнало. Велат дека ОКТА имала капацитет целосно да ја снабди со мазут термоцентралата.
Грчкиот весник „Екатимерини“ пак објави дека увезуваат струја од Македонија и Бугарија. МЕПСО демантираше дека од Македонија излегува струја во Грција.

Високите температури и клима уредите се причината што Атина е под рестрикции на струја. Грчката влада прогласи вонредни мерки за штедење на енергијата.

Ова не е прв пат што неготинската термоцентрала го спасува регионот од недостиг на енергија. Лани во истиот овој период централата работеше за Грција. ТЕЦ Неготино е во финална фаза на продажба. (канал 5)

АБЦ : ој најди порелевантни информации, не се берат како банани на дрво. :star:

P.S. Темава оди под клуч поради две причини :

1. Информацијата не е точна.
2. Преку куров од автовиктимизација и од ширење глупости.
3. Ако сакате да отворите тема во политика и вести, проверете ја точноста на изворот, на веста и формулирајте ја добро темата.

А ако не сакате да имате проблеми со струја, инсталирајте си динамо на некој фитнес-точак, ем ќе ви служи за нешто (да ги размрдате коските после легачњето пред екран) ем ќе имате струја. :star: (Јас некни инсталирав фотоволтаично осветление и работи супер - eве идеја :wink:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom