- Член од
- 18 јануари 2011
- Мислења
- 1.268
- Поени од реакции
- 958
Точно десет години од крвавата заседа кај ВЕЈЦЕ.Нашиот непробол каде беа масакрирани и живи запалени 8 македонски бранители.4 припадници на волците и 4 припадници на тигрите.На 28 април 2001 година, 16 припадници на специјалните единици на војската ("волци") и полицијата ("тигри") беа нападнати од заседа, додека со возила патролираа на Шар Планина, во околината на Тетово. Припадниците на ОНА во заседата ги убија армиските командоси Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески и Миле Јаневски и полициските специјалци Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. Ги начекале во заседа, пукале во нив и така ранети ги касапеле со ножеви, по што живи ги запалиле.