Докажано е, со научни методи.
А како мислиш единица мерка?! За што?
Антиматеријата преставува спротивно на материјата, т.е. протонот кај антиматеријата е негативно наелектризиран, а електронот позитивно.
Види сега ние луѓето ти сме чудни суштества најмногу во што веруваме е во нашето сетило за вид кое често може да не излаже.
Порано гледале дека чашата стои на масата и ако премине преку работ дека ќе падне и ќе се скрши, така да планетата земја била рамна плоча се додека не сме ја заобиколиле со бродови и се докажало дека е топка сфера а не рамна плоча. Немој да мислиш дека и тогаш не било научно докажано дека планетава е плоча. Денес ние преку телескопи гледаме разни чудесии супернови антиматерии ама ние никогаш не сме отишле таму за стварно да се увериме што е што.
Е сега единица мерка за што па за се, пример ние кај материјата можеме се да измериме волумен, плоштина, температура итн. во зависност од нашите потреби и тоа го можеме на сета материја. Ама дали можеме тоа да го направиме на таа наречена антиматерија.
Еве ќе ти набројам неколку материи за кои што секој ќе се согласи дека постојат: Вода, земја, воздух, нашите човечки тела, животните итн.
Ајде ти кажи ми барем една антиматерија која што постои ја има таква?