Препознавање на допир, 5 камери, проектор, 30 инчен (76 сантиметри) монитор кој работи на Виндоус Виста и може да се конектира преку лан кабел, ви-фи или блутут се главните карактеристики на револуционерниот Мајкрософт - Surface. Сега за сега единствен минус на машината, која од ноември годинава излегува во продажба, е цената помеѓу 5 и 10 илјади долари.
www.microsoft.com/surface
WOW што е ова... не се нормални овие од мајкрософт... дефинитивно вака ја замислувам иднината, како би требало да се движи компјутерската технологија
Еве нешто и од сајтот на Мајкрософт Македонија

www.microsoft.com/surface
WOW што е ова... не се нормални овие од мајкрософт... дефинитивно вака ја замислувам иднината, како би требало да се движи компјутерската технологија
Еве нешто и од сајтот на Мајкрософт Македонија
На 29-ти мај во Њујорк, главниот извршен менаџер на Микрософт, Стив Балмер, го разоткри првиот производ од новата категорија на производи на Микрософт - Microsoft Surface™, површински компјутер (surface computing) кој ги сруши традиционалните бариери помеѓу луѓето и технологијата.
Овој производ ја претвора горната површина на обичната маса во жива, динамична површина која нуди интеракција со сите форми на дигиталната содржина преку природни движења, допир и физички објекти. На крајот на оваа година, корисниците веќе ќе можат го искусат Surface во некои хотели, ресторани, продавници и на други јавни места. Интуитивниот кориснички интерфејс работи без традиционалното глувче и тастатура, дозволувајќи им на луѓето сами да стапат во контакт со содржината на информацијата или пак заедно со своите пријатели и фамилии да соработуваат, како и во реалниот свет.
Surface е 30 инчен дисплеј во форма на маса, што овозможува негово користење од страна на мала група на луѓе во исто време. Од дигитално боење со помош на прстот до виртуелен консиерж, Surface ја носи природната интеракција до дигиталниот свет на еден нов и повозбудлив начин.