Ауу какви гадни сонови значи стварно не ми се верува.
Луси ќе те замолам стварно да ми го објасниш ова, затоа што многу ме загрижува.
Сонував едно девојче од мојот клас ( патем да напоменам дека ја сакам, или барем мислам дека ја сакам, и јас незнам што чувствувам ) и бевме повеќе другари зберени и нешто како да се закачувавме на шала. Потоа се доближи до мене и јас некако како да сакав да ја гушнам, и ми се тргна од рацете некако насилно и падна на скалите и почна да и тече крв од главата. Потоа повикаа брза помош и ја однесоа, а јас отидов кај тетками и плачев. Кога си отидов дома уште на самата врата мајками ми рече дека умрела.
Значи таков грозен сон до сеа немам сонувано. Да и се случи нешто на таа личност мислам дека ќе немам веќе смисла за живот.
Иначе да напоменам уште една ствар, баш сеа станав само за сонот да го напишам и земав една чаша сок да се напијам, али кога ја полнев чашата некако необјасливо ми се лизна на бирото и се скрши горниот дел. Знам дека нема врска тоа со сонот, али кога ќе се случи таква коинциденција просто уште толку ќе се замрзнеш.
Луси кога ќе го прочиташ тоа одговори ми бргу, затоа што стварно сум загрижен, а и незнам дали да и кажам денес во школо за тоа.