Баш ме интересира како да го научам моево куче да се мокри и сере на едно место ?
Ќе земеш со крпа/весник/картон (било што) и ќе го намокриш од мочката каде што претходно се има измочано кучето. Темелно исчисти за да не се враќа повторно на истото место по мирисот. Намокрениот весник постави го на место каде што тебе ти одговара во куќата. За да го научиш мора да бидеш многу упорен, односно да го пратиш секое движење на кучето 24 саати на ден
. Обично одат во веце после секое јадење, после спиење и после играње. На околу саат ипол до два носи го цело време докај весникот и почекај да заврши работа и потоа награди го.
Ако направи беља некаде на друго место, обавезно мораш да го фатиш на дело (никако после тоа, пошто нема да има ефект), да го искараш и да го однесеш кон весникот, и кога ќе доврши таму награди го.
Се надевам ќе ти помогне. :helou: