Еве некои работи за факултетов (не ме фаќајте дека 100% од ова што го кажувам е точно, сепак ова е форум кајшто секој може да си го изрази своето мислење)
а) Професорите посветуваат внимание ако ги прашате и се тоа ама не вредат за да платите 10 пати повеќе од државен во државна квота, имаат исти предавања како на државен пасивни ништо поразлични од државен (зборам за економски смер веројатно е исто и на информатика не сум сигурен за полициска академија таму мораат да имаат некоја пракса + кај забарите).
б) Учениците се ужас, на секој час (зборам за економски смер) сите одат што позади и зборат додека збори професорот, скоро е невозможно да се сконцентрирате. Исто така 99% од тоа што приметив се богати и идат колку да се рече дека завршиле факултет.
в) Доста е нефер што во рекламите не спомнуваат колку многу дополнителни трошоци имаат, школарината е 2000 евра ама униформа е 7000 ден (нз колку точно беше), книги 200 евра, големи пенали (10-50% од школарината) ако не завршите на време (што само по себе е невозможно ако малце учите)
За секој испит се плаќа по 10 евра, за секој колоквиум 5 евра (плус административна такса), и треба да земете ливче за пополнување за секој испит или колоквиум откај нив кое кошта 10 денари лол
2 пати во годината имаат семинар која кошта 300 евра негде плус трошоци нели јадење пиење ако не идете на семинарот мора да изработите проектна задача која ќе кошта 50 евра значи +100 евра секоја година не ви бега.
Значи, прва година 2000 + 200 (проектни ако не идете на екскурзија) + 100 евра (отприлика за колоквиуми) + 100-200 евра за книги (не ме фаќајте за збор мислам тука негде беше) + 100 евра за униформа = 2500 евра минимум, значи 500 евра дополнителни трошоци првата година. Втората веројатно е најмалку трошоци, третата негде исто како првата ваљда бидејќи имаат и трошоци за бранење на семинарска итн.
Иначе за првата
...ако се запишете пред некој си рок земете таканаречена стипендија за прва година од 500 евра со која студирањето ќе ве кошта 1500 евра али тука доаѓа најинтересниот дел.
Исписница кошта 200 евра а ако сакате да се отпишете прва година ќе мора да
им ја вратите стипендијата (што го пишува во документот кој ви се дава за земање стипендија) значи 700 евра за отпишување. Ако немате пари тогаш можете беспари да ги ставите студиите на мирување па да се отпишете кога ќе соберете 700 евра да им дадете за отпишување.
А и да, издавање потврда за билет и сл. е 150 ден. Буквално остана уште влез да почнат да наплаќаат
-------------------
Значи заклучок
Дали европски ќе ви даде работа?
Да, во фирмите на бојо што гледам во последно време ги отвара се повеќе (сега отворил и забна ординација). Во останатите фирми, веројатно не (освен на смерот полициска академија бојо е поврзан со власт така што веројатно има начин да протне луѓе у полиција).
Дали европски вреди само за знаење?
За слушање на часови ужасен е луѓе зборат цело време. За учење од книги, сите книги им се од
нивна издавачка куќа така што неверувам да се подобри од државните. Така што, лудо би било да идете на факултетов ако мислите дека факултетов ќе ви даде повеќе знаење од државен (а за работа види го ова горе).
Јас се отпишав од Европски бидејќи несакав да учам со дебили (би било идеално ако би нашол факултет во кој би имало фини професори како од Европски и не-дебили како од државен) и поради принцип, несакам факултет кој е толку нетранспаретен со трошоците (додуше скоро сите приватни се такви...).
Работиве може да се сменат во меѓувреме, така што ако некој има понови информации слободно пишете.
--- надополнето: Jul 15, 2011 8:10 PM ---