Може звучам како персона со разнишани семејни односи и абнормални перцепции за доверба во семејството, ама мојата мајка никогаш нема да дознае. Кај и да е, ќе сфати сама.
Често ме прашува за тоа, ама тотално ја избегнувам таа тема. Едноставно не ја чувствувам толку интимно-блиска, си ги имам другарките за такви муабети. Со неа можам да зборам за школо, за комшиката, за времето, за ручекот. Ама мои приватни интимни нешта едноставно не ми е пријатно да споделувам ни со неа, ни со било кој друг од моето потесно семејство.