Сонови, толкување на сонови

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Сонови...

Епа ајде малце да дискутираме за соновите...

Има разни видови сонови... кога се е убаво во него се е розово... пример може да имаш секс со која сакаш (само гадно е кога ќе те разбуди некој во тој момент :lol: :lol: ), сонови од кој сакаш да се разбудиш во моментот, сонови во кои пример трчаш трчаш а некој те брка и неможеш да дотрчаш итн итн... цела наука е сврзана... а сонот трае само 8 секунди и ти за тие 8 секунди во сонот живееш цел живот... ц ц ц ц.

А мене инаку пример нешто што сонувам а е поврзано со животниот терк, по некое време ќе ми се оствари т.е. ќе се случи тоа, и ќе речам еј ова сум го доживеал и после ти ја снемува таа слика и што понатаму... (сонот прекинува продолжуваш сам поматаму) или некој викаат тоа чуство е дежа-ву (веќе видено) слики од потсвеста, а јас се си мислам тоа сум го сонувал и сега му дошло време на остварување...

Продолжете... :lol:
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Јас пред некое време сонував како ми се зезнал екранот на мобилниот (на преклоп). После 2 дена навистина почна да зафркава - да губи контакти на пола екран :( :( :( :( :(
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
јас сонувањето сум го довел под тотална контрола (добро не тотална, ама донекаде), немам проблеми со трчањето, напротив трчам како Морис Грин :D :D што значи многу брзо, и знам понекогаш да скокам преку дрва, да го осетите ова во сон, ке доживеете нирвана
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
Сте го гледале ли Waking Life?
Филмот е анимиран и во него се зборува за едно момче кое никкао не може да се разбуди (цело време влегува од сон во сон). Во една од сцените тој зборува со неколку други ликови и еден од нив му кажува дека сонот може да се контролира, т.е. да се сонува се што се сака.

Имам прочитано дека некои луѓе го можат тоа (еве, и Гижо сега :lol: ) и навистина не ми е јасно како успеваат.
Гижо, share the technique, bitte 8)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
нема техника, тоа е нешто како талент :D :D
појма немам, едноставно почнав да го контролирам.А знам една сцена од тој филм, каде што му викаат на дечкото, за да провериш дали сонуваш само пробај да запалиш светло во собата (ако си во соба)
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
...и ако не се смени ништо значи дека сонуваш :wink:

на таа сцена мислев и ја, само друг дел од неа.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
а дали ти се случило кога си болна и кога имаш висока температура да сонуваш еден ист кошмар?

мене тоа ми се случува уште од кога памтам за мене, и стално кога сум болен гледам што помалку да спијам баш поради тоа
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
Ми се случило да пресметам на памет производ од два четирицифрени броја 8)

сон не.... или не се сеќавам. Многу ретко се сеќавам на соновите, така да обично и викам дека не сонувам :lol:

btw, можно е да не се сонува?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
можно е зашто да не, зар не ти се случило да преспиеш во текот на ноќта а да не сонуваш ништо?
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
Да, да, тоа и ти викам, скоро секогаш имам чуство дека не сум сонувала ништо. Но според некои статии што ги читав, човекот секогаш сонува но некогаш заборава (колку е точно не знам, затоа и прашувам :lol: )
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
ама има разлика, и кога ке сонувам нешто занм дека сум сонувал а пак не се сеќавам на тоа а спиењето ми било долго, додека во другиов случај, не сонуваш, не се сеќаваш на ништо, и спиењето ти е како две секунди
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
Gizo напиша:
спиењето ти е како две секунди
Ова е многу интересна појава, порано ми се случуваше често.
Знаеш нешто повеќе за тоа? Или мислиш дека се случува само заради тоа што за време на спењето не се сонува ништо?

Интересно....
 
Член од
12 мај 2005
Мислења
289
Поени од реакции
11
Има логика... иако, да признаам, не сум размислувала вака порано.
Ќе збориме повеќе кога ќе се видиме :wink:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Ви се случило некогаш да сонувате некој сладок еротски сон.. нешо со некоја типка ово-оно.. и кога ќе дојде она најслаткото се будите :(

И после пробувате на сила да го досоните

ама не иде м.м.е. (кој прв почна)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom