Секташи... Се познаваат од далеку.
Ми има стигнато флаер во сандачето, а ме имаат и сопрено за „анкетирање” пред нивниот центар (кај Грчка амбасада, спроти седмица, порта Буњаковец). Ги отерав у курац тогаш, да им ебам тоа таквото.
Немој да бидете наивни и да сте отишле на некоја од нивните покани за „помош”, бесплатните „стрес-тестови” или пак напредните „тестови за интелигенција”. Постојат 2 сценарија (можеби во меѓувреме развиле повеќе...) за да ве намамат кај нив. Или ќе испаднете гениј со неверојатна интелигенција, или сте го поминале цел живот незнаејќи дека сте реинкарнација на Хабард, и воедно новиот спасител на Светот.
[media]http://www.youtube.com/v/DAmEO-oLHzA[/media]
Скиентологијата ја сочинуваат селектирани принципи и методи на психоаналитички, медицински, филозофски и религиозни учења и поврзани техники, развиени од американскиот автор Лафајет Рон Хабард. Низ период од 30 години, почнувајќи од 1952 година, таа се стекнува со провокативната дескрипција - филозофија за самопомош, односно систем за само-лекување познат како Дијанетика. Хабард развил една екзактна методологија која треба да им помага на луѓето да станат свесни за нивната духовна егзистенција, да научат да живеат повеќе животи симултано, а со тоа да станат и поефективни во физичкиот свет. Името „Скиентологија” (анг. Scientology) се однесува на контроверзната „Црква на Скиентологијата”, најголемата организација која го промовира учењето на Скиентологијата.
Некои од основните принципи на Скиентологија се (пази го ова):
-
Личноста е бесмртно духовно суштество(тетан) кое поседува ум и тело. (се додека не ве натераат да се самоубиете?)
-
Тетанот живеел многу претходни животи и продолжува да живее по смртта на телото. (немајте гајле, веднаш ќе се родите пак...)
- Преку процесот на аудитинг(подолу објаснет) личноста се ослободува од „енграми”(болни, несвесни спомени) и „импланти”(слично на енграм) за да постигне состојба на „клиер”(анг. Clear) каде таа се ослободува од сите минати спомени, емоции и трауми, за на крај личноста да ја достигне состојбата на „Оперативен Тетан” (ОТ) - кога се функционира независно од тежините на материјалниот универзум.
-
Психијатријата и психологијата се лоши и навредливи.
Е-метар (орг. Хабардов Електрометар) е електронски инструмент кој работи на батерии, произведен од Црквата на Скиентологија. Неговата употреба е од централно значење за Скиентологијата и Дијанетиката. Тој се користи така што личноста во своите раце држи две метални прачки, кои се поврзани со Е-метарот, со што се комплетира електричното коло преку кое минува струја со многу мала волтажа. Иглата на панелот на волтметарот ја покажува одбивноста која ја има личноста.
Со Е-метарот раководи аудитор. Личноста која ги држи прачките се нарекува „pre-clear”. Аудиторот го испрашува испитаникот, со што неговата реакција се прикажува на панелот.
Во 1971 година Американското судство донесе одлука во која се вели дека „Е-метарот нема докажани користи во дијагнозата, третманот или превенцијата на било која болест, ниту пак е медицински или научно способен за подобрување на било која човечка функција”. По оваа одлука Скиентолошката Црква објави дека тој ќе се користи единствено за спиритуални потреби.
Ова е местото кое треба да го избегнувате:
Убаво имаат напишано
365 во нивната сторија:
"
Ние нема да ве спречиме да отидете во Хабардовиот центар за Дијанетика и Скиентологија. Нема да ни биде жал ако по овој текст го направите тоа. Нашата совест е чиста, со моментот на објавувањето на оваа статија. Ако успееме да спасиме барем еден човечки живот, една залудно потрошена младост, една сметка во банка - тогаш сме ја исполниле својата цел. Се надеваме дека и вие сте еден од оние скрупулозни граѓани кои ќе истапат против ова притаено зло на денешницата и ќе го рашират гласот на вистината."