- Член од
- 10 јуни 2007
- Мислења
- 57
- Поени од реакции
- 1
Дали евентуално, сте слушнале за некои реакции во меѓународните научни кругови на, како што некои ги нарекоа „епохалните откритија“ на академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов околу новото читање на текстовите од Каменот од Розета?
За сега, во Париз, каде што актуелно се наоѓам на докторски студии, не се знае ништо за ова „епохално откритие“.На неколку професори со кои се консултирам за мојата работа а и на неколку колеги докторанти (некои од нив и идни професори во Франција или во другите држави во светот) им го пренесов ова и тие останаа шокирани од ваквите несериозни тези, и посебно од целата френетичност што настана кај нас во врска со тоа.
Хипотезите на Бошевски и Тентов на некој начин се спротиставуваат на сето она што досега е постигнато на полето на египтологијата.Имате ли евентуално некаква своја теорија зошто во македонската наука се јавуваат такви тенденции?
Не ми е јасно за што се работи, но мора да се стави крај на ваквите смешни теории, кои можат да бидат многу опасни за сликата на Македонија во светот.Инаку, доколку сето ова е предизвикано од спорот со Грција, тогаш, на ваков начин, Македонија може само да загуби.Што се однесува како ние во Македонија треба да гледаме на овие работи , би рекла дека треба да се држиме до онаа позната максима на еден друг Аристотел-“Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината.
Кои се слабите точки на теоријата на Бошевски и Тентов?
Ги има многу.Еве неколку: тие велат дека лигатурите се “карактеристика на античкиот македонски јазик“.Ова апсолутно не е точно.Најстариот документ напишан на демотско писмо датира од времето на фараонот Псаметих Први (664/610 г.п.н.е), значи скоро цели три и пол века пред доаѓањето на Македонците во Египет!И да претпоставиме постоење на македонски антички јазик во Египет, не можеме никако да го одвлечеме дури во 7 век п.н.е.!Потоа, на некои монети од Египет кои исто така датираат од пред доаѓањето на македонската династија исто така се јавуваат легенди со демотско писмо.Документите со демотско писмо се најбројни.Пронајдени се илјадници предмети напишани со ова писмо (парчиња текстил, кожа, керамика и слично)Сите тие се совршено точно прочитани и пред појавувањето на наовата теоријана Бошевски и Тентов.
Инаку за тоа дека современиот македонски јазик води потекло од старословенскиот е излишно да се даваат докази.
Неделен Весник “Глобус“, број 7, 2007, стр. 28/29