И јас се согласувам дека Надал треба уште многу да учи за да го достигне нивото на игра на Федерер. Реално гледано, Рафа и нема некоја страшна техника и прецизност во играта, негови најјаки точки му се брзината, силата и секако упорноста нешто што ќе дава резултати единствено на земја. За разлика од него Федерер е комплетен во сите мерила на квалитет во тенисот и затоа и толку долго време е непобедлив. Но мислам дека најмногу за една или две години Роџер се почесто и почесто ќе губи не само од Надал кој верувам дека ќе го подигне нивото на игра на сите подлоги туку и од новото момче Новак Џокович кој прикажува фантастична игра, тенис кој Федерер не можеше ни да го сонува кога беше на возраста на Новак. Секако тука е и мојот фаворит и идол Енди Родик кој заедно со тренерот Џими Конорс ќе успее да го подобри тенисот кој го игра во многу нешта и нема само да не забавува на тениските терени туку и ке освојува гренд слеми.
mes que un club
mes que un club