Аквариумски риби (општи дискусии)

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Земав три скалари и еден чистач за земја, мали се сеуште и незнам по колку пати да ги хранам и во кола количина? Храната е црвено дропче, така ја викаа т:toe:.
Сакам да земам и барбуси (мислам му го погодив името) па ме интересира дали може да се измешаат без да има инциденти :kickbox:.
Фала.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
колку да му фрлиш ќе јадат хехе чудо се рибите ќе им пукнат стомаците и пак јадат.... зависи колку рипки имаш,гледај да не паѓа многу на дното,значи си ставил одпоќе ! мојот аквариум е со 20тина рипки така да ги хранам со одприлика 2-3 лажички(лажичка за кафе мешање од кафич :smir: ) дневно што е повеќе од доволно
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Прашање до некој со искуство кај рибите. Би сакал да чувам риба во услови како на цртаните со Том и Џери. Од оние кристалните топки за вода, едно рипче внатре или две.. малку песок, некоја камена фигура и тоа е се. Дали е тоа изводливо? Без филтер. Дали би можел да ја менувам водата и како?
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Значи за Наташа@Значи има два вида на аквариуми морски и слатководни..Кај нас многу повеќе се застапени слатководните иако се среќаваат луѓе од незнаење да мешаат све и сешто..А ти не би сакале да бидеш еден од нив..
Е сега морските аквариуми се навистина преубави секој што чува аквариуми сонува за еден таков, но со тоа си иде и цената, значи за еден морски аквариум би ти било потребно жив камен, тоа се камењата на сликата што ја пушти и цената му иде 15 евра на кг, а за твојата литража ќе ти биде потребно барем 5 кг, рачунај, после на 30 литри треба 1 кг сол на која цената и е макс.400 денари.Потребен ти е и скимер а најевтиниот е 5 000 ден.
На крај, рибите, значи една морска риба ти иде околу 50 евра..:/
Еве ти еден пост од кај еден член од профил што му го пишав.:)

За Марко@
Друже супер си земал, можеш и еден анцитрус да земеш или нашки стаклар.
Значи за хранеше ќе земеш со прсти малку и ќе им даваш по малку 1, 2 пати на ден, запамти на нив колку и да им даваш тоа цело време ќе го јадат, затоа умерено, ќе гледаш да не ти паѓа доле па да ти се прља побрзо аквариумот..:)
Барбусите, ако мислиме за истите, жолти со црни, се јатни, агресивни риби..
За со Скалари искрено незнам, но не би ти ги препорачал, можеби дека се мали скаларите ќе нема некои проглеми, но сепак тебе аквариумот ти е мал, кога ќе пораснат скаларите ќе биде претесен и за нив, така да ќе ти биде гужва..
Додека ти се мали скаларите би ти препорачал некои мали јатни рипки, како на пример неонките, за на google пиши axelrodi..:)

За Бого@
Значи друже слободно можеш да си чуваш така рипки, односно рипка, една кугла отприлика им иде цената 300-500, и една рипка, најчесто купуваат караси или бета борци, ја би ти препорачал бета борец, за на гугле betta splendens, иако можеш и карас да си земеш, цената им е некаде 100 денари..
Филтер не ти треба, светло доколку сакаш, можеш да ставиш и слојче на песок доле, чисто за естетика.
Вода ќе си ја менуваш на една, две недели или пак едноставно кога ќе видиш дека се заматува.
За менување е многу едноставно, со една чашка вадиш вода, ќе ја извадиш пола вода или 3/4 и после ја заменуваш со нова, по можност отстоена..
И гледај куглата да ти стои на некое топло место, на собна температура.:)

Извинете што закаснив малку со одговориве..:)
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.660
Поени од реакции
729
Прашање до некој со искуство кај рибите. Би сакал да чувам риба во услови како на цртаните со Том и Џери. Од оние кристалните топки за вода, едно рипче внатре или две.. малку песок, некоја камена фигура и тоа е се. Дали е тоа изводливо? Без филтер. Дали би можел да ја менувам водата и како?
За изводливо, изводливо е... Ама... :)

Рибата не е наменете за живеење во кугла, за неа треба посебен простор т.н. аквариум :) со сите потребни елементи за нормално функционирање на еден таков. Под потребни елементи мислам на филтер, грејач, пумпа за воздух...
Е сега, ако си решил да земеш рипче и да го чуваш во кугла, треба да си спремен во старт на најлошото. Тоа ќе живее, да... Ама како!?
КАко прво, се ограничуваш на едно рипче само (подобро 1 да се мачи, нели) и тоа карас или бета борец. Друго во кугла, мало морген...
Рипчето ќе умре, порано или подоцна... Најчесто губат ориентација т.е. се дезоириентираат и може да се превртува во куглата, да биде легнато на дното или пак да седи на површината.
По мене, ако веќе си решил да земеш рипче, помачи се малце повеќе, направи еден мал аквариум (не е воопшто тешко одржувањето) и уживањето ќе биде комплетно.

Еве ти 2 други форуми за акваристика, пред да земеш рипче, расчачкај подетално што и како се дешава таму:

www.makakvaristika.com
www.akvaristika.com.mk

Поздрав и се најубаво
 
Зависи, татко ми порано чувал карас во кугла и си ја достигнал својата старосна граница без проблем, само проблемот му бил големина, неможел да се сврти..:)
Исто и за Бетите, си видел како ги чуваат во аква шоповите, во една чаша само..

Плус уште еден поактивен форум:
www.mkreef.com.mk мислам дека вака беше..:)
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Aбе ја знам дека треба сите тие работи. Ама едно шо немам простор за голем аквариум, друго шо ми е некако како да кажам, „фенси“ (прв пат го користам овој збор) така у кугла. Знаеш од оние како на Том и Џери. Па, затоа главно прашувам дали е изводливо. Не сакам да ја умрам. Ако може да живее до дека сама не умре, добро. Ако не - нејќам тужби од ПЕТА за тортура брз риби, нарушување на хидро ориентација или најлош можен случај давење на риба во вода поради сомнителни околности. :pos2:
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.660
Поени од реакции
729
Прашање на време е колку ќе издржи... Моево искуство (не ја чував јас) вика дека после 2 месеца рипката почна да се “превртува“ а после 3 заплива... во вечните води :)

А тоа дека ќе достигне максимална големина и да не може да се сврти, ела па да те видам...
Абе ти повеќе ќе се измачиш со кугла, треба да мењаш вода често, отколку ако се решиш за аквариум... :)

Ти реши си што и како... Ако се прашувам јас, не би...
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Види, јас сум антикуглар, дефинитивно аквариум, но сепак мислам дека би можел и да чуваш и во кугла, да беа куглите "направи за мачење", немаше воопшто да се прават..:/ :)
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.660
Поени од реакции
729
Куглите не се прават за риби... :) Декорација се, стави вештачко цвеќе + камчиња у куглата ебаго :)
А она направи за мачење, излишен е муабетот т.е. се што ИМА ПРОФИТ и те како се прави, без разлика на последиците... И дрогата е лоша, па... :)

Забегавме со муабетов, битно се согласивме дека аквариум си е аквариум :smir:
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Значи за Наташа@Значи има два вида на аквариуми морски и слатководни..Кај нас многу повеќе се застапени слатководните иако се среќаваат луѓе од незнаење да мешаат све и сешто..А ти не би сакале да бидеш еден од нив..
Е сега морските аквариуми се навистина преубави секој што чува аквариуми сонува за еден таков, но со тоа си иде и цената, значи за еден морски аквариум би ти било потребно жив камен, тоа се камењата на сликата што ја пушти и цената му иде 15 евра на кг, а за твојата литража ќе ти биде потребно барем 5 кг, рачунај, после на 30 литри треба 1 кг сол на која цената и е макс.400 денари.Потребен ти е и скимер а најевтиниот е 5 000 ден.
На крај, рибите, значи една морска риба ти иде околу 50 евра..:/
Еве ти еден пост од кај еден член од профил што му го пишав.:)
Знам дека се скапи, рипките што ги сакавме секоја чини од 50 па нагоре...мене не ме интересира тоа, мене ме интересира што е разликата во одгледувањето. Дали има некоја разлика при филтрирање, хранење итн. Дека кога прашав ми рекоа како за почетници е подобро да се земаат слатководни...Ама мене пусто многу ми се убави морските, премногу ми се у мерак :nesum: Ако нема некоја разлика во одржување, тогаш да си земам морски, м?
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
чујте и почујте и со црвено подвлечете

1. пумпа за воздух и ФИЛТЕР, особено филтер, не штедете и купете за соодветната литража, филтерот ке ви овозможи да не ја менувате водата и до 1 година ако не и повеке а со тоа и био светот во аквариумот ке остане непроменет.

2. Риби, не сите риби идат заедно во комбинација, многу видови или се напагаат или разменуваат болести, прашајте кој со кој се трпи, или прочитајте по нетов, не прајте каша попара

3.животен век на добар дел од рибите е до 1 година(што природен век, што скратен од болести, депресија и клаустрофобија, помирете се со фактот дека на една година ке треба да се опрчите 10 -20 евра за нова репрезентација....
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Знам дека се скапи, рипките што ги сакавме секоја чини од 50 па нагоре...мене не ме интересира тоа, мене ме интересира што е разликата во одгледувањето. Дали има некоја разлика при филтрирање, хранење итн. Дека кога прашав ми рекоа како за почетници е подобро да се земаат слатководни...Ама мене пусто многу ми се убави морските, премногу ми се у мерак :nesum: Ако нема некоја разлика во одржување, тогаш да си земам морски, м?
Еве ти еден пост, од од Македонски форум за акваристика..

ODRZUVANJE

- promena na voda vo zapazeni rokovi...ili sekoja nedela po 5%, ili na dve nedeli po 10% ili ednas mesecno po 20%...

- sekojdnevno dodavanje na isparenata voda zaradi odrzuvanje na nivoto na solenitet (RO voda)

-sifoniranje na dnoto(pesokot) ednas mesecno

- testiranje na parametri ednas do dva pati mesecno ( PH, nitriti, nitrati, amonia, solenitet, KH, Ca, Mg, i dr.)

- duvanje na kamenjata so pojaka pumpa direktno vo niv...spored potreba ili ednas vo nekolku meseci..

- menuvanje na Fosfat remover i Aktiven jaglen ednas mesecno, najmnogu ednas na dva meseci...

- menuvanje na T5 neonki na 10-12 meseci, MH ampuli na 6-8 meseci

И еве и многу подетално за морските аквариуми..
http://www.aquaticacentral.com/smfboard/index.php/topic,1223.0.html

Верувај, да беше така лесно сите ќе чуваа морски аквариуми, ама не е! :)
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Верувај, да беше така лесно сите ќе чуваа морски аквариуми, ама не е! :)
Фала ти многу на советот, и пред да ми напишеш се предомислив кога разбрав дека рибите најмногу до една година живеат, кој ќе ги слуша децата како цвилат по секоја умрена риба :))) Решив желка да им земам :pos: Шала :)
Уште сум во двоумење, ако ептен ми запнат тогаш ке им земам онакви обични, за морските немам време и нерви :)
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Види ова со животниот век не е сигурен, значи ти доколку се посветиш на рибите, зборам за слатководни, доколку имаат супер услови за живот, а тие не се тешки за постигнување, константна температура, чиста и мека вода и пумпа.

Еве ти линк, разгледај да видиш која риба колку животен век има во солидни услови за живот.:)

http://freshaquarium.about.com/cs/beginnerinfo/a/lifespan.htm
Слободно прашај доколку те мачи нешто за имињата или нешто друго! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom