Од мое искуство: ако си почетник, најдобро е да почнеш со аквариум од 100-120л. Прво треба внимателно да го измиеш (ако сам си го правел аквариумот треба со првото полнење и да го тестираш дали добро си ја завршил работата-исто мислам е и кога ќе го купиш готов, зашто сепак не сакаш 100л да ти се излијат у соба). Распрашај се за соодветна опрема, според литражата.
Пред дефинитивното полнење аквариумот МОРАШ да го поставиш на солидно постоље (рачунај вода и опрема-има формула според која можеш прецизно да израчунаш колку ќе тежи аквариумот) да го нивелираш-идеално да лежи на подлога (стиропор 2-3см)-што би се рекло друкчие НЕ СМЕЕ НИ МАЛЦЕ ДА КЛАЦКА. Во спротивно сигурно ќе пукне (и тоа според Марфиевите Закони кога нема никој дома).
Прво ставаш песок (или ако сакаш да садиш растенија-треба да се распрашаш за поставување на соодветна подлога), потоа сместуваш растенија, најдобро е да бидат природни бидејќи ја збогатуваат водата со кислород па се создава поприроден амбиент (а тоа е целта во акваристиката), камења, дрво (ако сакаш-за што треба соодветен и внимателен избор и подготовка)...на кратко го аранжираш по сопствен вкус.
Рипките не се препорачува да ги ставиш веднаш-прво треба да се постигнат соодветни карактеристики на водата; значи го полниш, пушташ филтер и греач-во лето и не мора, и оставаш да работи НЕ НАСЕЛЕН 2-3 недели мислам, при што за да се создадат т.н корисни бактерии и што-ја-знам-какви-не-услови може да ставаш од време на време и малку храна за риби. Исто така има и готов преперат-ја користев од СЕРА за побрзо постигнување на овие услови, се дозира према литражата). Ако прескокнеш фаза во подготовките, може да се случи целата "населба" за кратко време да почне со грбно пливање-па размисли, бидејки едно рипче скапо кошта, и ко ќе се земе предвид дека некои видови сакаат да пливаат во група...хух...
За твоето прашање-сигурно имаш внатрешен филтер со пумпа за воздух. Ја филтерот го чистам еднаш на месец-миење на сунѓерот и тоа со водата што ја вадам од аквариумот, а секоја втора недела од аквариумот вадам 1/3-мах 1/2 од водата и ја мењам со нова-отстојана и додавам малку сол. НИКАКО не смееш 100% да го испразниш аквариумот, бидејќи така ќе ги уништиш-просто кажано-условите за живот
Особено внимавај на комбинација на видови риби, зашто може да бидеш сведок на вистински покољ. И заинтересирај се за карактеристиките на видовите кои ги сакаш-(дали идат во пар или група, како се поднесуваат со другите и сл) па оди купувај, бидејќи продавачиве за да ти продадат ќе ти кажат дека се можеш да комбинираш...Испуштив многу работи, но ако сакаш повеќе информации-тука е интернетот, па сурфај...поз:smir: