Разгалени деца

S

StereoLove

Гостин
Јас се обидувам да разберам, но не можам!

разгалени? Нема такви, има само здрнати бидејќи родителите веројатно од преголема љубов им дозволуваат отпојќе.

Туку, бидејќи Виктор даде таква дефиниција, да го прашам колку деца има и дали на неговите деца тој третман бил успешен?

Има некои востановени начини, но ќотекот, казната, кога се незаслужени т.е кога се поради неможноста родителот да се справи со сопственото дете на кое се му било дозволено и тоа го сфатило како нормално, одендаш решил да тера строгост, не иде!
Што не разбираш?

Од преголема љубов да им дозволуваат да лумпуваат?...а што ако претерат?
Како што кажав во мојот претходен пост моите внуци се дрвени од котек и тоа како.Кај нив не можат да скокат да рипат да фрлат работи на секаде а на други места можат.Мојот дом не е лудница или детска градинка па да прават што ке им текне.Треба до одредена мера и да поставиш граници а не урлај како да си индијанец.Што ако не може да се смири детето,како очекуваш да го смиреш?Никогаш не би ги тепала своите деца но ако претера ке го плеснам и ич око нема да ми трепне:toe:.
 
Б

Бат Елохим

ова е еден од доказите дека ќотек не пали многу. Знаат дека родителите нема претерано да изреагираат на гости, а за дома не му ја мислат, затоа што се деца и не размислуваат за после :)

Инаку да, моите деца рипаат дома, викаат дома, шкртаат дома по ѕидови (во нивната соба) а инаку се културни и воспитани. Надвор си играат со земја, трева и камења, знаат да разговараат со луѓе. И сето ова нема врска со размазеност, затоа што нивните обврски си ги исполнуваат во целост. Си ги местат креветите, си ја чистат и раскренуваат собата, си го фрлаат ѓубрето, си ги носат тањирите на садопер и не знам што другп да кажам. Нормалната, или до некој степен збрлавената игра на децата не значи дека се размазени.
А и ви секој случај, подобро е дома да можат слободно да направат или кажат што сакаат без страв, полесно ќе им биде како поголемки. барем ќе знаат дека нема шамар да ги чека!:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Има некои востановени начини, но ќотекот, казната, кога се незаслужени т.е кога се поради неможноста родителот да се справи со сопственото дете на кое се му било дозволено и тоа го сфатило како нормално, одендаш решил да тера строгост, не иде!
Вистинската реченица. Зар толку не се приметува и во моите постови, дека поентата во удирањето е за давањето правец во кој треба да се движи детето. А не кога родителот нема сила повеќе да го трпи.

Затоа примерот на Fatality е таков.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84

Тоа би значело дека секој, не само детето, ако не се движи во саканиот правец треба да се плесне? Мислам дека во овој случај се работи за злоупотреба на посилниот над послабиот. Дали Вие ќе дозволите шефот да ве чушне по глава ако нешто сте згрешиле? Сигурно не. Зошто тогаш си го земаме тоа право над детето? Категорично тврдам дека никој а најмалку деца треба да се тепаат, зошто тоа во секој случај е насилство, можете ли да замислите како Вие тогаш изгледате во неговите очи. Разбирам дека многу од вас немаат деца и незнаат што значи сопствено дете, но почекајте ќе ви дојде редот.
 
Eпа ајде пушти го и нека прави што сака,кога ке ти се качи на глава и ке видеме како ке го смириш.Според тебе како би го смирила ако претера?ке му речеш ке ти купам лижавче за да седиш мирно.Тогаш сите што ги удараат своите деца се будали:nesvest:не е злоупотреба ако го плеснеш еднаш.Значи според ова цел свет скоро се злосторници ако го плесне детето еднаш по задникот.
 
Сваќам дека си гневна на твоите внуци. Децата мора да имаат простор за играње и играчки кои ги интересираат. Треба со нив да се работи од бепчиња, а не да се пуштат без никаква контрола се да биде дозволено, да се разгалат без везе е кога они ќе ја земат контролата тогаш удри по нив. Децата се такви како што ќе ги воспитаме, нашата грешка нетреба да ја поправаме преку нивно тепање-тоа едноставно не е фер. Ако твоите внуци се лошковци кај тебе дома, тогаш ти постави граници и јасно и одлучно, без викање кажи им дека таа работа не е дозволена, дека кај тебе дома важат други правила кои ќе мора да ги почитуваат ако не ќе им забраниш да доаѓаат и не попуштај. Ќе има повеќе ефект ако поразговараш и со нивните родители, смирено те молам, знам што значи да те излудат роднински деца!
 
Па тоа и зборот ми беше,ако ја превзедат контролата дури тогаш.Кога бев болна едвај одев и плус сама дома тие насекаде.Па чекај бе човеку кај се наогаш...во лудница ли,во детска ли градинка?а со нивните родители еднаш им кажеш и божем не слушат.Еднаш кога седев на компјутерот и правев семинарска најмаленкото дојде и ми го исклучи компјутерот:tapp:другото го скрши далечинското а третото истури сок од вишна на штотолку перениот тепих.Им се расцркав и и велам на мајка им дека претераа веке и да ги качат на горниот спрат а таа само:Михаил мирен:tapp:и ништо од тоа.Еден момент ми пукна филмот и ги отерав горе.А додека се во нивниот дом се е мир и хармонија,ако некој скрши нешто со или без намера е тогаш е нивното.
Да ти ги пушти некој нема да знаеш кај се наогаш.И остај тоа додека беа помаленки удараа клоци по татко ми или мајка ми:uvo:
 
Немам право да осудувам, но ти имаш целосно право да го заштитиш мирот во својата куќа. Затоа ти велам јасно и одлучно стави им до знаење на нив и на нивните родители дека твојот дом не е место каде нивните деца треба да се истрчаат без никаква контрола .
 
Џабе е,ти велам...кога се со нивните родители кај нас се тотално незаинтересирани.Ако ги плеснам јас крива ке испаднам како и секогаш и ке се расплаче и тогаш доџе ми да вриснем:nesvest:имам разговарано безброј пати со нивните родители ама како на зидови да збореш.
Нареден пат не дозволувам.Рака на срце последниот пат бев болна и затоа не превзедов мерки.Но следниот ако претерат ке ги искарам од дома и ич око нема да ми трепне.Доволно трпев.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Џабе е,ти велам...кога се со нивните родители кај нас се тотално незаинтересирани.Ако ги плеснам јас крива ке испаднам како и секогаш и ке се расплаче и тогаш доџе ми да вриснем:nesvest:имам разговарано безброј пати со нивните родители ама како на зидови да збореш.
Нареден пат не дозволувам.Рака на срце последниот пат бев болна и затоа не превзедов мерки.Но следниот ако претерат ке ги искарам од дома и ич око нема да ми трепне.Доволно трпев.
Познати ми се тие одговори во стилот па што да правам деца се, а не седнат да си поработат на нивните деца. Ти стварно имаш проблем кој излудува, тогаш преземи ја работата во свои раце и директно со децата разговарај но како да се големи, почни да ги третираш како возрасни луѓе и објасни им зошто несакаш да прават одредени работи но затоа како награда седни со нив и дозволи им нешто (незнам што ги интересира) и изиграјте некоја игра. Можеби ќе успееш да им се наметнеш како авторитет кој вреди да се почитува затоа што ќе имаш поинаков однос кон нив, можеби сакаат само внимание...
 
Па и не се толку мали.Големи се веке.Најголемото е 5 одделение,средната е 3 а најмалото има 3 годинки.Ама сите се индијанци,ма какви индијанци бетер нив се.А кога им се скарам домашните дома,остави ги не разбираат.Кажав...следен пат нема да попуштам и превземувам работа во свои раце,само се плашам да не претерам зошто кога избувнам тешко тие околу мене.
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
B]А додека се во нивниот дом се е мир и хармонија,ако некој скрши нешто со или без намера е тогаш е нивното.[/B]QUOTE]

E toa e veke loso. Poradi toa sto doma se mirni roditelite mislat deka sekade se mirni. A vnusnost nemaat pojma sto se slucuva so nivnite deca. Za zal, ova e situacija so 90% od denesnite deca. Doma pred mama med i mleko, a koga roditelite ne gi gledaat se pravi krs.
Imam dve deca koi nosat doma drugarcinja i gledam sto se slucuva i gledam koi se reakciite na roditelite koi koga ke vidat kako izgleda detskata soba stalno vikaat "auu, mojot XXX ova nikogas ne bi napravil vakov nered".
Od druga strana, na moite deca im e dozvoleno se. Jas gi predocuvam posledicite. Ako sakaat neka me poslusaat, ako ne, neka si ja naucat sami lekcijata.
Na momenti vikam, i toa vikam glasno, ama nikogas ne sum krenal raka.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Тоа би значело дека секој, не само детето, ако не се движи во саканиот правец треба да се плесне? Мислам дека во овој случај се работи за злоупотреба на посилниот над послабиот. Дали Вие ќе дозволите шефот да ве чушне по глава ако нешто сте згрешиле? Сигурно не. Зошто тогаш си го земаме тоа право над детето? Категорично тврдам дека никој а најмалку деца треба да се тепаат, зошто тоа во секој случај е насилство, можете ли да замислите како Вие тогаш изгледате во неговите очи. Разбирам дека многу од вас немаат деца и незнаат што значи сопствено дете, но почекајте ќе ви дојде редот.
Колку и да е офтопик, не можам да одолеам на ова да не искоментирам. Кога работниците би ја вршеле својата работа без некој да им каже која е таа работа, и да ги насочи во вистинскиот правец, шефови не би постоеле. Родителот е токму шеф, и ако шефот во една фирма не е способен, таа ќе се распадне. Луѓето имаат тенденција да забушаваат ако тоа им се дозволи, исто како и децата, и затоа треба повремено да им се покаже во кој правец треба да се движат.

Возрасните е противзаконски да се удрат, па затоа шефот им укажува на грешката, ако тие не можат да го почитуваат неговото барање, тој потоа презема мерки со кои ќе ги “удри“ работниците. Крати од плата, или во краен случај брка од работа.
Исто и со децата, родителот им вели на децата “не го прави тоа“ и ако децата успеат да разберат од прва нема никаков проблем. Но ако децата како деца си продолжат, тогаш следува начинот на казна, а ниту една друга казна не е ефективна како шамарот.

Мене всушност ми е гајле што велат модерните трендовски глупости, да не се тепаат децата, да се користат политички коректни зборови, животните да се позаштитени од луѓето... јас верувам во традиционални вредности во овој поглед. Луѓето се воспитувани вака илјада години, и биле горе долу добри, откако почнавме да вадиме некои си теории дека нешто не чини во нашиот однос, почна светот да оди на глава.
Порано немало разгалени деца, ама Настрадин Оџа син му го тепал пред да оди да ги наполни стомните со вино. Откако ќе ги скрши, бесцелно е да го тепа, нели? :wink:
 
Добро е да се верува во Настрадин Оџа, тоа значи дека детето во тебе сеуште негде е скриено. Како возрасен си се информирал дека тепањето е казниво, но ете не си се информирал дека и тепањето деца е казнив дело. Од традициите прифаќаш само нешто што тебе ти одговара, па ако си традиционален тип тогаш ќе оставиш мама и тато да ти изберат невеста, и тоа се правело со 1000 години наназад!!! Ти зборуваш за туѓите деца кој се продукт на воспитување на нивните родители, мисли на твоето кога некогаш ќе дојде. Како заклучок од сите постови произлезе дека децата не се раѓаат разгалени, такви ги создава нивната блиска околина. Значи биди си родител на место, учествувај активно во растењето на твоето дете и ќе видиш дека децата се многу паметни. Не треба за грешките на родителите да се тепаат децата.
Неможам да разберам зошто си заглавил во системот на грешки и казнување и шамари, ти си слушнал ли за втора шанса, простување, рзбирање и пред се љубов.
 
Драга лемуријанка... чудесна си. :smir:

Прво, да ти го одбијам нападот. Секако дека не верувам во се што традицијата налага, туку ја користам својата глава да оценам што од тоа ми се допаѓа и го сметам за исправно. Па така, оценувам дека бирањето сопружник од некој друг не е добро бидејќи тоа се покажало како убивање на желбите на еден возрасен човек, а воспитувањето со ќотек го одбирам како исправно бидејќи низ вековите се покажало дека тоа ги прави децата здрави карактерно.

Второ, болдираното... :pos: Па токму тоа и сакам да го кажам, да. Секое дете се раѓа табула раса, родителите и општеството го моделираат.

Трето, многу ми е смешно кога пробувам да дебатирам со луѓе кои изгледаат како да се трудат да бидат прости. Какви ти се тие реченици “Не треба за грешките на родителите да се тепаат децата“ ??? Па јас токму спротивното го кажував, ме читаш ли воопшто?

лемуријанка, уживај во воспитувањето на своите деца. И мое сочуство за твоите комшии. :helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom