Препораки за игри

Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Би ја препорачал Withcer ако веќе некој не ја напишал. Стварно добар РПГ
Исто така за љубителите на стратегии како Civilization искрено би им ја предложил Galactic Civilization 2ката . Ме изненади играта..некако е подинамична и позанимлива од Civ!
 
С

Спенсер

Гостин
Еј,кажегте некоја игра да симнам??имам уште 10гб, нешо со возење да биде, освен need for speed, i moto gp 07,
 

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
не знам каде да го пишам постов, па овде ке го шлапнам. прашањето ми беше, дали има некое продолжение после half life 2 episode two ?
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
[FONT=Verdana, sans-serif]По 2007, која се покажа како одлична година за PC гејмингот, оваа година има потенцијал да биде уште подобра и побогата со големи наслови. Минатата година имавме игри како Call of Duty 4, Crysis, Gears of War, Hellgate: London (ок, оваа беше малку разочарувачка). 2008 продолжи со исто темпо. Како прв поголем хит уште на почетокот на годината се издвои Sins of a Solar Empire, па два месеци подоцна се појави Assassin's Creed. „Најплоден“ месец? Мај - Mass Effect, Age of Conan, Theatre of War.. за да пред нецели два месеци излезе Devil May Cry 4.[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif] Ама темава не е за нив, туку за тие игри што допрва ќе ги видиме. Во продолжение следат неколку прилично очекувани PC наслови (и по некој „sleeper hit“ :)). Намерно имам изоставено спортски и тркачки симулации/аркади, како FIFA, NBA, NFS.. ок, и WoW. Ако некој има игра која ја смета за интересна, а треба да излезе до крајот на годинава, нека ја додаде во нов пост во темата запазувајќи го форматот на веќе поставените игри:[/FONT]



* Наслов

слика

+ Тип на игра:
+ Датум на излегување:
+ Краток опис:
+ Оцена од Metacritic.com:
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
[FONT=Verdana, sans-serif]* Mercenaries 2: World in Flames [излезена][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: Modern Action Adventure/TPS
+ Датум на излегување: 31.08.2008
+ Краток опис: Mercenaries 2 е sandbox игра сместена во Венецуела. Во превод тоа значи – шетање било каде по мапата, користење на било какви возила и оружја, тепање со било кого (освен со цивилите, кои се бесмртни?!), извршување мисии, фрлање тактички нуклеарки (да, и тоа го има..), рушење на се` и сешто благодарение на енџинот, итн итн. Најголема одлика на играта која што ја рекламираат до смрт – можност за играње во co-op mode (цела кампања заедно со уште еден другар).
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]



[FONT=Verdana, sans-serif]* Spore[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]
[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: Strategy
+ Датум на излегување: 07.09.2008
+ Краток опис: Уште една игра од Will Wright, „таткото“ на сите Sim-игри. Најкраток и најточен опис на играва би бил.. Spore = SimLife. За играва може да се пишуваат страни и страни, па нема смисла да пробам да опфатам се` тука. Се` започнува од creature editor-от, каде играчот ја создава расата на суштества со кои ќе игра. Истите тие суштества понатаму ги води низ неколку фази – буквално од клеточна фаза, каде како едноклеточен организам се бори за опстанок помеѓу други непријателски настроени организми, па преку повеќеклеточни организми се оди до цели животни кои го населуваат копното, па нивен развој, организирање во заедници/племиња, прераснување на племето во цивилизација, освојување на останатите цивилизации на планетата преку дипломатија или војна (не ретко и двете заедно), развој на технологија и на крај - space age, со населување на нови планети и галактички војни и чуда.. :)
[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]А, да.. има 4 милиони планети за освојување.
+ Оцена од Metacritic.com: 87/100
[/FONT]




[FONT=Verdana, sans-serif]* Crysis: Warhead[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: FPS
+ Датум на излегување: 16.09.2008
+ Краток опис: Во Crysis: Warhead играчот е во улога на Psycho, член од тимот од оригиналната игра. Приказната е паралелна на таа од претходната игра, што значи не оди понапред од случувањата во неа. Има по некое ново оружје, возило и некој мултиплеер мод кој нас ништо не ни значи, а на кој Американците се палат.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
[FONT=Verdana, sans-serif]* S.T.A.L.K.E.R.: Clear Sky[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: FPS/RPG
+ Датум на излегување: 16.09.2008
+ Краток опис: Clear Sky е prequel на S.T.A.L.K.E.R... значи приказната се одвива пред настаните од оригиналната игра. Не се очекува ништо ново (барем ништо значајно), туку more of the same, исто како Crysis: Warhead.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]




[FONT=Verdana, sans-serif]* Mount & Blade[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: RPG
+ Датум на излегување: 16.09.2008
+ Краток опис: Еве игра за која мислам дека ќе стане пример за sleeper hit.. минимален маркетинг, добра изработка и супер фидбек од луѓето кои ја играле бета верзијата. Се работи за реалистична средновековна sandbox RPG, без магии и чудовишта (конечно!), сместена во измислена земја.. средновековни оружја, поседување на повеќе (различни видови) коњи, неколку кралства со целосно развиен политички систем, quests (duh), интересен combat систем и еден од најинтересните елементи – можност за најмување на војници и херои од околните села и градови.. значи цела војска може да се создаде од нив, со играчот на чело :)
[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Не е за тие што од игрите бараат само графика.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]





[FONT=Verdana, sans-serif]* Brothers in Arms: Hell's Highway[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]
[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: FPS
+ Датум на излегување: 01.10.2008
+ Краток опис: Hell's Highway е третата игра во серијалот Brothers in Arms. Како и во другите две игри, и во оваа играчот се става во улога на Matt Baker. Приказната сеуште е сместена во Втора светска војна, четири месеци по случувањата во втората игра. Значително е подобрен графичкиот енџин, додаден е полу-реалистичен gore систем и има неколку мали промени во командниот систем. Другото е веќе видено.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
[FONT=Verdana, sans-serif]* Far Cry 2[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]
[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: FPS
+ Датум на излегување: 21.10.2008
+ Краток опис: Far Cry 2 нема скоро никакви допирни точки со Far Cry – ја развива друго студио (Ubisoft Montreal, не Crytek), дејствието се одвива во африканска земја зафатена со граѓанска војна (не на тропски остров), нема sci-fi елементи (мутанти, натчовечки способности) итн. Инаку во прашање е уште една многу реалистична sandbox игра, со целосно отворен гејмплеј и свет од (би додал – само) 50km2.. се` може да се уништи, секој да се убие со оружја кои се расипуваат и уништуваат, возила.. нема скоро ништо линеарно освен главната цел – да се пронајде и убие „The Jackal“, шверцер кој им продава оружје на двете страни во конфликтот.
[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Би требало да биде закон игра.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]




[FONT=Verdana, sans-serif]* C&C: Red Alert 3[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]
[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: RTS
+ Датум на излегување: 28.10.2008
+ Краток опис: Red Alert 3 = Red Alert 1/2 со подобар графички енџин (и според мене полоши, понереални, ептен футуристички модели), и нова страна – Јапонија („Empire of the Rising Sun“). Пак ќе има cut-scenes со познати глумци, ОК мисии, ама не е тоа-тоа.. (ќе) мрчам, ама не дека нема да ја играм.. :)
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]




[FONT=Verdana, sans-serif]* Fallout 3[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]
[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: RPG
+ Датум на излегување: 28.10.2008
+ Краток опис: Ова е веројатно најсилниот кандидат за Игра на годината, заедно со GTA IV.. сигурно една од најочекуваните игри на сите времиња. Приказната во Fallout 3 се одвива 36 години по завршувањето на приказната во Fallout 2 и 200 години по нуклеарната војна која ја уништи Северна Америка. Играчот ќе се сретне со истите групи на луѓе (the Enclave и The Brotherhood of Steel), ќе ги има истите подземни живеалишта (Vaults), а oд претходните игри тука се и Pip-Boy (PDA-от на играчот каде што се сместени мапата, задачите и речникот) и VATS (борбениот систем за прецизно центрирање на одделни делови од телото на непријателите). Инаку, во Fallout 3 има над 200 различни краеви/завршетоци кои зависат од однесувањето и одлуките на играчот во текот на играта.
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]




[FONT=Verdana, sans-serif]* GTA IV[/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif][/FONT]

[FONT=Verdana, sans-serif]+ Тип на игра: TPS/Action
+ Датум на излегување: 21.11.2008
+ Краток опис: Нема потреба од опис за играва.. излезе за Xbox 360 и PS3 пред неколку месеци, и скоро сигурно ќе биде Игра на годината за овие две конзоли. Останува да се види дали Нико Белич ќе стигне до истата титула во светот на компјутерските игри :)
+ Оцена од Metacritic.com: /
[/FONT]
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
После ова билдање постови и кршење прсти и копчиња на тастатурата од моја страна, доаѓаат вашите мислења: дали чекате некоја од овие игри горе? Ако да - зошто? Ако не - која друга? За мене е лесно - ќе ги дочекам и ќе ги изиграм сите овие што ги набројав, плус секоја друга која ќе изненади во меѓувреме :)

Ја прогласувам темата за отворена.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Од листата погоре ги чекам GTA IV и Far Cry 2. За Far Cry ќе мора нова конфигурација да набавам, така да џабе ја чекам :toe:
Истотака, ја чекам и WSC Real 2008, одличен билијард симулатор кој треба да се појави овој месец. За StarCraft II не ми се верува дека ќе се појави оваа година.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
GTA IV,Far Cry 2,Crysis Warhead и Spore...
И тоа по тој редослед.

GTA IV ќе биде ремек дело,секое продолжение ми седи по 3 години на PC.
Far Cry 2,иако баш гејмплејот немаше нешто многу да покаже посебно во трејлерот,сепак,делува доста интересно

Crysis Warhead,бидејќи имам Vista и DX10.Иако очекувам да биде голем промашај.
И на крај Spore,оригинална игра,оригинална идеа и најверојатно реализација,но сепак,не сум по таков тип на игри :)
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
ја чекам гта4 а исто така ја чекам и NFS Undercover што не е напомената во темата а ке излези на 18 ноември
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Од листата, не чекам баш никоја.

Spore, добар обид од EA да земат некоја пара, како и обично, ама тешко дека ке ја инсталирам.

GTA IV, полека да не биде GOTY за писи. Доста со тој фанбојизмот и разните платени сајтови да дадат 10ка за играта.

Stalker Clear Sky, според развивачите, A-Life е многу, многу подобрен (AI), графиката е подобрена, game mechanics на најдобро ниво.

Crysis Warhead, немам коментар, само знам оти нема да ја играм.

FO3, па сметајки дека Bethesda веке почнале со работа на FO4, не сум многу возбуден за играта (некако почна да ми опага мислењето за Bethesda, посебно заради нивната big support за игрите, т.е. објави ги и не се интересири веке за нив, погледни UOP за Oblivion, +1xxx багови поправа, нешто за што на Beth не им е гајле).

За другите на листата, незнам, времето ке покаже дали се добри.

Требало на листата да бидат и хорор шутерот од Valve, Left 4 Dead и World Of Warcraft Wrath Of The Lich King.

Left 4 Dead, најверојатно ке е излезе на 10 годишнината на Half Life, а WoW WotLK или на крајот на годината или во текот на јануари 2009.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
RA3, ама нема да биде тоа тоа. :( Имаш грешка во release date-от за таа игра. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom