^^
Ова од денеска е или од порано што беше напишано?? Дај кажи го изворот, ка што знам имаме шанси за Европа само да се сределе некои документи...
http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1551:-2011-&catid=55:--410-200&Itemid=97&lang=mk
Претпладнево во просториите на ФФМ се одржа пред конференција на финалистите на националниот фудбалки куп кој е закажан за во вторник во Прилеп со почеток во 16ч.
Претставниците и на Металург и на Тетекс изразија респект кон противникот и најавија неизвесно и квалитетно финале.
Тренерот на ФК Металург , Жикица Тасевски изрази желба , неговиот клуб да го освои првиот историски трофеј:
-Тетекс е квалитетен клуб, со искусни фудбалери како што е капитенот Захариевски кој има големо интернационално искуство, сепак сметам дека имаме одлична полусезона во која играме стабилно, квалитетно со форма во нагорна линија и затоа ја прифаќам улогата на фаворит. Досега имам финале со ФК Маџари како играч и со Работнички како помошник тренер, што значи посакувам трета среќа и победа на нашиот тим.
Игра на победа и голем мотив кај соиграчите најави и капитенот Мирослав Вајс кој шансата ја гледа во поквалитетните поединци и големиот професионализам кој владее на организациски план во клубот.
- И покрај проблемите што ги имаме во последно време , сепак сметам дека играчите се подготвени да го дадат максимумот, бидејќи вакви натпревари не се играат често. Наша желба и чест е да играме за нашите верни навивачи „војводи" и да го одбраниме трофејот истакна тренерот на ФК Тетекс, Тони Јакимовски.
Срѓан Захариевски , капитенот на Тетекс е еден од најискусните во обете екипи го игра 5. Финале и очекува „штофарите" да го дадат максимумот и да го освојат и вториот трофеј.
- Куп натпреварите се секогаш неизвесни и непредвидливи. Овојпат против себе го имаме Металург кој го сметам за олицетворение на клуб како што треба да биде организиран во Македонија и затоа сметам дека имаме тешка задача, но фокусирани сме на нашата игра, мотивирани сме и можеме да го изненадиме фаворитот- изјави капитенот на тетовскиот тим.
Натпреварот се игра на 24. Мај во Прилеп со почеток во 16ч. Според пропозициите во случај на нерешен резултат ќе се играат продолжетоци а потоа се изведуваат и пенали. Главен судија е Зоран Бошков. Натпреварот директно ќе го пренесува МТВ.