Mетал

Метал

  • Обожавам

    Гласови: 622 54,4%
  • Слушам чат-пат

    Гласови: 287 25,1%
  • Не ми прави толку мерак

    Гласови: 103 9,0%
  • Неможам органски да го поднесам

    Гласови: 132 11,5%

  • Вкупно гласачи
    1.144
U

UnholY

Гостин
Колку што си ти згрозен од непосетеноста толку и они, без разлика што се организатори. И нема ваљда да и лижат гз на публиката, пошто публиката 90% е гомно.

Немој само да ми кажеш дека и ти си приврзаник на пропагандата шо ја вршат таквите морони.

И откаде толку голема компетентност да коментирате дека публиката е гомно.
Зошто?
Поради, нередовната посетеност?
Никој не е обврзан да ги посетува концертите константно, и секој ќе прави онака како шо него му одговара.
Секој си има свој неординарен начин на живот, и живее со метал музиката и не му се потребни концертите.
Ќе посети концерт, кога ќе дојде бенд кој му е по вкус.

А, ако огранизаторите не го лижат газот, зошто тогаш посветуваат цели статии само за оние гомна, како шо ги нарекувате?

Креираат имагинарна, хиерархиска метал скала, и се замислуваат себеси на тронот, гледајќи ги останатите како закоравен слој, најниско од сите и поставувајќи критериуми според кој се одредува која индивидуа може да биде металец, а која не.
Кога веќе еднаш ќе сфатат со тоа егоцентричните мозоци, дека посетеноста на концертите ќе остане иста, ќе бидат слабо посетени, а они упорно со главата во ѕид, се трудат да носат големи бендови врз база на желбата на мнозинството тука.

Ако веќе имаат желба да посетуваат концерти на големи бендови, ете им ги соседниве земји.
Ќе го гледаат својот омилен бенд, чисто за свое задоволство, а од друга страна, воопшто нема да отидат во загуба.

А, ти Гижо, ако ставот на таквите го гледаш како праведен, придржувај се до него, немам намера да наметнувам спротивни ставови.
 

Fallen`Angel

Im Gotham's Reckoning
Член од
26 мај 2007
Мислења
5.658
Поени од реакции
75

30 секунди preview од секоја песна во Death Magnetic !
Звучи Добро !
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Избришав едно 10 мислења (оф топици де).

Прва опомена. Знаете што следи после.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
и за мене важи опомената, па што направив ако важи за мене?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Немој само да ми кажеш дека и ти си приврзаник на пропагандата шо ја вршат таквите морони.

И откаде толку голема компетентност да коментирате дека публиката е гомно.
Зошто?
Поради, нередовната посетеност?
Никој не е обврзан да ги посетува концертите константно, и секој ќе прави онака како шо него му одговара.
Секој си има свој неординарен начин на живот, и живее со метал музиката и не му се потребни концертите.
Ќе посети концерт, кога ќе дојде бенд кој му е по вкус.

А, ако огранизаторите не го лижат газот, зошто тогаш посветуваат цели статии само за оние гомна, како шо ги нарекувате?

Креираат имагинарна, хиерархиска метал скала, и се замислуваат себеси на тронот, гледајќи ги останатите како закоравен слој, најниско од сите и поставувајќи критериуми според кој се одредува која индивидуа може да биде металец, а која не.
Кога веќе еднаш ќе сфатат со тоа егоцентричните мозоци, дека посетеноста на концертите ќе остане иста, ќе бидат слабо посетени, а они упорно со главата во ѕид, се трудат да носат големи бендови врз база на желбата на мнозинството тука.

Ако веќе имаат желба да посетуваат концерти на големи бендови, ете им ги соседниве земји.
Ќе го гледаат својот омилен бенд, чисто за свое задоволство, а од друга страна, воопшто нема да отидат во загуба.

А, ти Гижо, ако ставот на таквите го гледаш како праведен, придржувај се до него, немам намера да наметнувам спротивни ставови.
У целата таа гомнарија од публика и ја сум гомното. Зашто знам дека 70до90% од металците ги слушаме некои бендови на мп3 ама истите коа ке дојдат у ск не им идеме.
Запамти дека и у соседниве држави посетеноста опадна, летово у србија еден фестивал беше откажан на кој што требаше да настапат cradle, judas, morbid angel, helloween и уште некои 30 бенда, само зашто 200 карти се продадоа. Целава балканска публика е гомно.
Да у скандинавија ептен тренд стана и сите идат на концерти, ама таму метал сцена постои од памтивек, овде е до толку андерграунд што и ја нема од што пропаднала длабоко во земјата.
90% од публиката е гомно пошто е уфурана. Тоа е тоа. Никој не иде со глава у зид, организаторите си праат свирки, си ги гледаат бендовите, ние чат пат им идеме, додуша од 50 души 40 исти луѓе се вртат.
И мене ме палат ставови како "ке идам на тоа што ми се слуша" (коа не ми го погодиле бендот), ама факт е дека металците у макдонија имаат турбо фолк култура/менталитет колку и да се металци, и цепидлачат ко да сме шведска и секој гигант од бенд може да се појави у кастро.
Малце металци ја увиделе убавината и возбудата коа идеш на бенд за кој и немаш чуено баш, а сепак ке си поминеш убаво. Тоа сум го искусил на повеќе метал свирки пошто и онака бендовите што идат тука се у главно помалце познати. (Ancient Rites ми е најубав таков пример, па in battle, па vital remains, и уште неколку такви).

Поентата е што има премногу паметњаковичи што незнаат да се забавуваат, или па незнаат што сакаат или уште полошото, премногу си сакаат.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.157
Поени од реакции
6.003
jebem ti metal jebem ti sve
ja sam ti bosanaaaaac
vuce me narodnooo!!!
:pos2: UDARA GITARU TAJ METALAC!!! (Песнава е пародија на Shampanjac)



Jedna do druge kuce su dvije
on voli metal, ja narodne
zapalit' cu mu kose dugacke

Tesko je meni, sigurno je
jebem mu metal, jebem mu sve
prebit' cu mu noge herave

Ref. 2x
Udara gitaru taj metalac
grmi fender, grmi Vox pojacalo
oprosti gostu, ja sam ti Bosanac
vuce me narodno
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
114
Поени од реакции
4
Сигурно можете да претпоставите во колку страшна загуба се организаторите со носењето на бендови од понизок ранг, а да не дискутираме колку ќе отидат во загуба и да ги донесат Morbid Angel.

Премала е посетеноста, а ангажираноста на организаторите, пред се на Бригада, е преголема.
И веќе треба да се сепнат, барем за момент, и да си ја активираат свеста во мозоците, па да сфатат дека самите се виновни за нивната загуба.

И покрај очигледноста, уште од поодамна, дека концертите на бендови од типот на Кrisiun, Vader, Suffocation, Ancient Rites, Marduk и ред други светски бендови, воопшто не беа посетени, не успеаа да се откажат од преголемата ангажираност.

А, после плукаат, и шират пропаганда против оние кои не ги посетуваат концертите, одејќи дури до таму шо ги нарекуваат и шупаци, глупаци и никаквеци кои подобро да не слушаат метал.
Колку инфантилен концепт на размислување, за жал прифатен од мнозинството, газолижачи на организаторите, кои ќе направат се за да ја добијат нивната почит, која мене искрено не ми треба.
Организаторите и да плукаат има по кого да плукаат, не викам дека тоа е добар концепт, али ете си имаат основа за тоа..

Да одам со еден најпрост пример: Поголемиот дел се жалат како во Македонија немало свирки, не иделе познати бендови, нема сцена, нема динамичност... Незнам колку се запознаени, али последниве две години гостуваа доста метал бендови и тоа донесени од вистински фанови на метал музиката, значи немаше тука Литиумци, Корпус Деликти или шо ти ја знам преваранти...Еве порано ви сметаа овие организации, сеа гледам и Бригада на некому му смета. Обично ретко кој од Бригада плука кон оние кои не дошле на концертот, више навикнаа и немаат гајле да се секираат и после да плукаат кој дошол, кој не дошол.. Тоа обично го прават оние кои не се во Бригада, а сакаат да привлечат внимание како демек види ме ја на сите свирки идам...јак сум, ваков сум:)

Поголемо е лигавењто на публиката која секогаш кука како ништо не се случува на сценава, како не иделе бендови, или уште поинтересни ми се случааите кога пред некоја свирка сите по форуми се лупаат во гради, леле лудило, обавезно идеме, и после.....? Нормално, ги нема никаде..., али порано без нив бе, ја и не се замарам кој иде на свиркиве кој не иде, ја си идам да видам бенд кој сум сакал да го гледам во живо, а не да гледам кој бил/не-бил.

Бригада со странските бендови секогаш идеше во мину, добро на 2-3 пати беше онака на нула, али во другите случаи скоро секогаш беше во минус, али па продолжуваат натака макар и никој да не им дојде на свирка, само они да си бидат...супер став зар не?:).

Бригада даде шанса и на многу млади македонски метал бендови да се промовираат, ги третираше бендовите она како што заслужуваат без притоа да ги обврзува за нешо како што е случај по фестиваливе со натпреварувачки карактер, добро знаете кои:).

И така, сите си имаме свои ставови и размислување, некој си мисли дека оној е тој што е во право, некој друг поинаку, али секогаш ќе биде така...Поздрав
 
U

UnholY

Гостин
У целата таа гомнарија од публика и ја сум гомното. Зашто знам дека 70до90% од металците ги слушаме некои бендови на мп3 ама истите коа ке дојдат у ск не им идеме.
Запамти дека и у соседниве држави посетеноста опадна, летово у србија еден фестивал беше откажан на кој што требаше да настапат cradle, judas, morbid angel, helloween и уште некои 30 бенда, само зашто 200 карти се продадоа. Целава балканска публика е гомно.
Да у скандинавија ептен тренд стана и сите идат на концерти, ама таму метал сцена постои од памтивек, овде е до толку андерграунд што и ја нема од што пропаднала длабоко во земјата.
90% од публиката е гомно пошто е уфурана. Тоа е тоа. Никој не иде со глава у зид, организаторите си праат свирки, си ги гледаат бендовите, ние чат пат им идеме, додуша од 50 души 40 исти луѓе се вртат.
И мене ме палат ставови како "ке идам на тоа што ми се слуша" (коа не ми го погодиле бендот), ама факт е дека металците у макдонија имаат турбо фолк култура/менталитет колку и да се металци, и цепидлачат ко да сме шведска и секој гигант од бенд може да се појави у кастро.
Малце металци ја увиделе убавината и возбудата коа идеш на бенд за кој и немаш чуено баш, а сепак ке си поминеш убаво. Тоа сум го искусил на повеќе метал свирки пошто и онака бендовите што идат тука се у главно помалце познати. (Ancient Rites ми е најубав таков пример, па in battle, па vital remains, и уште неколку такви).

Поентата е што има премногу паметњаковичи што незнаат да се забавуваат, или па незнаат што сакаат или уште полошото, премногу си сакаат.


Која е поентата од тоа да се сметаш себеси за фрагмент од таа целина на гомна?
Ти си оноа шо си, го доживуваш металот на сопствен начин, постојано е со тебе, нема потреба да се вметнуваш себеси во купот на прости генерализации од страна на некои исфрустрирани, самопрогласени лидери на метал сцената овде.
Бендот шо го слушаш, го слушаш на мп3, или дома не е важно, ама нивното доаѓање тука не е наменето само за тебе, или за неколкумина.
Тоа шо ти нема да ги посетиш не менува ништо.
Е, сега, тука се појавува проблемот шо таквиот став преовладува кај мнозинството, па се создава еден колективен менталитет, кој веќе континуитивно ги води организаторите до загуба.


Тоа шо посетеноста опадна во соседниве држави во последниов период, ми е повеќе од јасно, а сте размислиле зошто е тоа така?
Кога веќе падна дискусија за Србија.
Металците во Србија, колку шо успеаа да видат изминативе години, ние не можеме ни да сонуваме.

На компјутеров не сум изгледал толку концерти на големи бендови, колку шо они имаа прилика да ги гледаат во живо, да контактираат со нив, да разменат ставови, автограми, фотографии и сл.
Србија, изминативе неколку години беше метал рај, нешто шо тука никогаш ќе го нема.


Гижо, уфурани има насекаде.
И тука на Балканот, и во Флорида и во Скандинавија и во Малезија.

Организаторите, одат во во ѕид, баш напротив.
Тоа шо они си ги гледаат бендовите и земаат автограми, нема да го компромитира фактот, дека одат во енормна загуба, а притоа постојано плукајќи и напаѓајки го таканеречениот метал отпадок.
Ако сакаш доказ, при наредната посета тука, ќе ти донесам еден метал фанзин да прочиташ одредени работи, а патем и ќе продискутираме малку.



Организаторите и да плукаат има по кого да плукаат, не викам дека тоа е добар концепт, али ете си имаат основа за тоа..

Да одам со еден најпрост пример: Поголемиот дел се жалат како во Македонија немало свирки, не иделе познати бендови, нема сцена, нема динамичност... Незнам колку се запознаени, али последниве две години гостуваа доста метал бендови и тоа донесени од вистински фанови на метал музиката, значи немаше тука Литиумци, Корпус Деликти или шо ти ја знам преваранти...Еве порано ви сметаа овие организации, сеа гледам и Бригада на некому му смета. Обично ретко кој од Бригада плука кон оние кои не дошле на концертот, више навикнаа и немаат гајле да се секираат и после да плукаат кој дошол, кој не дошол.. Тоа обично го прават оние кои не се во Бригада, а сакаат да привлечат внимание како демек види ме ја на сите свирки идам...јак сум, ваков сум:)

Поголемо е лигавењто на публиката која секогаш кука како ништо не се случува на сценава, како не иделе бендови, или уште поинтересни ми се случааите кога пред некоја свирка сите по форуми се лупаат во гради, леле лудило, обавезно идеме, и после.....? Нормално, ги нема никаде..., али порано без нив бе, ја и не се замарам кој иде на свиркиве кој не иде, ја си идам да видам бенд кој сум сакал да го гледам во живо, а не да гледам кој бил/не-бил.

Бригада со странските бендови секогаш идеше во мину, добро на 2-3 пати беше онака на нула, али во другите случаи скоро секогаш беше во минус, али па продолжуваат натака макар и никој да не им дојде на свирка, само они да си бидат...супер став зар не?:).

Бригада даде шанса и на многу млади македонски метал бендови да се промовираат, ги третираше бендовите она како што заслужуваат без притоа да ги обврзува за нешо како што е случај по фестиваливе со натпреварувачки карактер, добро знаете кои:).

И така, сите си имаме свои ставови и размислување, некој си мисли дека оној е тој што е во право, некој друг поинаку, али секогаш ќе биде така...Поздрав


Најпрво.
Солуција постои, за тоа да нема по кого да плукаат.
Едноставно, кога е веќе евидентирано и очигледно, нека организираат доаѓање на големи бендови на подолг период.
Или, нека одат во соседните земји да си ги гледаат бендовите, а така многу јасно дека воопшто нема да бидат во загуба.


Meshuggah, другар, те разбирам.
Литиум, Корпус Деликти и сличните квази организатори се стремат само кон една цел, нормално, профитабилност.

Кога сме кај Бригада, не сум против Метал Бригадата како организација, туку на дел од нејзините членови, а од кои причини мислам дека доволно ти е јасно, да не пишувам астрономски цитати сега, пошто ме мрзи.

За таквите горенаведени идиоти, на сите ни е добропознато се околу нив, тема на која се дискутирало многу пати.
Така да, веќе стварно ми е банално.
Тенденцијата да се постане авториративен во очите на другите, со лупање во гради, сметање себеси за најголем металец, и негодување зошто не идат бендови, не резултира со ништо, освен со етикетирајќи ги таквите како причина за пречки во прогресот на сцената.

Токму она шо горе го наведе, се обидов да му го појаснам на Гижо.
Упорноста за носење на бендови и понатаму и покрај страшната загуба во која навлегуваат, поради која метафорички кажано, без покрив над глава ќе останат, е оноа одење со главата во ѕид.

А, за тоа дека даде шанса на наши бендови, даде, и тоа стварно добра шанса, само бендовите не возвратија соодветно, на она шо беше направено за нив.
Па, нормално дека ќе појават и проблеми.


Поздрав.
 
Член од
13 мај 2008
Мислења
114
Поени од реакции
4
Добро, до некаде успеавме да се разбереме и супер тоа.

А каква врска има метал фанзинот ( знам на кој мислиш ), со организацијата на Бригада?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom